Ипсилон Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ипсилон Лебед
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0 (ICRS)
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 21ч 17м &1000000000550750600000055,07506с[1]
Деклинација +34° 53′ &1000000000048828900000048,8289″[1]
Прив. величина (V) 4,43[2]
Особености
Спектрален тип B2 Vne[3]
U−B Боен показател −0,82[2]
B−V Боен показател −0,11[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−1.93±0.59[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +10,03[1] млс/г
Дек.: +6,49[1] млс/г
Паралакса (π)5.08 ± 0.55[1] млс
Оддалеченостприб. 640 сг
(приб. 200 пс)
Апсолутна величина (MV)−2,03[5]
Податоци
Маса9.25±0.52[6] M
Полупречник4,7[7] R
Површ. грав. (log g)3.30±0.10[8]
Сјајност (болометричка)7.305[6] L
Температура22.000[6] K
Вртежна брзина (v sin i)230±24[4] км/с
Други ознаки
υ Cyg, 66 Cygni, BD+34° 4371, FK5 1559, HD 202904, HIP 105138, HR 8146, SAO 71173.[9]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Ипсилон Лебед или υ Лебедѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со голо око, со привидна ѕвездена величина од 4,43.[2] Врз основа на годишнта промена на паралаксата од 5,08 mas,[1] се наоѓа на растојани од околу 640 светлосни години од Сонцето.

Станува збор за ѕвезда од B тип на главната низа со ѕвездена класификација B2 Vne.[3] Додавката 'e' укажува дека е Be-ѕвезда, што пак значи дека е брзовртежна ѕвезда околу која има диск од гас. Поседува голема вртежна брзина од околу 230 км/s,[4] што е причината за магловитиот изглед на спектралните линии означени со додавката 'n'. Оддавното подрачје на нејзиниот диск има полупречник од 0.20±0.04 АЕ.[7] Ѕвездата воедно се набљудува кон полот, бидејќи недостасуваат спектралните впивни линии од дискот.[10]

Ипсилон Лебед има маса за 9,3[6] пати поголема од онаа на Сонцето и нејзиниот полупречник е за 4,7[7] пати поголем од оној на Сонцето. Брзото вртење ја прави ѕвездата да има сплескан облик со истакнато екваторско испакнување што е за 18% подолго од полупречникот на половите.[8] Зрачи со сјај 7.305[6] пати поголем од оној на Сонцето од надворешната атмосфера при ефективна температура од 22.000 K.[6]

Ѕвездата има промени во сјајноста, вклучувајќи ги тука и краткотрајните пулсирања со периоди од 2,95 и 2,6 на ден, и случајните изблицикои се случуваат во периоди од неколку години. Ова може да се должи со губењето на масата на ѕвездата. Постои сомнеж дека станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда, но досега не е забележан придружник со помош на теочкаста интерферометрија. Измерените промени во радијалната брзина можно е да се предизвикани од придружник кој би имал орбитален период од околу 11,4 години.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Nicolet, B. (1978), „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 34: 1–49, Bibcode:1978A&AS...34....1N.
  3. 3,0 3,1 Murphy, R. E. (November 1969), „A spectroscopic investigation of visual binaries with B-type primaries.“, Astronomical Journal, 74: 1082–1094, Bibcode:1969AJ.....74.1082M, doi:10.1086/110908.
  4. 4,0 4,1 4,2 Becker, Juliette C.; и др. (April 2015), „Extracting Radial Velocities of A- and B-type Stars from Echelle Spectrograph Calibration Spectra“, The Astrophysical Journal Supplement Series, 217 (2): 13, arXiv:1503.03874, Bibcode:2015ApJS..217...29B, doi:10.1088/0067-0049/217/2/29, 29.
  5. Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Hohle, M. M.; и др. (April 2010), „Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants“, Astronomische Nachrichten, 331 (4): 349, arXiv:1003.2335, Bibcode:2010AN....331..349H, doi:10.1002/asna.200911355.
  7. 7,0 7,1 7,2 Rivinius, Thomas; и др. (2013), „Classical Be stars. Rapidly rotating B stars with viscous Keplerian decretion disks“, The Astronomy and Astrophysics Review, 21: 69, arXiv:1310.3962, Bibcode:2013A&ARv..21...69R, doi:10.1007/s00159-013-0069-0.
  8. 8,0 8,1 8,2 Neiner, C.; и др. (July 2005), „Rotation, pulsations and outbursts in the Be star υ Cygni (HD 202904)“, Astronomy and Astrophysics, 437 (1): 257–272, Bibcode:2005A&A...437..257N, doi:10.1051/0004-6361:20041901.
  9. „ups Cyg -- Be Star“, SIMBAD Astronomical Database, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2017-02-21.
  10. Peters, G. J. (February 1979), „An analysis of the far-ultraviolet spectra of the pole-on Be stars Upsilon Cygni and MU Centauri“, Astrophysical Journal Supplement Series, 39: 175–193, Bibcode:1979ApJS...39..175P, doi:10.1086/190570.