Албирео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Албирео
Position beta Cyg.png
Местоположбата на Алиеро, долу-десно.
Се гледа Северниот Крст.
Сината рамка се границите на соѕвездието Лебед.
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0 (ICRS)      Рамноденица
Соѕвездие Лебед
Албирео Aa
Ректасцензија 19ч 30м &1000000000004328600000043,286с[1]
Деклинација +27° 57′ &1000000000000348400000034,84″[1]
Привидна величина (V) 3,18[2]
Албирео Ac
Ректасцензија 19ч 30м &1000000000004329500000043,295с[3]
Деклинација +27° 57′ &1000000000000346200000034,62″[3]
Привидна величина (V) 5,82[2]
Албирео B
Ректасцензија 19ч 30м &1000000000045396100000045,3961с[4]
Деклинација +27° 57′ &1000000000005499000000054,990″[4]
Привидна величина (V) 5,11[5]
Особености
{{{компонента}}}
Спектрален тип K2II[6]
B−V Боен показател +1,13[5]
V−R Боен показател +0,92[2]
Албирео Ac
Спектрален тип B8:p[6]
B−V Боен показател +0,09[3]
V−R Боен показател +0,09[2]
{{{компонента}}}
Спектрален тип B8Ve[7]
U−B Боен показател -0,32[5]
B−V Боен показател -0,10[5]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-24,07[8] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -7,17[9] млс/г
Дек.: -6,15[9] млс/г
Паралакса (π)7.51 ± 0.33[9] млс
Оддалеченост430 ± 20 сг
(133 ± 6 пс)
Албирео Aa
Апсолутна величина (MV)−2,45[6]
Албирео Ac
Апсолутна величина (MV)−0,25[6]
Албирео B
Радијална брзина (Rv)-18,80[10] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -0,953[4] млс/г
Дек.: -1,624[4] млс/г
Паралакса (π)8.16 ± 0.25[9] млс
Оддалеченост400 ± 10 сг
(123 ± 4 пс)
Орбита (Aa/Ac)[11]
Период (P)213.859 г.
Голема полуоска (a)0.536
Занесување (e)0.256
Наклон (i)154.9°
Должина (Ω)170.4°
Перицентарска епоха (T)B1997.995
Аргумент на перицентарот (ω)
(споредна)
39.4°
Податоци
Албирео Aa
Маса14.52[12] M
Површ. грав. (log g)2.0[13]
Сјајност (болометричка)1,200 ± 200[2] L
Температура4,270[13] K
Вртежна брзина (v sin i)1.4[13] км/с
Албирео Ac
Маса3.84[12] M
Сјајност (болометричка)950 ± 250[2] L
Температура~12,000[6]–30,000±100[2] K
Податоци
Албирео B
Маса3.7 ± 0.8[14] M
Полупречник2.59[15] R
Површ. грав. (log g)4.00 ± 0.15[14]
Сјајност (болометричка)230 ± 90[14] L
Температура13,200 ± 600[14] K
Местоположба (во однос на Албирео A)
ДелАлбирео B
Епоха на набљудување2006
Аголно растојание35.3 [16]
Положбен агол54° [16]
Други ознаки
β Cygni, 6 Cygni, ADS 12540, CCDM J19307+2758, WDS 19307+2758[17][11][18]
Наводи во бази
SIMBAD— Бета Лебед (STF 4043)
— Албирео A
— Албирео Aa
— Албирео Ab
— Албирео B

Албиреодвоѕвезда со ознаката Бета Лебед (β Лебед, β Cygni, β Cyg) во соѕвездието Лебед. Албирео е всушност називот на посјајната ѕвезда од овој двоец.[19] Иако е означена како бета и е послаба од Гама Лебед, Делта Лебед и Епсилон Лебед, ова е петта точка по сјајност во соѕвездието Лебед. Гледајќи со голо око, изгледа како една ѕвезда со величина од 3, но дводелноста се забележува дури и со слаб телескоп. Посјајната жолта ѕвезда (која впрочем самата е мошне близок двоен систем) е силно спротиставена по боја со послабата сина придружничка.[20]

Именување[уреди | уреди извор]

Бета Лебед (β Cygni, Beta Cygni) е Бајеровата ознака на системот. Посјајната од двете составници се означува како β¹ Лебед (β¹ Cygni) или Бета Лебед A, а послабата е β² Лебед (β² Cygni) или Бета Лебед B.

