Прејди на содржината

Астеризам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астеризам

Астеризам — препознатлив збир од ѕвезди видени на небото, а кои не се официјално соѕвездие. Како и соѕвездијата, составени се од ѕвезди кои, иако се во ист правец гледано од Земјата, не се физички во сооднос, и често се на различни далечини од Земјата. Астеризммот може да е составен од ѕвезди кои веќе припаѓаат на едно или повеќе соѕвездија. Нивната едноставна фигура ја сочинуваат неколку ѕвезди кои се лесни да се идентификуваат, и ова е корисно за оние кои се ориентираат преку ноќното небо.