Кеплер-5

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-5
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 57м &1000000000037688500000037,6885с[1]
Деклинација +44° 2′ &1000000000000619000000006,190″[1]
Прив. величина (V) 13,9
Особености
Привидна ѕвездена величина (J) 12.115±0.029[2]
Привидна величина (H) 11.863±0.032[2]
Привидна величина (K) 11.769±0.025[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −0.202±0.036[1] млс/г
Дек.: −3.238±0.031[1] млс/г
Паралакса (π)1.0829 ± 0.0202[1] млс
Оддалеченост2934.7±54.7[3] сг
(900±17[3] пс)
Податоци
Маса1,347 M
Полупречник1,793 R
Сјајност0,669 L
Температура6.297 K
Други ознаки
KIC 8191672, KOI-18
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-5ѕвезда сместена во соѕвездието Лебед во полето на набљудување на Кеплер, и проект на НАСА насочен за пронаоѓање на планети во премин, или планети кои минуваат пред, сопствените ѕвезди гледани од Земјата. Една блискуорбитна планета, од Јупитеров тип, именувана како Кеплер-5b, е забележана околу Крплер-5. Планетата околу Кеплер-5's е една од првите пет планети откриена од вселенското летало Кеплер, нејзиното откривање било објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво откако била потврдена од бројни опсерватории ширум светот. Кеплер-5 е поголема и помасивна од Сонцето, но има слична металичност, голем фактор при создавањето на планетите.

Номенклатура и историја[уреди | уреди извор]

Направени се три откритија пред мисијата Кеплер, кои биле во видното поле на самата мсијаи, и им биле доделени ознаките Кеплер 1, Кеплер 2 и Кеплер 3. Кеплер-5 е всушност втора забележана ѕвезда со планети во текот на мисијата Кеплер, мисија на НАСА која е со цел да се откријат земјовидни планети кои минуваат, пред, нивната ѕвезда во однос на Земјата.[4] Планетата околу ѕвездата, Кеплер-5b, била втората од петте планети, чие откритие било јавно објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво во Вашингтон, заедно со планетите околу Кеплер-4, Кеплер-6, Кеплер-7 и Кеплер-8.[5]

Првичното откивање на Кеплер-5b од страна на мисијата Кеплер било преразгледано од страна на научниците при Кековата опсерваторија во Мауна Кеа, Хаваи; и Мекдоналдовата опсерваторија во западен Тексас, Паломарската опсерваторија и Ликовата опсерваторија во Калифорнија; MMT, WIYN и Випловата опсерваторија во Аризона и Рок де лос Мучачос на Канарските Острови.[6][7]

Особености[уреди | уреди извор]

Кеплер-5 е ѕвезда налик на Сонцето со маса од 1,374 (± 0,056) Msun и полупречник од 1,793 (± 0,053) Rsun, или е 137% од масата на Сонцето и 179% од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата има металичност на [Fe/H] 0,04 (± 0,06), што ја прави по металичноста да биде налик на Сонцето,[8] со што се зголемува можноста ѕвездата да поседува планети во орбита околу самата ѕвезда.[9] Кеплер-5 има ефективна температура од 6.297 (± 60) K, што е поголема температура од онаа на Сонцето од 5.778 K.[10] Кеплер-5 има светлосна величина од 13,4, и не може да се види со голо око.[11]

Придружни ѕвезди[уреди | уреди извор]

Неодамнешен каталог на ѕвезди придружници на Кеплерови ѕвезди определени преку високоразделна фотографија покажале два придружници на Кеплер-5 на растојание од 0,9 и 3,5 лачни секунди.[12] Дали овие ѕвезди се физички сврзани со Кеплер-5 или се случајни подредувања е непознато но неодамнешните изучувања укажуваат дека 60 до 80% од придружниците во 1 лачна секунда на Кеплеровите ѕвезди се вистински двојни ѕвезди.[13]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Слика на која се прикажани релативните големини на првите пет планети откриени од страна на Кеплер. Кеплер-5b е втората по големина, и е означена со сино.

