Прејди на содржината

SS Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
SS Лебед
Податоци од набљудување
Епоха 2000      Рамноденица 2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 21ч 42м &1000000000042803400000042,8034с[1]
Деклинација +43° 35′ &1000000000000986400000009,864″[1]
Прив. величина (V) 7,7–12,4[2]
Особености
Спектрален тип K5V[3]
Променлив тип Џуџеста нова[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−16,1[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: 112,373 ± 0,113[1] млс/г
Дек.: 33,589 ± 0,094[1] млс/г
Паралакса (π)8.7242 ± 0.0491[1] млс
Оддалеченост372 ± 7 сг
(114 ± 2[5] пс)
Орбита[4]
Период (P)0,27512973 денови
Наклон (i)45–56°
Полузамав (K1)
(главна)
162,5 ± 1,0 км/с
Податоци
Црвено џуџе
Маса0,55 ± 0,13[4] M
Температура4.560[4] K
Бело џуџе
Маса0,81 ± 0,2[4] M
Други ознаки
SS Cyg, HD 206697, BD+42 4189a, TYC 3196-723-1
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
SS Лебед во избувлива ваза споредено со нормалната фаза.

SS Лебед е променлива ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за прототип на подкласа на џуџести нови кои имаат само нормални избувнувања. Вообичаено се менува од 12 величина до 8 величина во текот на 1–2 дена секои 7 до 8 недели. Северната деклинација на SS Лебед (околу 44° N) ја прави ѕвездата скоро околуполарна од европските и американските повратници, што овозможува голем број ос светските аматерски астрономи да го следат нејзиното однесување. Дополнително, бидејќи ѕвездата е спроти богатата позадина на Млечниот Пат, телескопското набљудувае на околината на SS Лебед содржи бројни ѕвезди за светлосна споредба.

SS Лебед, како и сите останати катаклизмични нови, се состои од близок двоен систем. Една од составниците е ѕвезда црвено џуџе, поладна ѕвезда од Сонцето, додека пак другата е бело џуџе. Изучувањата покажуваат дека ѕвездите во ситемот SS Лебед се на растојание од (од површина до површина) „само# 160.000 km или помалку. Двете ѕвезди се толку блиску што тие ги завршуваат своите орбитални периоди за нешто над 6,5 часа. Наксоеноста на системот е пресметана дека изнесува 50 степени, што пак ја определува масата од 0,6 сончеви маси (M) за белото џуџе и 0,4 M црвеното џуџе.[6]

Астрономски гледано, SS Лебед е исто така доста близу. Првично се мислело дека е на растојание од 90 до 100 светлосни години,[7] нејзиното растојание е препресметано во 1952 година и изнесувало 400 светлосни години. Во 2007 година податоците добиени од вселенскиот телескоп Хабл определија растојание од 540 светлосни години, и оваа вредност предизвика проблем со теоријата за џуџести нови,[8] ова повторно беше проверено во 2010–2012 година користејќи радиоастрометрија со VLBI, што дало помало растојание од 114 ± 2 парсекs (371.8 ± 6.5 сг).[5] Оваа вредност е во согласност со претходно добиените вредности од (≈400 светлсони години), и во целост ги остранува потешкотиите со големото растојание кај џуџестите нови.

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
  2. 2,0 2,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007–2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally Published In: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
  3. North, R. C; Marsh, T. R; Kolb, U; Dhillon, V. S; Moran, C. K. J (2002). „The systemic velocities of four long-period cataclysmic variable stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 337 (4): 1215–1223. arXiv:astro-ph/0201538. Bibcode:2002MNRAS.337.1215N. doi:10.1046/j.1365-8711.2002.05795.x.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Bitner, Martin A; Robinson, Edward L; Behr, Bradford B (2007). „The Masses and Evolutionary State of the Stars in the Dwarf Nova SS Cygni“. The Astrophysical Journal. 662 (1): 564–573. arXiv:astro-ph/0703087. Bibcode:2007ApJ...662..564B. doi:10.1086/517496.
  5. 5,0 5,1 J. C. A. Miller-Jones; G. R. Sivakoff; C. Knigge; E. G. Körding; и др. (24 May 2013). „An Accurate Geometric Distance to the Compact Binary SS Cygni Vindicates Accretion Disc Theory“. Science. 340 (6135): 950–952. arXiv:1305.5846. Bibcode:2013Sci...340..950M. doi:10.1126/science.1237145. PMID 23704566.
  6. Honey, W.B.; и др. (1989). „Quiescent and Outburst Photometry of the Dwarf Nova SS Cygni“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 236 (4): 727–734. Bibcode:1989MNRAS.236..727H. doi:10.1093/mnras/236.4.727.
  7. Burnham, Robert Jr. (1978). Burnham's Celestial Handbook. New York: Dover.
  8. M. R. Schreiber; J.P. Lasota (2007). „The dwarf nova SS Cygni: what is wrong?“. Astronomy & Astrophysics. 473 (3): 897–901. arXiv:0706.3888. Bibcode:2007A&A...473..897S. doi:10.1051/0004-6361:20078146.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]