Кеплер-1520

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-1520
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 23м &1000000000051889900000051,8899с[1]
Деклинација +51° 30′ &1000000000000169800000016,98″[1]
Привидна величина (V)16.7[2]
Особености
Спектрален типK4V[3]
Привидна величина (V)16,7[2]
Привидна величина (J)14.021±0.035[4]
Привидна величина (H)13.433±0.035[4]
Привидна величина (K)13.319±0.035[4]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: 0.321±0.065[1] mas/yr
Dec.: 11.146±0.055[1] mas/yr
Паралакса (π)1.6167 ± 0.0302[1] mas
Растојание2020 ± 40 ly
(620 ± 10 pc)
Апсолутна величина (MV)7,6[2]
Податоци
Маса0,76 ± 0,03[5] M
Полупречник0,71 ± 0,026[5] R
Површ. грав. (log g)4.610+0.018
−0.031
[5]
Сјајност0.14[2] L
Температура4677+82
−71
[5] K
Вртење22.91±0.24 d[6]
Старост4,47[5] Гг.
Други ознаки
KOI-3794, 2MASS J19235189+5130170[7]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-1520 (KIC 12557548) — портокалово џуџе во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е особено важна, според податоците добиени од вселенското летало Кеплер укажуваат дека промената на ѕвездената светлосна крива опфаќа распон од блокирање на светлината од 0,2% до 1,3%.[2] Ова пак може да е планета во распад, предвидување кое не е потврдено, во орбита околу ѕвездата, губејќи маса од 1 Земјена маса на секои милијарда години.[2] Самата планета е со маса од 0,1 Земјини маси,[8] или двојно поголема маса од Меркур, aи се очекува да се распадбе во текот на 100[8]-200 милиони години.[2] Планетата е во орбита на ѕвездата на секои 15,7 часа,[2] на растојание од неколку ѕвездени пречници од површината на ѕвездата,[9] и има проценета ефективна температура од околу 2.255 K.[8] Орбиталниот период на планетата е ден од најкусите кои се забележани во историјата на вонсончевата планетарна потрага.[10] Во 2016 година, планетата беше потврдена од податоците добиени од мисијата Kepler.

Номенклатура и историја[уреди | уреди извор]

Пред наблудувањето од вселенското летало Кеплер, Кеплер-1520 имала 2MASS каталошка ознака 2MASS J19235189+5130170. Во днесниот каталог на Кеплер имала ознака KIC 12557548, а кога ќе се забележело дека има планетарни кандидати ја добива ознаката занимливо Кеплерово тело со број KOI-3794.

Планетата околу придружникот била забележана од страна на вселенското летало Кеплер дел од мисиите на НАСА чија цел била да најде планети во премин околу нивните ѕвезди. Методот кој го користи мисијата ги забележува падовите на сјајноста во светлосната крива. овие падови на сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити се пред нивните матични ѕвезди гледано од Земјата. Името Кеплер-1520 потекнува од фактот што ѕвездата е каталогизирана како 1.520-тата ѕвезда забележана од страна на Кеплер која во орбитата има потврдени планети.

Ознаката b, потекнува од редоследот на откривање. Ознаката b ја добива првата планета во орбита околу ѕвездата, по што следат другите мали букви од латинската азбука.[11] Во случајот на Кеплер-1520, постои само една забележана планета, па се користи само буквата b.

Ѕвездени карактеристики[уреди | уреди извор]

кеплер-1520 е ѕвезда од спектрален тип K со приближно 76% од масата и 71% од полупречникот на Сонцето. Има површинска температура од 4.677 K и е со старост од 4,47 милијарди години.[5] За споредба, сонцето е со старост од 4,6 милијарди години[12] и има површинска температура од 5.778 K.[13]

Со привидна величина од 15, ѕвездата не може да се забележи со човековото око.

