V478 Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
V404 Лебед

Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 19м &1000000000000003875000038.75с
Деклинација +38° 20′ &1000000000000000919999909.2″
Привидна величина (V)8,66
Особености
Спектрален типO9.5V/O9.5V
Променлив типЗатемнувачка двојна ѕвезда
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-11.1 km/s
Сопствено движење (μ) RA: -3.595±0.050 mas/yr
Dec.: -5.814±0.056 mas/yr
Паралакса (π)0.4499 ± 0.0305 mas
Растојание7200 ± 500 ly
(2200 ± 200 pc)
Апсолутна величина (MV)-3,91
Податоци
A (Син џин)
Маса16,62 M
Полупречник7,43 R
Сјајност42.760 L
Температура30.479 K
B (Син џин)
Маса16,27 M
Полупречник7,43 R
Сјајност43.150 L
Температура30.549 K
Други ознаки
V478 Cyg,HD 193611, HIP 100227
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

V478 Лебед (V478 Cyg / HD 193611 / HIP 100227) [1] двојна ѕвезда со просечна привидна величина од +8,66. Системот се наоѓа на растојание од околу 4.410 светлосни години[2] од Сончевиот систем во насока на соѕвездието Лебед.

V478 Лебед е затемнувачки двоен систем и е познат како таков од 1949 година. [3] Двете компоненти на системот се многу масивни сини sвезди од главната низа, од спектралниот тип O9.5V. Компонентата А има површинска температура од 30.479 К и маса од 16,62 соларни маси. Нејзиниот полупречник е 7,43 пати поголем од оној на Сонцето и со сјајност поголема за 42.760 пати од сончевата сјајност. Компонентата B, е речиси идентична, има температура од 30.549 K и маса еквивалентна на 16,27 сончеви маси. Со иста големина како и нејзината придружничка, таа е за само 0,1% посјајна ѕвезда.[2] Системот е со старост од 5 милиони години.[4]

Орбиталниот период на V478 Лебед е 2,8808 дена и главната полуоска на орбитата изнесува 26,9 сончеви полупречници или 0,11 АЕ со орбитално занесување од ε = 0.019.[4] При затемнувањата, вкупната привидна величина се намалува за приближно 0,40 величини.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. V* V478 Cyg -- Eclipsing binary of Algol type (SIMBAD)
  2. 2,0 2,1 Torres, G.; Andersen, J.; Giménez, A.. Accurate masses and radii of normal stars: modern results and applications. „The Astronomy and Astrophysics Review“ том  18 (1-2). pp. 67-126. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?2010A%26ARv..18...67T&db_key=AST&nosetcookie=1. 
  3. Gaposchkin, Sergei. A New Eclipsing Variable (HD 193611=+37º3890 HV 11091). „Harvard College Observatory Bulletin“ том  919. pp. 31-33. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?1949BHarO.919...31G&db_key=AST&nosetcookie=1. 
  4. 4,0 4,1 Khaliullin, Kh. F.; Khaliullina, A. I.. Synchronization and circularization in early-type binaries on main sequence. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  401 (1). pp. 257-274. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?2010MNRAS.401..257K&db_key=AST&nosetcookie=1. 
  5. Malkov, O. Yu.; Oblak, E.; Snegireva, E. A.; Torra, J.. A catalogue of eclipsing variables. „Astronomy and Astrophysics“ том  446 (2). pp. 785-789. http://cdsads.u-strasbg.fr/cgi-bin/nph-bib_query?2006A%26A...446..785M&db_key=AST&nosetcookie=1.