Јулијански ден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

јулијански дeн е непрекинато броење на деновите од почеткокот на јулијанскиот период и највеќе го користат астрономите и во софтверот за полесно пресметување на изминатите денови помеѓу две случувања (на пр. датум на производство на храна и продажба според датумот).

Број од јулијанскиот ден е цел број доделен на целиот соларен ден во броењето на јулијанскиот ден почнувајќи од пладне според универзалното време (УТ), со бројот 0 на јулијанскиот ден кој е доделен на денот кој започнува на пладне во понеделник на 1 јануари 4713 година пред н.е. според пролептичкиот јулијански календар (24 ноември 4714 година пред н. е. според пролептичкиот грегоријански календар),[1][2][3] датум кога почнале трите повеќегодишни циклуси (индикт, соларен и лунарен циклус) и кои претходеле на било кои датуми од забележаната историја. На пример, бројот на јулијанскиот ден за ден кој започнува во 12:00 УТ (пладне) на 1 јануари 2000 година бил 2 451 545.[4]

јулијанскиот датум во секој момент е број на јулијанскиот ден плус дел од денот од претходното пладне според универзалното време. јулијанските датуми се изразени како број на јулијанскиот ден со додадена децимална дропка .[5] На пример, јулијанскиот датум за 00:30:00,0 УТ 1 јануари 2013 е 2 456 293.520 833.[6] Изразено низ јулијанскиот датум, сега е 2459104.0672569. [освјежи]

јулијанскиот период е хронолошки интервал од 7980 години; првата година на јулијанскиот период била во 4713 година пред н. е. (−4712).[7] јулијанската календарска година за 2020 е 6733 година од моменталниот јулијански период. Следниот јулијански период почнува во 3268 година. Историчарите го користеле периодот за да ги индентификуваат јулијанските календарски години во кои се случила случката кога таквата година не е дадена во историските записи или кога годината која ја дале претходните историчари била неточна.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dershowitz & Reingold 2008, p. 15.
  2. Seidelman 2013, p. 15.
  3. „The Astronomical Almanac Online — Glossary“. asa.hmnao.com (англиски). Посетено на 23 април 2020. Julian date (JD): the interval of time in days and fractions of a day, since 4713 B.C. January 1, Greenwich noon, Julian proleptic calendar. In precise work, the timescale, e.g., Terrestrial Time (TT) or Universal Time (UT), should be specified.
  4. McCarthy & Guinot 2013, p. 91–2.
  5. "Resolution B1". (1997). XXIIIrd General Assembly (Kyoto, Japan). International Astronomical Union, p. 7.
  6. US Naval Observatory. (2005, last updated July 2, 2011). Multiyear Interactive Computer Almanac 1800–2050 (ver февруари 2.2). Richmond VA: Willmann-Bell, ISBN 0-943396-84-0.
  7. Astronomical almanac for the year 2017. (2016). U.S. Naval Observatory and Her Majesty's Nautical Almanac Office. ISBN 978-0-7077-41666. p. B4, which states 2017 is year 6730 of the Julian Period.
  8. Grafton 1975.