Лебед A

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лебед A
3c405.jpg
Податоци од набљудување (J2000 ера)
СоѕвездиеЛебед
Ректасцензија19ч 59м &1000000000028356600000028,3566с[1]
Деклинација+40° 44′ &1000000000000209600000002,096″[1][2]
Црвено поместување0,056075 ± 0,000067[1][2]
Растојание232[3] Mpc
Привидна величина (V)16,22[1][2]
Карактеристики
ТипE[1][2]
Привидна големина (V)0,549' × 0,457'[1][2]
Други ознаки
4C 40.40, 2E 4309, CYG A, W 57, BWE 1957+4035, NRAO 620, 1C 19.01, QSO B1957+405, 3C 405, 1RXS J195928.7+404405, 3C 405.0, 2U 1957+40, 3CR 405, LEDA 63932, 4U 1957+40, VV2000c J195928.3+404402, DA 500, MCG+07-41-003, DB 117, Mills 19+4, VV 72,[1] PGC 63932.
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии

Лебед Aрадиогалаксија, и еден од најснажните радиоизвори на небото. Забележана е од страна на Гроте Ребер во 1939 година. Во 1951 година, Лебед A, заедно со Касиопеја A, и Крма A беа првите „радиоѕвезди“ препознаени од оптички извори. Од овие три, Лебед A станала првата радиогалаксија, додека пак останатите две се маглини во Млечниот Пат.[4] Во 1953 година Роџер Клифтон Џенисон и Мринал Кумар Дас Гупта утврдиле дека станува збор за двоен извор.[5] Како сите радиогалаксии, таа има активно галактичко јадро. Супермасивната црна дупка во јадрото има маса од (2,5±0,7)M[3]

Сликите во галаксијата во радио на електромагнетниот спектар покажуваат два млаза кои произлегуваат во спотивни насоки од галактичкиот центар. Овие малзови се протегаат многукратно од должината на матичната галаксија која пак оддава зрачење во видливите бранови должини.[6] На краевите од двата млаза има два полукруга со „жаришта“ со поизразено зрачење отколку на нивните рабови. Овие жаришта се создадени кога материјалот од млазовите се судираат со околната меѓугалактичката средина.[7]

Во 2016 година, беше забележан минлив радиосигнал на растојание од 460 парсеци од центарот на Лебед A. Меѓу 1989 и 2016 година, тело, што се совпаѓало со претходно познат инфрацрвен извор, имал за осумпати зголемување на густината на флуксот, со споредлива сјајност со најсјајната позната супернова. Поради недостаток на мерења во овој период, чекорот на засјајување останува непознат, но телото продолжило да има релативно постојана густина на флуксот од периодот на неговото забележување. Податоците се совпаѓаат со втора супермасивна црна дупка во орбита на другата, при што истата има добиено големо забрзување. Временскиот период е со иста големина како и активноста на примарниот извор, што укажува на фактот дека втората е во пертурбации со првата со што се предизвликуваат изливите на материја.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Results for Cygnus A“. NASA/IPAC Extragalactic Database. конс. 2008-10-01. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „NAME Cygnus A“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур.  (англиски)
  3. 3,0 3,1 Graham, Alister W. (November 2008), „Populating the Galaxy Velocity Dispersion - Supermassive Black Hole Mass Diagram: A Catalogue of (Mbh, σ) Values“, Publications of the Astronomical Society of Australia 25 (4): 167–175, Bibcode:2008PASA...25..167G, arXiv:0807.2549, doi:10.1071/AS08013. 
  4. Astrophysical Journal, "Identification of the Radio Sources in Cassiopeia (A), Cygnus A, and Puppis A", Baade, W.; Minkowski, R., vol. 119, p.206, January 1954, doi:10.1086/145812 , Bibcode1954ApJ...119..206B
  5. Jennison, R.C.; Das Gupta, M.K. (1953). „Fine Structure of the extra-terrestrial radio source Cygnus 1“. Nature, Vol. 172. стр. 996. 
  6. Strange, D. „The Radio Galaxy Cygnus "A". Архивирано од изворникот на July 25, 2008. конс. 2008-09-22. 
  7. Nemiroff, Robert; Bonnell, Jerry (2002-10-05). „X-Ray Cygnus A“. Astronomy Picture of the Day. конс. 2008-09-22. 
  8. Perley, D. A.; Perley, R. A.; Dhawan, V.; Carilli, C. L.. Discovery of a Luminous Radio Transient 460 pc from the Central Supermassive Black Hole in Cygnus A. „The Astrophysical Journal“ том  841 (2): 117. doi:10.3847/1538-4357/aa725b. ISSN 1538-4357. Bibcode2017ApJ...841..117P. 

A second massive black hole has been discovered in galaxy Cygnus A (Astronomy magazine, September 2017).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]