Гама Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гама Лебед
Cygnus constellation map mk.svg
Red circle.svg
Местоположба на Гама Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 22м &1000000000137018400000013,70184с[1]
Деклинација +40° 15′ &1000000000024045000000024,0450″[1]
Прив. величина (V) 2,23[2]
Особености
Спектрален тип F8 Iab[3]
U−B Боен показател +0,54[2]
B−V Боен показател +0,67[2]
Променлив тип претпоставено[4]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-7,5[5] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +2,39[1] млс/г
Дек.: -0,91[1] млс/г
Паралакса (π)1.78 ± 0.27[1] млс
Оддалеченостприб. 1.800 сг
(приб. 560 пс)
Апсолутна величина (MV)−4,54[6]
Податоци
Маса12,11±0,71[7] M
Полупречник150±80[3] R
Површ. грав. (log g)1.02±0.10[8]
Сјајност (болометричка)33.023[7] L
Температура5,790±100[8] K
Вртежна брзина (v sin i)15[9] км/с
Други ознаки
Sadr, Sadir, Sador, 37 Cyg, HR 7796, BD+39°4159, HD 194093, SAO 49528, FK5 765, HIP 100453, WDS J20222+4015A.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Гама Лебед (γ Лебед, γ Cygni, γ Cyg), офиц. Садр[10][11]ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, сместена во пресекот на петѕвездениот астеризам Северен Крст. Според податоците за паралаксата добиени во мисијата „Хипаркос“, оддалечена е околу 1.800 светлосни години (560 парсеци) од Сонцето.[1]

Ја сочинува главната составница „A“ од повеќеѕвезден систем со ознаката WDS J20222+4015 (споредната составница „BC“ е CCDM J20222+4015BC, блиска двојка ѕвезди на 40" од γ Лебед[12]).

Именување[уреди | уреди извор]

Гама Лебед (γ Cygni, Gamma Cygni) е назив на ѕвездата според Бајеровото означување. Во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди се води како WDS J20222+4015A.

Го носи традиционалното име Садр (или Садир, од арапскиот поим صدر ṣadr „гради“). Во 2016 г. Меѓународниот астрономски сојуз приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[13] со цел да се каталогизираат и стандардизираат личните имиња на ѕвездите. На собирот е решено да се даваат имиња само на поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[14] Одобрено е името Садр за оваа ѕвезда (WDS J20222+4015A) и денес важи за официјално.[11]

Во својот ѕвезден каталог, средновековниот египетски астроном Мухамед ел-Ехсаси ел-Муакет оваа ѕвезда ја бележи како Сард ел-деџаџет, (صدر الدجاجة / ṣadr al-dajājati), подоцна преведено на латински како Pectus Gallinǣ, со значење Кокошкини Гради.[15]

На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи „Небесен Брод“ и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ну Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед, Зета Лебед и Епсилон Лебед.[16] Оттука, кинеското име на самата Гама Лебед е 天津一 (Тјен ѓин ји = „Прва ѕвезда од Небесниот Брод“).[17]

Особини[уреди | уреди извор]

Гама Лебед (во средината) и нејзината околина. Слика на Џеф Џонсон.

Со привидна величина од 2,23,[2] Гама Лебед е меѓу посјајните ѕвезду на небото. Носи класификација F8 Iab, што значи дека достигнала развоен степен на суперџин. Од 1943 г. спектарот на оваа ѕезда се користи како устојчиво поаѓалиште според кое се класификуваат другите ѕвезди.[18]

Во споредба со Сонцето, ова е огромна ѕвезда. Има 12 Сончеви маси и околу 150 поголем полупречник.[7] Оддава над 33.000 пати повеќе енергија од Сонцето, при делотворна температура од 6.100 K на надворешната обвивка.[7] Оваа температура ѝ дава жолтеникаво-бела боја, својствена за ѕвезди од типот F. Олку големите ѕвезди го трошат нивното гориво доста побрзо од Сонцето, и затоа се проценува дека Гама Лебед е стара само 12 милиони години[8]

Спектарот не ѕвездата има необични динамички особини како колебања во радијалната брзина до 2 км/с во временски рамки од 100 дена или повеќе. Така, на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм, Гама Лебед е сместена близу до појасот на нестабилност и има спектар кој е изразено сличен на кефеида.[3] Ѕвездата е опкружена од расеана маглина наречена IC 1318 или подрачје Садр.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007). "Validation of the new Hipparcos reduction". Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Johnson, H. L.; и др. (1966), "UBVRIJKL photometry of the bright stars", Communications of the Lunar and Planetary Laboratory, 4 (99): 99, Bibcode:1966CoLPL...4...99J
  3. 3,0 3,1 3,2 Gray, David F. (November 2010), "Photospheric Variations of the Supergiant γ Cyg", The Astronomical Journal, 140 (5): 1329–1336, Bibcode:2010AJ....140.1329G, doi:10.1088/0004-6256/140/5/1329
  4. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). "VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)". VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
  5. Evans, D. S. (June 20–24, 1966), Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.), "The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities", Determination of Radial Velocities and their Applications, University of Toronto: International Astronomical Union, 30: 57, Bibcode:1967IAUS...30...57E
  6. Kovtyukh, V. V.; Gorlova, N. I.; Belik, S. I. (2012). "Accurate luminosities from the oxygen λ7771-4 Å triplet and the fundamental parameters of F-G supergiants". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 423 (4): 3268–3273. arXiv:1204.4115. Bibcode:2012MNRAS.423.3268K. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.21117.x. ISSN 0035-8711.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Hohle, M. M.; Neuhäuser, R.; Schutz, B. F. (April 2010), "Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants", Astronomische Nachrichten, 331 (4): 349, arXiv:1003.2335, Bibcode:2010AN....331..349H, doi:10.1002/asna.200911355
  8. 8,0 8,1 8,2 Lyubimkov, Leonid S.; и др. (February 2010), "Accurate fundamental parameters for A-, F- and G-type Supergiants in the solar neighbourhood", Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 402 (2): 1369–1379, arXiv:0911.1335, Bibcode:2010MNRAS.402.1369L, doi:10.1111/j.1365-2966.2009.15979.x
  9. Bernacca, P. L.; Perinotto, M. (1970). "A catalogue of stellar rotational velocities". Contributi Osservatorio Astronomico di Padova in Asiago. 239 (1). Bibcode:1970CoAsi.239....1B.
  10. Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (изд. 2nd rev..). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
  11. 11,0 11,1 "Naming Stars". IAU.org. Посетено на 1 March 2018.
  12. "CCDM J20222+4015BC -- Double or multiple star", SIMBAD, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2018-03-01
  13. IAU Working Group on Star Names (WGSN), International Astronomical Union, Посетено на 22 May 2016.
  14. "WG Triennial Report (2015-2018) - Star Names" (PDF). стр. 5. Посетено на 2018-07-14.
  15. Knobel, E. B. (June 1895), "Al Achsasi Al Mouakket, on a catalogue of stars in the Calendarium of Mohammad Al Achsasi Al Mouakket", Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 55 (8): 429, Bibcode:1895MNRAS..55..429K, doi:10.1093/mnras/55.8.429
  16. 中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.
  17. 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 Archived август 18, 2010 at the Wayback Machine, Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
  18. Garrison, R. F. (December 1993), "Anchor Points for the MK System of Spectral Classification", Bulletin of the American Astronomical Society, 25: 1319, Bibcode:1993AAS...183.1710G, Посетено на 2012-02-04

Надворешни врски[уреди | уреди извор]