BD+30 3639

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
BD+30 3639
маглина
Податоци од набљудување: епоха J2000
Ректасцензија19ч 34м &1000000000004523300000045,233с
Деклинација+30° 30′ &1000000000005895100000058,951″
Оддалеченост3.900 сг
Привидна величина (V)10,02
СоѕвездиеЛебед
Физичи особености
Апсолутна величина (V)-1,5
Поврзано: Списоци на маглини
Кемпбеловата ѕвезда и планетарната маглина меѓусебно поврзани снимени од вселенскиот телескоп Хабл.. [1]

Кемпбелова ѕвезда ( HD 184738 / HIP 96295 / BD +30 3639) [2] — централна ѕвезда на планетарната маглина PK 064 + 05 1. Се наоѓа во соѕвездието на Лебед 2,5º северно од Албирео (β Лебед) и 1º источно од φ Лебед. На растојание од 1.200 парсеци односно 3.900 светлосни години од Сончевиот Систем.[3] [4]

Со привидната величина од 10,41, [2] Кембеловата ѕвезда е Волф-Рајеова ѕвезда од јаглероден спектрален тип [WC9]. Неверојатно жешка со ефективна температура од 55.000 K и е 6000 пати посјајна од Сонцето. Станува збор за ѕвезда која има недостаток на водород и е во напредна развојна фаза. Иако нејзината моментална маса е 60% од онаа на Сонцето, се смета дека првично ѕвездата имала ~ 2 сончеви маси, сега е во фаза на џиновската асимптотична гранка (АГЏ), со што на крајот ќе се претвори во бело џуџе.[3] Нејзиниот хемиски состав е многу различен од оној на Сонцето, има недостаток на железо (Fe/O ~ 0,3), но се забележува зголемено присуство на јаглерод и неон (C/O ~ 30). [4]

Планетарната маглина поврзана со Кемпбеловата ѕвезда има приближна старост од 700 до 800 години. [3] [4] За разлика од прашината поврзана со другите развиени WC ѕвезди, е составена воглавно од аморфен јаглен, оваа планетарна маглина има присуство на кристална силикатна прашина, што укажува на неодамнешна промена од хемиски преовладувачкиот кислород на преовладувачкиот јаглерод. [3] Предложено е можност за постоење на ѕвезда придружник која можно е да е мешавина од прашината на планетарната маглина и водород од централната ѕвезда.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A giant, smouldering star“, „ESA/Hubble Picture of the Week“.
  2. 2,0 2,1 Campbell's star - Planetary Nebula (SIMBAD)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Crowther, Paul A.; Morris, P. W.; Smith, J. D.. An Ultraviolet to Mid-Infrared Study of the Physical and Wind Properties of HD 164270 (WC9) and Comparison to BD +30 3639 (WC9). 636. pp. 1033-1044. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?2006ApJ...636.1033C&db_key=AST&nosetcookie. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Yu, Young Sam; Nordon, Raanan; Kastner, Joel H.; Houck, John; Behar, Ehud; Soker, Noam. The X-Ray Spectrum of a Planetary Nebula at High Resolution: Chandra Gratings Spectroscopy of BD +30°3639. 690. pp. 440-452. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?2009ApJ...690..440Y&db_key=AST&nosetcookie=1.