Во 2016 г. Меѓународниот астрономски сојуз приредил работна група за ѕездени имиња (WGSN)[21] со цел да ги каталогизира и снтадардизира имињата на ѕвездите. Во првиот билтен од јули истата година[22] е објавено дела Албирео се прогласува за име на β¹ Лебед и сега е нејзиното официјално име.[19]

Во средновековието, арапските астрономи ја нарекувале (منقار الدجاجة, „минкар ел-деџаџа“), што значи кокошкин клун.[23] Како таква се јавува во каталогот на египетскиот астроном ел-Ахаси ел-Муакет, подоцна преведено на латински латински како Rostrum Gallinae, со истото значење.[24]

Друг назив за ѕвездата е „клунова ѕвезда“ бидејќи се наоѓа на главата на соѕвездието кое има облик на лебед.[25] Заедно со Денеб, Гама Лебед (Садр), Делта Лебед и Епсилон Лебед (Џена) го образуваат астеризмот наречен Северен Крст.[26]

Особини[уреди | уреди извор]

Албирео A и B

Бета Лебед е оддалечена на 415 сг (127 пс) од Сонцето. Гледајќи без помагала, Албирео изгледа на единечна ѕвезда, но било кој телескоп ја покажува како двоѕвезда од β Лебед A (килибарна, привидна величина 3,1) и β Лебед B (синозелена, привидна величина 5,1).[27] Овие две составници се одделени 35 лачни секунди,[16] една од друга, и даваат најдобра слика за разликата на спарените ѕвезди на небото поради нивните мошне различни бои.

Не е познато дали составниците β Лебед A и B кружат една околоу друга во физички двоен систем, или пак се работи за оптички двоец. Доколку се физички врзани, тогаш имаат орбитален период од барем 100.000 години.[27] Меѓутоа, некои стручњаци ја сметаат просто за оптички двоец поради набљудувањата од кои се гледа дека имаат различни сопствени движења, што значи дека не се поврзани.[28] Исто така, мисијата „Хипаркос“ има утврдено дека главната и споредната ѕвезда се на различни растојанија — 434 ± 20 сг (133 ± 6 пс) за главната и 401 ± 13 сг (123 ± 4 пс) за споредната.[9] Во поново време, мисијата „Гаја“ измерила далечини од 330–390 светлосни години (100–120 парсеци) за двете составници, но нивната поврзаност не е со сигурност позната поради шумот при мерењето.[29]

Постојат уште 10 слаби придружнички наведени во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди — сите со сјајност послаба од 10. Само една е поблиска до главната од Албирео B, а останатите се на растојание до 142".[11]

Албирео A[уреди | уреди извор]

Спектарот на Бета Лебед A е утврден како повеќеделен во набљудувањето на Спомен-проектот „Хенри Дрејпер“ на крајот од XIX век, поради што се претпоставило дека самата A е двоец.[30] Во прилог на ова се и набљудувањата од 1898 и 1918 г. со кои се покажало дека има колеблива радијална брзина.[31] Во 1923 г. во каталогот „Хенри Дрејпер“ се заведени две составници, како HD 183912 односно HD 183913.[32][33]

Во 1978 г. во Горнопровансалската опсерваторија е употребен телескоп со пречник од 1,93 м и извршена е дамчеста спектрометрија, со што придружничката е разделена за 0,125". Ова наоѓање е објавено во 1980 г.,[34] а придружничката ја добила ознаката Ab во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди.[11]

Во 1976 г. придружната ѕвезда е нагледно раздвоена во Националната опсерваторија „Кит Пик“ користејќи дамчеста интерферометрија со телескоп од 2,1 м во пречник. Измерени се при одделеност од 0,44", и забележано е дека виденото не одговара на утврденото во Горнопровансалската опсерваторија и затоа не се работи за истата ѕвезда.[18][35] Иако овие набљудувања се направени пред горнопровансалските, објавени се дури во 1982 г. и составницата е означена како Ac во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди.[11] Ја носи ознаката C во Каталогот на составници на двојни и повеќекратни ѕвезди,[36] што е различно од составницата C збележана во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди, која се однесува на бледа оптичка придружничка.[11] Подоцна е пресметана орбитата за овој пар служејќи се со интерферометриски мерења, но износот е само една четвртина од забележаната орбита, што значи дека орбиталните параметри треба да се сметаат за привремено важечки. Периодот на оваа орбита изнесувал 214 години.[18]