Кеплер-5b е со маса од 2,111 MJ и полупречик од 1,426 RJ. Следствено е со маса двапати од масата на Јупитер, и нешто помалку од три половини од Јупитеровиот полупречник. Кеплер-5b завршува една орбита на секои 3,5485 денови, наоѓајќи се приближно на 0,0538 AU од Кеплер-5. Ова значи дека станува збор за жежок Јупитер, или пак гасовит џин во блиска орбита околу ѕвездата.[14] За споредба, Меркур орбитира околу Сонцето на растојание од 0,3871 AU на секои 87,97 денови.[15] За планетарното занесување се претпотавува дека е 0, што значи дека станува збор за кружна орбита.[11]

Планетарен систем Кеплер-5[14][16]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b 2.111±0.067 MJ 0.0538±0.0015 3.548465446 ± 1.83×10−07 0 89.14±0.44° 1.426±0.036 RJ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (August 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 catalog entry
  2. 2,0 2,1 2,2 Skrutskie, M. F.; и др. (2006). „The Two Micron All Sky Survey (2MASS)“. The Astronomical Journal. 131 (2): 1163–1183. Bibcode:2006AJ....131.1163S. doi:10.1086/498708.Vizier catalog entry
  3. 3,0 3,1 Bailer-Jones, C. A. L.; и др. (2018). „Estimating distances from parallaxes IV: Distances to 1.33 billion stars in Gaia Data Release 2“. Aj. 158 (2): 58. arXiv:1804.10121. doi:10.3847/1538-3881/aacb21. For the vast majority of stars in the second Gaia data release, reliable distances cannot be obtained by inverting the parallax. Note: see VizieR catalogue [1]
  4. „Kepler: About the Mission“. Kepler Mission. NASA. 2011. Посетено на 26 February 2011.
  5. Rich Talcott (5 January 2010). „215th AAS meeting update: Kepler discoveries the talk of the town“. Astronomy.com. Astronomy (magazine) magazine. Посетено на 26 February 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. „NASA's Kepler Space Telescope Discovers its FIrst Five Exoplanets“. NASA. 4 January 2010. Посетено на 26 February 2011.
  7. Koch, David G.; и др. (2010). „Discovery of the Transiting Planet Kepler-5b“. The Astrophysical Journal. 713 (2): L131–L135. arXiv:1001.0913. Bibcode:2010ApJ...713L.131K. doi:10.1088/2041-8205/713/2/L131.
  8. „Notes for star Kepler-5“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2010. Архивирано од изворникот на 21 January 2011. Посетено на 26 February 2011.
  9. Henry Bortman (12 October 2004). „Extrasolar Planets: A Matter of Metallicity“. Space Daily. Посетено на 26 February 2011.
  10. David Williams (1 September 2004). „Sun Fact Sheet“. Goddard Space Flight Center. NASA. Посетено на 26 February 2011.
  11. 11,0 11,1 „Summary Table of Kepler Discoveries“. NASA. 2010-08-27. Посетено на 2010-10-16.
  12. Furlan, E.; и др. (2017). „The Kepler follow-Up Observation Program. I. A Catalog of Companions To Kepler stars from High-Resolution Imaging“. The Astronomical Journal. 153 (2). 71. arXiv:1612.02392. Bibcode:2017AJ....153...71F. doi:10.3847/1538-3881/153/2/71.
  13. Hirsch, Lea A.; и др. (2017). „Assessing the Effect of Stellar Companions from High-resolution Imaging of Kepler Objects of Interest“. The Astronomical Journal. 153 (3). 117. arXiv:1701.06577. Bibcode:2017AJ....153..117H. doi:10.3847/1538-3881/153/3/117.
  14. 14,0 14,1 Esteves, Lisa J.; Mooij, Ernst J. W. De; Jayawardhana, Ray (2015). „Changing Phases of Alien Worlds: Probing Atmospheres Of Kepler planets with High-Precision Photometry“. The Astrophysical Journal. 804 (2). 150. arXiv:1407.2245. Bibcode:2015ApJ...804..150E. doi:10.1088/0004-637X/804/2/150.
  15. David Williams (17 November 2010). „Mercury Fact Sheet“. Goddard Space Flight Center. NASA. Посетено на 26 February 2011.
  16. „Kepler candidate overview page“. NASA Exoplanet Archive. NASA. Посетено на 2017-12-10.

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001900000019ч &1000000000000005700000057м &1000000000000037700000037,7с, +&1000000000000004400000044° &100000000000000020000002′ &100000000000000620000006,2″