Делта Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делта Лебед
Cygnus constellation map mk.svg
Red circle.svg
Местоположба на Делта Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 44м &1000000000584785400000058,47854с[1]
Деклинација +45° 07′ &1000000000050916100000050,9161″[1]
Прив. величина (V) 2.87[2]
Особености
Спектрален тип A0 IV[3] (B9 III + F1 V[4])
U−B Боен показател –0.10[5]
B−V Боен показател –0.02[5]
Променлив тип можно[6]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)–20.1[7] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +44.07[1] млс/г
Дек.: +48.66[1] млс/г
Паралакса (π)19.77 ± 0.48[1] млс
Оддалеченост165 ± 4 сг
(51 ± 1 пс)
Апсолутна величина (MV)−0.74[8]
Орбита[9]
ГлавнаA
ПридружникB
Период (P)780.27 г.
Голема полуоска (a)3.0"
Занесување (e)0.4670
Податоци [10]
Маса2.93 M
Полупречник5.13 R
Површ. грав. (log g)3.49
Сјајност155 L
Температура10,150 K
Вртежна брзина (v sin i)135[11] км/с
Други ознаки
Fawaris, δ Cyg, 18 Cygni, 18 Cyg, BD+44 3234, HD 186882, HIP 97165, HR 7528, SAO 48796, WDS J19450+4508AB.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Делта Лебед (δ Лебед, δ Cygni, Delta Cyg, δ Cyg) — двојна ѕвезда од збирна трета величина сместена во соѕвездието Лебед. Претставува дел и од астеризмот Северен Крст, чија најсјана ѕвезда е Денеб. Според паралаксните мерења направени со мисијата „Хипаркос“, Делта Лебед е на 165 светлосни години (51 парсеци) од Сонцето.[1]

Двете составници се наречени Делта Лебед A (офиц. Фаварис)[12] и B. Постои и оддалечена трета составница (ѕвезда) со 12-та величина која се движи заедно со другите. Заедно образуваат троен систем.[13]

Именување[уреди | уреди извор]

Делта Лебед (δ Cygni, Delta Cygni) е ознаката под која ѕвездата се води во Бајерово означување. Ознаките за двете составници — Делта Лебед A и B доаѓаат од Вашингтонскиот каталог на повеќеѕвездени системи (WMC) и е усвоен од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).[14]

Традиционално ѕвездата нема свое име.[13] Арапските астрономи ја забелжале како дел од нивниот астеризам ел-Феварис (الفوارس), што значи „Јавачи“,[15] сместена заедно со Зета, Епсилон и Гама Лебед, проти Северниот Крст. Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња[16] со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[17] На 1 јуни 2018 г. е одобрено името Фаварис за делот Делта Лебед A и денес е официјално.[12]

На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ну Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед, Зета Лебед и Епсилон Лебед.[18] Оттука, кинеското име на самата Делта Лебед е 天津二 (Тјен ѓин ер = „Втора ѕвезда на Небесниот Брод“).[19]

Особини[уреди | уреди извор]

Главната составница Делта Лебед A е сино-бела џиновска ѕвезда од спектрална класа B9,[4] и температура од 10.500 K. Се приближува кон крајот на развојната фаза од главната низа со сјајност 155 пати поголема од онаа на Сонцето, 5,13 пати поголем полупречник и 2,93 Сончеви маси. Како и многу други врели ѕвезди, има брз вртеж, барем 135 км/с во екваторот, што е 60 пати побрзо од Сончевиот.[10]

Првиот придружник Делта Лебед B е жолто-бела ѕвезда од класата F од шеста величина (6,33) со сјајност 6 пати поголема од онаа на Сонцето, и маса 1,5 пати поголема од неговата. Двете ѕвезди орбитираат една околу друга на просечно растојание од 157 ае и период од 780 години.[13]

Многу подалечниот трет придружник е портокалова ѕвезда (класа K) од дванаесетта величина, но има само една третина од масата.[13]

Двете главни ѕвезди заедно имаат спектрална класа A0 IV.[3] Гледајќи од Земјата, целиот троен систем на Делта Лебед сјае со збирна привидна величина од 2,87.[2]

Поларна ѕвезда[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Поларна ѕвезда.

Делта Лебед е видлива ѕвезда сместена на 3° од прецесиска патека опишана преку небесната сфера од Северниот Пол на Земјата. Ова значи дека ќе биде поларна ѕвезда во текот на неколку века, почнувајќи од 11250 г, наместо денешната Северница (која е на само 0,5° од прецесиската патека).

Претходна Поларна ѕвезда Следна
Денеб ~11000 г.
-
~11.500 г.
Вега

Можна променливост[уреди | уреди извор]

За δ Лебед A и B се претпоставува дека се колебаат во сјајност. Во 1951 г. за A е забележано колебање од 2,85 до 2,89, а B во 1837 г. се колебала помеѓу 6,3 и 8,5. Нивната променливост не е потврдена.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
  2. 2,0 2,1 Malagnini, M. L.; Morossi, C. (November 1990), „Accurate absolute luminosities, effective temperatures, radii, masses and surface gravities for a selected sample of field stars“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 85 (3): 1015–1019, Bibcode:1990A&AS...85.1015M
  3. 3,0 3,1 . Bibcode:2009A&A...501..297Z. Наводот journal бара |journal= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. 4,0 4,1 Edwards, T. W. (April 1976), „MK classification for visual binary components“, Astronomical Journal, 81: 245–249, Bibcode:1976AJ.....81..245E, doi:10.1086/111879
  5. 5,0 5,1 Johnson, H. L.; и др. (1966), „UBVRIJKL photometry of the bright stars“, Communications of the Lunar and Planetary Laboratory, 4 (99): 99, Bibcode:1966CoLPL...4...99J
  6. 6,0 6,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: B/gcvs. Bibcode:2009yCat....102025S.
  7. Evans, D. S. (June 20–24, 1966), Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.), „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“, Determination of Radial Velocities and Their Applications, 30: 57, Bibcode:1967IAUS...30...57E
  8. Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015.
  9. . Bibcode:2012A&A...546A..69M. Наводот journal бара |journal= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  10. 10,0 10,1 Challouf, M.; и др. (2014), „Improving the surface brightness-color relation for early-type stars using optical interferometry⋆“, Astronomy & Astrophysics, 570: A104, arXiv:1409.1351, Bibcode:2014A&A...570A.104C, doi:10.1051/0004-6361/201423772.
  11. Abt, Helmut A.; Levato, Hugo; Grosso, Monica (July 2002), „Rotational Velocities of B Stars“, The Astrophysical Journal, 573 (1): 359–365, Bibcode:2002ApJ...573..359A, doi:10.1086/340590
  12. 12,0 12,1 „Naming Stars“. IAU.org. Посетено на 18 June 2018.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Kaler, James B., „Delta Cygni“, Stars, University of Illinois, Посетено на 2018-10-03
  14. Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A. et al. (2010). "On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets". arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR]. 
  15. Allen, R. H. (1963). Star Names: Their Lore and Meaning (изд. Reprint.). New York, NY: Dover Publications Inc. стр. 193, 197. ISBN 978-0-486-21079-7.
  16. „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
  17. „WG Triennial Report (2015-2018) - Star Names“ (PDF): 5. Посетено на 2018-07-14. Наводот journal бара |journal= (help)
  18. 中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.
  19. AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 7 月 4 日

Надворешни врски[уреди | уреди извор]