Статусот на двете можни придружнички сè уште не е целосно разјаснет.[37] При едно набљудување двете составници се одвај разложени, но и ова не е потврдено.[38] Претпоставувајќи повеќеделен спектар, набљудувањата даваат спектрален тип B во доцна фаза за придружничката,[39] нешто како B8.[6] Мерењата со адаптивна оптика најдобро се моделираат со B0V-спектар од придружната ѕвезда, со привидна величина од 5,85.[2] Различните претпоставки за спектралниот тип на придружничката даваат сосема различни физички својства; на пр. делотворната тепмература може да биде или 12.000 K или 30.000 K.[6][2]

Пречникот на главната џиновска ѕвезда типот K е измерен по пат на интерферометрија. Утврден е рамномерен диск од околу 4,5 млс со мерење на оптички близуинфрацрвени бранови должини, а пресметан е пречник на рабното затемнување од 4,834 млс, што е исто колку и полупречник од 69 R на растојание од 133 пс.[40]

Албирео B[уреди | уреди извор]

β Лебед B е брзовртечка Be-ѕвезда со екваторска брзина од барем 250 км/с.[20] Нејзината површинска температура е спектроскопски проценета на 13.200 K.[14]

Се смета дека е во многу близок двоец,[37] но овие набљудувања подоцна се најдени за неисправни.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Høg, E; Fabricius, C; Makarov, V. V; Urban, S; Corbin, T; Wycoff, G; Bastian, U; Schwekendiek, P; Wicenec, A (2000). "The Tycho-2 catalogue of the 2.5 million brightest stars". Astronomy and Astrophysics. 355: L27. Bibcode:2000A&A...355L..27H.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Ten Brummelaar, Theo; Mason, Brian D; McAlister, Harold A; Roberts, Lewis C; Turner, Nils H; Hartkopf, William I; Bagnuolo, William G (2000). "Binary Star Differential Photometry Using the Adaptive Optics System at Mount Wilson Observatory". The Astronomical Journal. 119 (5): 2403. Bibcode:2000AJ....119.2403T. doi:10.1086/301338.. See tables 4, 5, 6, and 8. Luminosity from Lbol=102(4.75−Mbol)/5.
  3. 3,0 3,1 3,2 Fabricius, C; Høg, E; Makarov, V. V; Mason, B. D; Wycoff, G. L; Urban, S. E (2002). "The Tycho double star catalogue". Astronomy and Astrophysics. 384: 180–189. Bibcode:2002A&A...384..180F. doi:10.1051/0004-6361:20011822.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Gaia Collaboration; Brown, A. G. A; Vallenari, A; Prusti, T; De Bruijne, J. H. J; Mignard, F; Drimmel, R; Babusiaux, C; Bailer-Jones, C. A. L; Bastian, U; Biermann, M; Evans, D. W; Eyer, L; Jansen, F; Jordi, C; Katz, D; Klioner, S. A; Lammers, U; Lindegren, L; Luri, X; O'Mullane, W; Panem, C; Pourbaix, D; Randich, S; Sartoretti, P; Siddiqui, H. I; Soubiran, C; Valette, V; Van Leeuwen, F; и др. (2016). "Gaia Data Release 1. Summary of the astrometric, photometric, and survey properties". Astronomy & Astrophysics. 595: A2. arXiv:1609.04172. Bibcode:2016A&A...595A...2G. doi:10.1051/0004-6361/201629512.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Ducati, J. R (2002). "VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system". CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Ginestet, N.; Carquillat, J. M. (2002). "Spectral Classification of the Hot Components of a Large Sample of Stars with Composite Spectra, and Implication for the Absolute Magnitudes of the Cool Supergiant Components". The Astrophysical Journal Supplement Series. 143 (2): 513. Bibcode:2002ApJS..143..513G. doi:10.1086/342942.
  7. Levenhagen, R. S; Leister, N. V (2006). "Spectroscopic analysis of southern B and Be stars". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 371 (1): 252–262. arXiv:astro-ph/0606149. Bibcode:2006MNRAS.371..252L. doi:10.1111/j.1365-2966.2006.10655.x.
