WR 135
Податоци од набљудување Епоха 2000 Рамноденица 2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 11м [1] | 53,52729с
Деклинација | 36° 11′ [1] | 50,5323″
Прив. величина (V) | 8,11[2] (8.06 - 8.16[3]) |
Особености | |
Развојна фаза | Волф-Рајеова |
Спектрален тип | WC8[4] |
U−B Боен показател | −0,36[2] |
B−V Боен показател | +0,02[2] |
Променлив тип | WR[3] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −2.635[5] млс/г Дек.: −6.081[5] млс/г |
Паралакса (π) | 0.4746 ± 0.0326[5] млс |
Оддалеченост | 6.900 ± 500 сг (2.100 ± 100 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −4,78[4] |
Податоци | |
Маса | 13,6[4] M☉ |
Полупречник | 4,24[4] R☉ |
Сјајност | 250.000[4] L☉ |
Температура | 63.000[4] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
WR 135 — променлива Волф-Рајова ѕвезда која се наоѓа на растојание од околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието на Лебед, опкружена со слаба меуреста маглина која е развеана од интензивното зрачење и брзиот ветар од ѕвездата. Таа има полупречник трипати поголем од полупречникор на Сонцето, но поради температурата од 63.000 К е 190.000 пати посјајна од Сонцето.
WR 135, заедно со WR 134 и WR 137, е една од трите ѕвезди во соѕвездието Лебед забележани во 1867 година кои имаат невообичаени спектри кои се состојат од интензивни оддавни линии, наместо со нормални непрекинати линии и линии на впивање . Ова беа првите членови на класата на ѕвезди кои се наречени Волф-Рајеови (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои први го забележале нивниот необичен изглед.[6] Таа е член на јаглеродната секвенца на WR ѕвезди, што укажува на недостаток на азотни линии и е потврда за јачината на јаглеродното оддавање. WR 135 има спектар со оддавност C III малку посилна од C IV, што доведува до одредување на спектралниот тип WC8 . Спектарот исто така покажува силниоддавности на He I и послаби линии на He II и C II .[7]
WR 135 е помалку од еден степен подалеку од WR 134 и се верува дека двете ѕвезди се на приближно исто растојание од Земјата во рамките на ѕвезденото здружение Лебед OB3.[8] Двете ѕвезди се наоѓаат во обвивка на водород за која се смета дека бил зафатена од меѓуѕвездената средина кога една или двете ѕвезди биле на главната низа. Обвивката има пречник од повеќе од четириесет парсеци и содржи околу 1,830 M☉ на водород. Не е познато која од двете ѕвезди е причината за создавањето на обвивката.[9]
WR 135 има два поблиски придружници. HD 228235 е ѕвезда со привидна величина 11 на растојание од 53 " а има и ѕвезда со величина 12-та на растојание од 41".[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ 3,0 3,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Sander, A.; Hamann, W.-R.; Todt, H. (2012). „The Galactic WC stars. Stellar parameters from spectral analyses indicate a new evolutionary sequence“. Astronomy & Astrophysics. 540: A144. arXiv:1201.6354. Bibcode:2012A&A...540A.144S. doi:10.1051/0004-6361/201117830.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ Murdin, P. (2001). „Wolf, Charles J E (1827-1918)“. The Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. стр. 4101. Bibcode:2000eaa..bookE4101.. doi:10.1888/0333750888/4101. ISBN 0333750888.
- ↑ Hiltner, W. A.; Schild, R. E. (1966). „Spectral Classification of Wolf-Rayet Stars“. Astrophysical Journal. 143: 770. Bibcode:1966ApJ...143..770H. doi:10.1086/148556.
- ↑ Gervais, Simon; St-Louis, Nicole (1999). „A Large H I Shell surrounding the Wolf-Rayet Star HD 191765“. The Astronomical Journal. 118 (5): 2394. Bibcode:1999AJ....118.2394G. doi:10.1086/301065.
- ↑ Sitnik, T. G.; Lozinskaya, T. A. (2009). „Structure and kinematics of the interstellar medium around WR 134 and WR 135“. Astronomy Letters. 35 (2): 121. Bibcode:2009AstL...35..121S. doi:10.1134/S1063773709020066.
- ↑ Mason, Brian D.; Wycoff, Gary L.; Hartkopf, William I.; Douglass, Geoffrey G.; Worley, Charles E. (2001). „The 2001 US Naval Observatory Double Star CD-ROM. I. The Washington Double Star Catalog“. The Astronomical Journal. 122 (6): 3466. Bibcode:2001AJ....122.3466M. doi:10.1086/323920.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Wolf-Rayet shells showing a spectrum of WR 135
- WR134 Ring Nebula with WR 135 visible in the top left corner