V444 Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

V404 Лебед

Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 19м &1000000000000324200000032,42с
Деклинација +38° 43′ &1000000000000005400000054″
Прив. величина (V) 7,94
Особености
Спектрален тип O6III-V/WN5
Променлив тип Затемнувачка двојна ѕвезда
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)3,00 км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -2,343±0,049 млс/г
Дек.: -3,670±0,055 млс/г
Паралакса (π)0.7358 ± 0.0289 млс
Оддалеченост4.400 ± 200 сг
(1.360 ± 50 пс)
Апсолутна величина (MV)-5,9
Податоци
A (Бело-син џин)
Маса25 M
Полупречник10 R
Сјајност435.000 L
B (Волф-Рајеова ѕезда)
Маса10 M
Полупречник3 R
Сјајност90.800 L
Температура82.000 K
Други ознаки
V444 Cyg,HD 193576, HIP 100214, WR 139
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

V444 Лебед (V444 Cyg / HD 193576 / HIP 100214 / WR 139) [1] двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед со привидна величина 7,94. Таа е член на јатото „ Беркли 86“ и е на растојание од околу 6.200 светлосни години од Сончевиот Систем .

Системот се состои од топла сина ѕвезда од спектрален тип O6III-V и Волф-Рајеова ѕвезда од типот WN5. Всушност станува збор за затемнувачка двојна ѕвезда со орбитален период од 4,1 дена, со орбитално занесување од ε = 0,03. Растојанието помеѓу двете sвезди е 0,18 AU или 38 сончеви полупречници . Сината ѕвезда е моѓне сјајна ѕвезда, со болометриска сјајност 435.000 пати поголема од сончевата сјајност, Волф-Рајеовата ѕвезда е 90.800 пати посветла од Сонцето. Температурата на површината на ѕвездата достигнува 82.000 К. [2] Набљудуван во рендгенски зраци, парот е посветол од што се очекува доколку поединечно се набљудува секоја од компонентите, оваа појава најверојатно се должи од меѓусебното заемнодјство на ѕвездените ветрови од двете sвезди, чија температура може да достигне неколку десетици милиони К, со што се придонесува за поголемото зрачење на рендгенски зраци.[3]

Сината ѕвезда е 25 пати помасивна од Сонцето, а придружникот има маса од 10 сончеви маси. Како и останатите Волф-Рајеови ѕвезди, оваа компонента на системот губи маса со стапка од 0,6×10−5 сончеви маси годишно, додека пак сината ѕвезда тоа го прави со стапка, која е десет пати помала. Полупречникот на второта компонента е 10 пати поголем од сончевиот радиус и оној на Волф-Рајеовата ѕвезда е 3 пати поголем од оној на нашето Сонце.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. HD 193576 -- Wolf-Rayet Star (SIMBAD)
  2. Lamers, H. J. G. L. M.; Nugis, T. (2002). "An explanation for the curious mass loss history of massive stars: From OB stars, through Luminous Blue Variables to Wolf-Rayet stars". Astronomy and Astrophysics. 395. pp. L1-L4.CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  3. 3,0 3,1 Bhatt, Himali; Pandey, J. C.; Kumar, Brijesh; Singh, K. P.; Sagar, Ram (2010). "X-ray emission characteristics of two Wolf-Rayet binaries: V444 Cyg and CD Cru". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 402 (3). pp. 1767-1779.CS1 maint: multiple names: authors list (link)