  8. Famaey, B; Jorissen, A; Luri, X; Mayor, M; Udry, S; Dejonghe, H; Turon, C (2005). "Local kinematics of K and M giants from CORAVEL/Hipparcos/Tycho-2 data. Revisiting the concept of superclusters". Astronomy and Astrophysics. 430: 165–186. arXiv:astro-ph/0409579. Bibcode:2005A&A...430..165F. doi:10.1051/0004-6361:20041272.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Van Leeuwen, F (2007). "Validation of the new Hipparcos reduction". Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
  10. Kharchenko, N. V; Scholz, R.-D; Piskunov, A. E; Röser, S; Schilbach, E (2007). "Astrophysical supplements to the ASCC-2.5: Ia. Radial velocities of ˜55000 stars and mean radial velocities of 516 Galactic open clusters and associations". Astronomische Nachrichten. 328 (9): 889. arXiv:0705.0878. Bibcode:2007AN....328..889K. doi:10.1002/asna.200710776.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 Entry, WDS identifier 19307+2758, Sixth Catalog of Orbits of Visual Binary Stars, William I. Hartkopf & Brian D. Mason, U.S. Naval Observatory. посет. 9 јули 2008 г (19307+2758)
  12. 12,0 12,1 Tokovinin, A. A. (1997). "MSC - a catalogue of physical multiple stars". Astronomy & Astrophysics Supplement Series. 124: 75–84. Bibcode:1997A&AS..124...75T. doi:10.1051/aas:1997181.
  13. 13,0 13,1 13,2 Lèbre, A.; De Laverny, P.; Do Nascimento, J. D.; De Medeiros, J. R. (2006). "Lithium abundances and rotational behavior for bright giant stars". Astronomy and Astrophysics. 450 (3): 1173. Bibcode:2006A&A...450.1173L. doi:10.1051/0004-6361:20053485.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Table 1, Physical Parameters of Southern B- and Be-Type Stars, R. S. Levenhagen and N. V. Leister, The Astronomical Journal 127, #2 (February 2004), pp. 1176–1180, doi:10.1086/381063, Bibcode2004AJ....127.1176L.
  15. Fracassini, Massimo; Gilardoni, Giorgio; Pasinetti, Laura E. (1973). "Apparent diameters of 172 B5V-A5V stars of the Catalogue of Geneva Observatory". Astrophysics and Space Science. 22 (1): 141–152. Bibcode:1973Ap&SS..22..141F. doi:10.1007/BF00642829.
  16. 16,0 16,1 16,2 Entry, The Washington Double Star Catalog, identifier 19307+2758, discoverer identifier STFA 43. посет. 9 јули 2008 г Archived 8 септември 2008 at the Wayback Machine
  17. NAME ALBIREO -- Star in double system , database entry, SIMBAD. посет. 9 јули 2008 г
  18. 18,0 18,1 18,2 Scardia, M.; Prieur, J.-L.; Pansecchi, L.; Argyle, R.W.; Sala, M.; Basso, S.; Ghigo, M.; Koechlin, L.; Aristidi, E. (2008). "Speckle observations with PISCO in Merate: IV. Astrometric measurements of visual binaries in 2005" (PDF). Astronomische Nachrichten. 329 (1): 54–68. Bibcode:2008AN....329...54S. doi:10.1002/asna.200710834.
  19. 19,0 19,1 "IAU Catalog of Star Names". Посетено на 28 July 2016.
  20. 20,0 20,1 Jim Kaler. "Albireo". Посетено на 2018-01-07.
  21. "IAU Working Group on Star Names (WGSN)". Посетено на 22 May 2016.
  22. "Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1" (PDF). Посетено на 28 July 2016.
  23. p. 196, Star-names and Their Meanings, Richard Hinckley Allen, New York, G. E. Stechert, 1899.
  24. Knobel, E. B. (June 1895). "Al Achsasi Al Mouakket, on a catalogue of stars in the Calendarium of Mohammad Al Achsasi Al Mouakket". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 55 (8): 429. Bibcode:1895MNRAS..55..429K. doi:10.1093/mnras/55.8.429.
