V1500 Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
V1500 Лебед
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0 (ICRS)      Рамноденица J2000.0 (ICRS)
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 21ч 11м &1000000000000036600000036,6с
Деклинација +48° 09′ &1000000000000002100000002,1″
Привидна величина (V)1,7Max.
18Min.
Оддалеченост6360 сг
(1950 пс)
Други ознаки
RX J2111.6+4809, Nova Cyg 1975, AAVSO 2108+47

V1500 Лебед или Нова Лебед 1975нова која се случила во 1975 година во соѕвездието Лебед. По својот сјај се издвојува како втората најсјајна нова во XX век, и е надмината по сјај само од CP Крма во 1942 година.[1]

V1500 Лебед беше забележана на 29 август 1975 година, и постигнала светлосна величина од 1,7 следниот ден. Останала видлива за човековото око околу една недела, и 680 денови по максимумот ѕвездата потемнела на свелосна величина од 12,5.

Станува збор за ѕвезда од типот на AM Херкул, која се состои од секундарна ѕвезда црвено џуџе која натрупува материјал на високомагнетизирана примарна ѕвезда бело џуџе. Растојанието до V1500 Лебед било пресметано во 1977 година од страна на Мекдоналдовата опсерваторија и изнесувало 1,95 килопарсеци (6.360 светлосни години).[2] Дополнително, V1500 Лебед била првата забележана ѕвезда, асинхрон полар. Ова значи дека вртежниот период на белото џуџе е за малку различен од орбиталниот период на двојната ѕвезда.[3]

Светлосната крива од AAVSO ја прикажува светлосната величина на Нова Лебед 1975. Датите се дадени како броеви од јулијански денови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "V1500 Cyg (Nova Cygni 1975)", American Association of Variable Star Observers
  2. Ferland, G. J.. The interstellar reddening and distance of Nova Cygni 1975 /V1500 Cygni/. „Astrophysical Journal“ том  215: 873. doi:10.1086/155424. Bibcode1977ApJ...215..873F. 
  3. Stockman, H. S.; Schmidt, Gary D.; Lamb, D. Q.. V1500 Cygni - Discovery of a magnetic nova. „The Astrophysical Journal“ том  332: 282. doi:10.1086/166652. Bibcode1988ApJ...332..282S. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Novae