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Планетарниот систем на Кеплер-1520 се сотои од една вонсончева планета, именувана како Кеплер-1520 b. Оваа планета можно е да поседува опашка од прашина и гас на сличен начин како и кометите[9] но, за разлика од опашката на кометата, содржи молекули на пироксен и алуминиум (III) оксид. Според чекорот со кој се оддаваат честичките во опашката, масата на планетата е ограничена на помалку од 0,02 Земјини маси — планета со поголема маса од оваа ќе поседува преголема гравитација за да се оддржува стапката на загуба на масата.[14][2]

Планетарен систем Кеплер-1520[2][14] [15]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b <0,02 M 0,013 0.6535538±0.0000001 ~0 <1 (за албедо од 0,5) R

симулациите покажуваат дека густината на прашината опаѓа брзи си зголемувањето на растојанието од планетата.[2] Пресметките направени од Рапорт и др. покажуваат дека опашката од прашина, покрај директното впивање на светлината, може да расее дел од светлината која пристигнува до нејзе, допринесувајќи за малиот привиден раст на ѕвездениот флукс пред планетата и нејзината опашка да минат пред ѕвездата, и мало привидно намалување на ѕвездениот флукс кога планетата ја напушта рамнината на ѕвездениот диск.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Rappaport, S.; Levine, A.; Chiang, E.; El Mellah, I.; Jenkins, J.; Kalomeni, B.; Kite, E. S.; Kotson, M.; и др.. Possible Disintegrating Short-Period Super-Mercury Orbiting KIC 12557548. „The Astrophysical Journal“ том  752 (1): 1. doi:10.1088/0004-637X/752/1/1. Bibcode2012ApJ...752....1R. 
  3. „KIC 12557548 b“. конс. 2 August 2016.  Note: The EPE has not fully updated this data to be renamed Kepler-1520, but the spectral type is listed, hence this is the reference for it.
  4. 4,0 4,1 4,2 Skrutskie, M. F.; Cutri, R. M.; Stiening, R.; Weinberg, M. D.; Schneider, S.; Carpenter, J. M.; Beichman, C.; Capps, R.; и др.. The Two Micron All Sky Survey (2MASS). „The Astronomical Journal“ том  131 (2): 1163–1183. doi:10.1086/498708. Bibcode2006AJ....131.1163S. Vizier catalog entry
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „NASA Exoplanet Archive“. NASA Exoplanet Science Institute. конс. 2016-08-02. 
  6. Kawahara, Hajime; Hirano, Teruyuki; Kurosaki, Kenji; Ito, Yuichi; Ikoma, Masahiro. Starspots-Transit Depth Relation of the Evaporating Planet Candidate KIC 12557548b. „The Astrophysical Journal Letters“ том  776 (1): L6. doi:10.1088/2041-8205/776/1/L6. Bibcode2013ApJ...776L...6K. 
  7. „KOI-3794“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. конс. June 9, 2012.  (англиски)
  8. 8,0 8,1 8,2 Ouellette, Jennifer. „Dust to Dust: The Death of an Exoplanet“, „Discovery News“, 26 мај 2012 (посет. 9 јуни 2012 г).
  9. 9,0 9,1 Staff, Space.com. „Possible Newfound Alien Planet is Falling to Pieces“, 24 март 2012 (посет. 9 јуни 2012 г).
  10. Jet Propulsion Laboratory (21 мај 2012). "NASA's Kepler Detects Potential Evaporating Planet". Соопштение за печат.  посет. 11 јуни 2012 г
  11. Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; и др. (2010). On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets. „arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR]“. 
  12. Fraser Cain (16 September 2008). „How Old is the Sun?“. Universe Today. конс. 19 February 2011. 
  13. Fraser Cain (15 September 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. конс. 19 February 2011. 
  14. 14,0 14,1 Perez-Becker, Daniel; Chiang, Eugene. Catastrophic evaporation of rocky planets. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  433 (3): 2294–2309. doi:10.1093/mnras/stt895. Bibcode2013MNRAS.433.2294P. 
  15. Van Werkhoven, T. I. M.; Brogi, M.; Snellen, I. A. G.; Keller, C. U.. Analysis and interpretation of 15 quarters of Kepler data of the disintegrating planet KIC 12557548 b. „Astronomy and Astrophysics“ том  561: A3. doi:10.1051/0004-6361/201322398. Bibcode2014A&A...561A...3V. https://www.aanda.org/articles/aa/full_html/2014/01/aa22398-13/aa22398-13.html. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]