Кеплер-6

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-6
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 47м &1000000000020937900000020,9379с[1]
Деклинација +48° 14′ &1000000000002376000000023,760″[1]
Привидна величина (V)13.8
Особености
Привидна величина (J)12.001±0.021[2]
Привидна величина (H)11.706±0.019[2]
Привидна величина (K)11.634±0.019[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: 0.961±0.025[1] mas/yr
Dec.: 8.429±0.026[1] mas/yr
Паралакса (π)1.6747 ± 0.0145[1] mas
Растојание1950 ± 20 ly
(597 ± 5 pc)
Податоци
Маса1,209 M
Полупречник1,391 R
Температура5.647 K
Старост3,8 Гг.
Други ознаки
KIC 10874614, KOI-17
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-6жолт џин сместен во соѕвездието Лебед. Ѕвездата се наоѓа во видното поле на мисијата Кеплер, која го забележала и е дел од мисијата на НАСА за откривање на земјовидни планети. Ѕвездата, која е малку поголема, и пометалична, малку поладна и помасивна од Сонцето, во орбитата има најмалку една вонсончева планета, планета налик на Јупитер именувана како Кеплер-6b која е во блиска орбита на ѕвездата.

Номенклатура и историја[уреди | уреди извор]

Кеплер-6 е именуван според мисијата Кеплер, проект на НАСА лансиран во 2009 година кој цели на откривање на земјовидни планети кои минуваат, пред нивната ѕвезда гледано од Земјата.[3] За разлика од ѕвездите како Сонцето или Сириус, Кеплер-6 нема вообичаено име. Откривањето на Кеплер-6b беше објавено на 4 јануари 2010 година[4] при состанокот на Американското астрономско друштво заедно со забележаните планети околу Кеплер-4, Кеплер-5, Кеплер-7 и Кепелр-8.[5] Станува збор за третата планета откриена од страна на вселенското летало Кеплер, односно е дел од првите три планетии потврдени од податоците добиени од самата мисија. Овие три планети биле искористени за тестирање на прецизноста на Кеплеровите мерења.[6]

Забележувањето на Кеплер-6 било потврдено со дополнителни набљудувања користејќи ги телескопите Хоби-Еберли и Смит во Тексас; телескопот Кек 1 на Хаваи; телескопите Хејли и Шејн во јужна Калифорнија; телескопите WIYN, MMT и Тилингаст во Аризона; и Северниот оптички телескоп на Канарските Острови.[7]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Кепелр-6 е ѕвезда која е приближно 1,209 Msun, или 5/4 од масата на Сонцето. Исто така е поширока од Сонцето, со полупречник од 1,391 Rsun, или 7/5 од оној на Сонцето. Ѕвездата е приближно со старост од 3,8 милијарди години, и има ефективна температура од 5.647 K.[8] За споредба, Сонцето има малку повисока температура од 5.778 K.[9] Кеплер-6 има металичност од [Fe/H] = +0.34, што го прави 2,2 пати пометалична од Сонцето.[6] Во просек, ѕвездите богати со метали тежнеат да имаат планети и планетарни системи.[10]

Ѕвездата, гледана од Земјата, има привидна величина од 13,8.[6] не може да се забележи со човековото око. За споредба, привидната величина на Плутон при најголема сјајност е за малку посјајна, при 13,65.[11]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Слика на која се прикажани релативните големини на првите пет планети откриени од страна на Кеплер. Кеплер-6b е четврта по големина, и е означена со зелено.

Кеплер-6 има една потврдена вонсончева планета, станува збор за гасовит џин наречен Кеплер-6b.[6] Планетата е приближно со маса од 0,669 MJ, или 2/3 од масата на Јупитер. Исто така е малку подифузна од Јупитер, полупречник од 1,323 RJ. Кеплер-6b орбитира на просечно растојание од 0,0456 АЕ од матичната ѕвезда, и за период од 3,234 денови прави една орбита. Занесувањето на орбитата на планетата сезема да биде 0, што пак значи дека орбитата е кружна.[8]

Планетарен систем Кеплер-6[6]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b 0,669 MJ 0,04567 3,2347 0 1,323 RJ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia Data Release 2 catalog entry
  2. 2,0 2,1 2,2 Skrutskie, M. F.; Cutri, R. M.; Stiening, R.; Weinberg, M. D.; Schneider, S.; Carpenter, J. M.; Beichman, C.; Capps, R.; и др.. The Two Micron All Sky Survey (2MASS). „The Astronomical Journal“ том  131 (2): 1163–1183. doi:10.1086/498708. Bibcode2006AJ....131.1163S. Vizier catalog entry
  3. „Kepler: About the Mission“. Kepler Mission. NASA. 2011. конс. 19 February 2011. 
  4. Alexander J. Willman Jr. (5 January 2010). „Kepler 6 Planetary System“. Princeton University. конс. 19 February 2011. 
  5. Rich Talcott (5 January 2010). „215th AAS meeting update: Kepler discoveries the talk of the town“. Astronomy.com. Astronomy (magazine) magazine. конс. 19 February 2011. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Summary Table of Kepler Discoveries“. NASA. 2010-08-27. конс. 2010-10-16. 
  7. „NASA's Kepler Space Telescope Discovers its FIrst Five Exoplanets“. NASA. 4 January 2010. конс. 26 February 2011. 
  8. 8,0 8,1 „Notes for star Kepler-6“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2010. Архивирано од изворникот на 21 January 2011. конс. 19 February 2011. 
  9. Fraser Cain (September 15, 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. конс. 19 February 2011. 
  10. Charles H. Lineweaver (2001 г). An Estimate of the Age Distribution of Terrestrial Planets in the Universe: Quantifying Metallicity as a Selection Effect. „Icarus“ том  151 (2): 307–313. doi:10.1006/icar.2001.6607. Bibcode2001Icar..151..307L. 
  11. „Pluto Fact Sheet“. Goddard Space Flight Center. NASA. 17 November 2010. конс. 24 February 2011. 

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001900000019ч &1000000000000004700000047м &1000000000000020900000020,9с, +&1000000000000004800000048° &1000000000000001400000014′ &1000000000000023800000023,8″