  25. p. 416, In Quest of the Universe, Theo Koupelis and Karl F. Kuhn, 5th ed., Sudbury, Massachusetts: Jones & Bartlett Publishers, 2007, ISBN 0-7637-4387-9.
  26. Northern Cross Archived 2008-07-08 at the Wayback Machine, entry, The Internet Encyclopedia of Science, David Darling. посет. 24 јули 2008 г
  27. 27,0 27,1 p. 46, The Monthly Sky Guide, Ian Ridpath, Wil Tirion, Cambridge University Press, 2006, ISBN 0-521-68435-8.
  28. Bob King (September 21, 2016). "Will the Real Albireo Please Stand Up?". Sky and Telescope. Посетено на October 14, 2016.
  29. Bailer-Jones, C. A. L; Rybizki, J; Fouesneau, M; Mantelet, G; Andrae, R (2018). "Estimating distances from parallaxes IV: Distances to 1.33 billion stars in Gaia Data Release 2". The Astronomical Journal. 156 (2): 58. arXiv:1804.10121. Bibcode:2018AJ....156...58B. doi:10.3847/1538-3881/aacb21.
  30. Maury, Antonia C.; Pickering, Edward C. (1897). "Spectra of bright stars photographed with the 11-inch Draper Telescope as part of the Henry Draper Memorial". Annals of Harvard College Observatory. 28: 1. Bibcode:1897AnHar..28....1M.
  31. Campbell, W. W. (1919). "The Variable Velocity of β Cygni". Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 31 (179): 38. Bibcode:1919PASP...31...38C. doi:10.1086/122807.
  32. "freestarcharts.com". Посетено на 2017-06-11.
  33. Cannon, Annie Jump; Pickering, Edward Charles (1923). "The Henry Draper catalogue : 19h and 20h". Annals of the Astronomical Observatory of Harvard College. 98: 1. Bibcode:1923AnHar..98....1C.. See note re HD 183912,3,4 on this page.
  34. Bonneau, D.; Foy, R. (1980). "Speckle interferometric observations of binary systems with the Haute-Provence 1.93 M telescope". Astronomy and Astrophysics. 86: 295. Bibcode:1980A&A....86..295B.
  35. McAlister, H. A.; Hendry, E. M. (1982). "Speckle interferometric measurements of binary stars. VI". The Astrophysical Journal Supplement Series. 48: 273. Bibcode:1982ApJS...48..273M. doi:10.1086/190778.
  36. Dommanget, J.; Nys, O. (1994). "Catalogue des composantes d'etoiles doubles et multiples (CCDM) premiere edition - Catalogue of the components of double and multiple stars (CCDM) first edition". Com. De l'Observ. Royal de Belgique. 115: 1. Bibcode:1994CoORB.115....1D.
  37. 37,0 37,1 Roberts, Lewis C.; Turner, Nils H.; Ten Brummelaar, Theo A. (2007). "Adaptive Optics Photometry and Astrometry of Binary Stars. II. A Multiplicity Survey of B Stars" (PDF). The Astronomical Journal. 133 (2): 545. Bibcode:2007AJ....133..545R. doi:10.1086/510335.
  38. Prieur, J.-L.; Koechlin, L.; Ginestet, N.; Carquillat, J.-M.; Aristidi, E.; Scardia, M.; Arnold, L.; Avila, R.; Festou, M. C.; Morel, S.; Pérez, J.-P. (2002). "Speckle Observations of Composite Spectrum Stars with PISCO in 1993–1998". The Astrophysical Journal Supplement Series. 142 (1): 95–104. Bibcode:2002ApJS..142...95P. doi:10.1086/341094.
  39. Skiff, B. A. (2014). "VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Spectral Classifications (Skiff, 2009–2016)". VizieR On-line Data Catalog: B/Mk. Originally Published in: Lowell Observatory (October 2014). 1. Bibcode:2014yCat....1.2023S.
  40. Mozurkewich, D.; Armstrong, J. T.; Hindsley, R. B.; Quirrenbach, A.; Hummel, C. A.; Hutter, D. J.; Johnston, K. J.; Hajian, A. R.; Elias Ii, Nicholas M.; Buscher, D. F.; Simon, R. S. (2003). "Angular Diameters of Stars from the Mark III Optical Interferometer". The Astronomical Journal. 126 (5): 2502. Bibcode:2003AJ....126.2502M. doi:10.1086/378596.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]