KY Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
KY Лебед
Sadr Region rgb.jpg
Red circle.svg

Местоположбата на KY Лебед (заокружена, исток е нагоре)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0 (ICRS)
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 25м &1000000000000580500000058,05с[1]
Деклинација +38° 21′ &1000000000000007600000007,6″[1]
Привидна величина (V)11,14[2] (10.60 - 11.74[3])
Особености
Спектрален типM3-4I[4] (M3.5Ia[5])
U−B боен показател+2,91[2]
B−V боен показател+3,39[2]
Променлив типLc[5]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: –3,574[6] mas/yr
Dec.: –6,279[6] mas/yr
Паралакса (π)0.9151 ± 0.0920[6] mas
Растојание~5,000 ly
(1,580[2] pc)
Апсолутна величина (MV)−8,18[4]
Податоци
Маса25[7] M
Полупречник1.420 (2.850?)[4] R
Површ. грав. (log g)−0,5 (−0,9?)[4]
Сјајност (болометричка)138.000[2]–273.000 (1.107.000?)[4] L
Температура3.500[4] K
Други ознаки
KY Cyg, GSC 03152-01140, IRAS 20241+3811, IRC+40415, TYC 3152-1140-1, RAFGL 2575, UCAC2 45230193, 2MASS J20255805+3821076
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

KY Лебедцрвен суперџин од спектрална класа M3,5Ia сместена во соѕвездието Лебед. Станува збор за една од најголемите и најсјајни ѕвезди, со сјајност од околу 300.000 или повеќе пати од онаа на Сонцето и полупречник поголем за 1.000 пати од оној на Сонцето. Доколку е сместена во центарот на Сончевиот Систем, ќе се протега зад орбитата на Јупитер (или Сатурн). Се наоѓа на растојание од околу 5.000 светлосни години.

Набљудувања[уреди | уреди извор]

KY Лебед се наоѓа во близина на расеаното јато NGC 6913, но не е негов член. Местоположбата е во близина на светлата ѕвезда γ Лебед.[8] Препознаена е како променлива ѕвезда во 1930 година,[9] и подоцна е именувана како KY Лебед.[10] Спектралната калсификација ја сместува воо класата M3 Ia, и оттогаш се направени мали исправки.[11]

KY Лебед е крајно темноцрвено обоен поради згаснувањето, губејќи вообичаено 7,75 светлосни величини во видливото подрачје. Ѕвездата ќе може да се набљудува со човеково око доколку немаше светлосна загуба.[4]

Својства[уреди | уреди извор]

Споредба на KY Лебед со Бетелгез.

KY Лебед е голем сјаен ладен суперџин со силен ѕвезден ветер. Губи маса со еден од најголемите познати чекори за црвен суперџин и се опишува како ладен хиперџин.[2][12]

Неговите својства се непознати, но температурата е околу 3.500 K и сјајноста преку 100.000 L. Модел според инфрацрвениот сјај на K-зоната дава сјајност од околу 273.000 L, што соодвествува на полупречник од 1.420 R. Друг модел заснована на видливата сјајност дава неочекувана голема сјајност од 1.107.000 L, каде разликата воглавно се должи на претпоставките за нивото на згаснувањето. Полупречникот според оваа повисока сјајност ќе изнесува 2.850 R. Овие параметри се поголеми и посјајни од очекуваните за кој и да е црвен суперџин, што наведува дека истите се сомнителни.[4] Неодамна, вкрстувањето на спектралните енергетски распределби низ цел распон на бранови должини во U-зоната до 60 микронскиот микробранов флукс обезбедува пониска сјајност од 138.000 L.[2]

Споредба по големина на Бетелгез, Mu Кефеј, KY Лебед и V354 Кефеј, според Емили Левеск.[4]

KY Лебед е променлива ѕвезда со голема амплитуда, но без јасна периодичност. Во одреден период брзо се менува сјајот, а во други е стабилна на подолги периоди.[8] Фотографската величина се менува меѓу 13,5 - 15,5,[5] додека видливата меѓу 10,60 - 11,74.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; и др.. VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003). „VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: University of Massachusetts and Infrared Processing and Analysis Center“ том  2246: 0. Bibcode2003yCat.2246....0C. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Mauron, N.; Josselin, E.. The mass-loss rates of red supergiants and the de Jager prescription. „Astronomy and Astrophysics“ том  526: A156. doi:10.1051/0004-6361/201013993. Bibcode2011A&A...526A.156M. 
  3. 3,0 3,1 Alfonso-Garzón, J.; Domingo, A.; Mas-Hesse, J. M.; Giménez, A.. The first INTEGRAL-OMC catalogue of optically variable sources. „Astronomy & Astrophysics“ том  548: A79. doi:10.1051/0004-6361/201220095. Bibcode2012A&A...548A..79A. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Levesque, Emily M.; Massey, Philip; Olsen, K. A. G.; Plez, Bertrand; Josselin, Eric; Maeder, Andre; Meynet, Georges. The Effective Temperature Scale of Galactic Red Supergiants: Cool, but Not As Cool As We Thought. „The Astrophysical Journal“ том  628 (2): 973–985. doi:10.1086/430901. Bibcode2005ApJ...628..973L. 
  5. 5,0 5,1 5,2 KY Cyg, database entry, The combined table of GCVS Vols I-III and NL 67-78 with improved coordinates, General Catalogue of Variable Stars, Sternberg Astronomical Institute, Moscow, Russia. Accessed on line November 12, 2010.
  6. 6,0 6,1 6,2 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  7. List of Largest Stars Gets 3 New Chart Toppers, Robert Roy Britt, space.com, 10 January 2005. Accessed on line November 12, 2010.
  8. 8,0 8,1 Romano, G.. Researches with the Schmidt telescopes. III. Variable stars in the field of gamma Cygni. „Memorie della Società Astronomia Italiana“ том  40: 375. Bibcode1969MmSAI..40..375R. 
  9. Hoffmeister, Cuno. Relative Koordinaten, Oerter und Karten neuer Veraenderlicher. „Mitteilungen der Sternwarte zu Sonneberg“ том  17: 1. Bibcode1930MiSon..17....1H. 
  10. Ahnert, P.; Van Schewick, H.; Hoffmeister, C.. Die Veraenderlichen Sterne der noerdlichen Milchstrasse. Teil II. „Kleine Veroeffentlichungen der Universitaetssternwarte zu Berlin Babelsberg“ том  6: 4.1. Bibcode1941KVeBB...6....4A. 
  11. White, N. M.; Wing, R. F.. Photoelectric two-dimensional spectral classification of M supergiants. „Astrophysical Journal“ том  222: 209. doi:10.1086/156136. Bibcode1978ApJ...222..209W. 
  12. Stickland, D. J.. IRAS observations of the cool galactic hypergiants. „The Observatory“ том  105: 229. Bibcode1985Obs...105..229S. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]