Ѕвезден каталог на Смитсоновата астрофизичка опсерваторија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѕвезден каталог на Смитсоновата астрофизичка опсерваторија
Други називиSAO-каталог
Вид пописЅвезден каталог Уреди на Википодатоците
Наречен поСмитсонова астрофизичка опсерваторија Уреди на Википодатоците
Објавен1966 Уреди на Википодатоците

Ѕвезден каталог на Смитсоновата астрофизичка опсерваторија (англиски: Smithsonian Astrophysical Observatory Star Catalog) или SAO-каталогастрометриски ѕвезден каталог. Објавен е во 1966 г. од Смитсоновата астрофизичка опсерваторија во Кембриџ, Масачусетс, и опфаќа 258.997 ѕвезди.[1][2][3][4] Составен е од претходни астрометриски каталози и содржи само ѕвезди до величина 9 со познато точно сопствено движење. Ставките во каталогот почнуваат со кратенката SAO, проследени од број. Броевите се водат според 18 десетстепени појаси на деклинација, а ѕвездите се подредени според нивната ректасцензија во рамките на секој појас.

Примери за ставки во SAO[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Star Catalog: Positions and Proper Motions of 258,997 Stars for the Epoch and Equinox of 1950.0, Smithsonian Astrophysical Observatory Staff, Publications of the Smithsonian Institution of Washington, D.C., no. 4652, 4 vols., 1966 (преп. 1971.)
  2. Webpage on the SAO star catalog, B1950
  3. Catalog translated to J2000
  4. Интерактивно пребарување на каталогот (англиски)
  5. Millis, R. L.; Wasserman, L. H.; Birch, P. V. (1977). „Detection of rings around Uranus“. Nature. 267: 330–331. Bibcode:1977Natur.267..330M. doi:10.1038/267330a0.