WR 134

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
WR 134
Податоци од набљудување
Епоха 2000      Рамноденица 2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 10м &1000000000001419300000014,193с[1]
Деклинација 36° 10′ &1000000000000350700000035,07″[1]
Привидна величина (V)8.08[2]
Особености
Спектрален типWN6-s[3]
U−B боен показател−0.44[2]
B−V боен показател0.00[2]
Променлив типАлгол[4]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: −5.128[5] mas/yr
Dec.: −8.323[5] mas/yr
Паралакса (π)0.5418 ± 0.0308[5] mas
Растојание6000 ± 300 ly
(1800 ± 100 pc)
Апсолутна величина (MV)-5.09[3]
Податоци
Маса18[3] M
Полупречник5.25[3] R
Сјајност407,000[3] L
Температура63,100[3] K
Други ознаки
V1769 Cygni, BD+35° 4001, HD 191765, WR 134, HIP 99377, SAO 69541
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

WR 134променлива Волф-Рајеова ѕвезда на растојание од околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието на Лебед, опкружена со слаба меурчеста маглина, која е развеана од интензивното зрачење и брзиот ветар од ѕвездата. Таа е со полупречник пет пати поголем од полупречникот на Сонцето, но поради температурата над 63.000 К, таа е 400.000 пати посветла од Сонцето.

WR 134 е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година, која имала невообичаени спектри кои се состојат од интензивни оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии и впивни линии. Ова е еден од првите членови на класата на ѕвезди кои подоцна се наречени Волф-Рајови ѕвезди (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед. [6] Станува збор за член на азотната секвенца на WR-ѕвезди, додека другите две ( WR 135 и WR 137 ) се и членови на јаглеродната секвенца, кои исто така имааат OB придружници. WR 134 има спектар со оддавност N III и N IV која е два до пет пати посилна од N V, што доведува до одредување на спектралниот тип WN6. Спектарот исто така покажува силни оддавности на He II и послаби линии на He I и C IV . [7]

WR 134 се класифицира како затемнувачка променлива ѕвезда од типот на Алгол и има ознака V1769 Лебед, но промената не е строго периодична и промените на сјајноста се случуваат во временски периоди од неколку часови до денови. Неколку пати е испитано дали постојат придружници. Морел објавил примарен период од 2,25 денови, но сметал дека промените се должат на ротациона модулација, а не на можноста од постоење на придружник. [8] Рустамов наведува на орбитален период од 1,887 денови со можен придружник К-М џуџе, но со дополнителни оптички промени. [9]

Од WR 134 се оддаваат тврди и меки рендгенски зраци, но изворите не се целосно објаснети. Оддавањето не се совпаѓа со ниедна ѕвезда со таа температура, што е пак недоволно за судири меѓу ветровите помеѓу двете топли ѕвезди, и секој компактен извор, како што е неутронска ѕвезда или ладно џуџе, би биле во невозможна орбита. [10]

WR 134 е за помалку од еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на здружението на ѕвезди Лебед OB3. [11] Двете ѕвезди се сместени во обвивка на водород за кој се смета дека е зафатена од меѓуѕвездената средина кога едната или двете ѕвезди биле на главната низа. Обвиката има пречник од четириесет парсеци и содржи водород со маса од околу 1,830 M. Не е познато која од двете ѕвезди е причината за создавањето на обвивката. [12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Van Leeuwen, F.. Validation of the new Hipparcos reduction. „Astronomy and Astrophysics“ том  474 (2): 653. doi:10.1051/0004-6361:20078357. Bibcode2007A&A...474..653V. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Ducati, J. R.. VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system. „CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues“ том  2237. Bibcode2002yCat.2237....0D. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Sota, A.; Maíz Apellániz, J.; Morrell, N. I.; Barbá, R. H.; Walborn, N. R.; Gamen, R. C.; Arias, J. I.; Alfaro, E. J.; и др. (2019). The Galactic WN stars revisited. Impact of Gaia distances on fundamental stellar parameters. „arXiv:1904.04687 [astro-ph.SR]“. 
  4. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.. VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013). „VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S“ том  1. Bibcode2009yCat....102025S. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  6. Murdin, P. (2001). „Wolf, Charles J E (1827-1918)“. The Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. стр. 4101. doi:10.1888/0333750888/4101. ISBN 0333750888. Bibcode2000eaa..bookE4101.. 
  7. Hiltner, W. A.; Schild, R. E.. Spectral Classification of Wolf-Rayet Stars. „Astrophysical Journal“ том  143: 770. doi:10.1086/148556. Bibcode1966ApJ...143..770H. 
  8. Morel, T.; Marchenko, S. V.; Eenens, P. R. J.; Moffat, A. F. J.; Koenigsberger, G.; Antokhin, I. I.; Eversberg, T.; Tovmassian, G. H.; и др.. A 2.3 Day Periodic Variability in the Apparently Single Wolf‐Rayet Star WR 134: Collapsed Companion or Rotational Modulation?. „The Astrophysical Journal“ том  518: 428. doi:10.1086/307250. Bibcode1999ApJ...518..428M. 
  9. Rustamov, D. N.; Cherepashchuk, A. M.. Spectral and photometric studies of the Wolf-Rayet star WR 134 = HD 191765. „Astronomy Reports“ том  56 (10): 761. doi:10.1134/S1063772912100058. Bibcode2012ARep...56..761R. 
  10. Skinner, S. L.; Zhekov, S. A.; Güdel, M.; Schmutz, W.; Sokal, K. R.. X-Ray Emission from Nitrogen-Type Wolf-Rayet Stars. „The Astronomical Journal“ том  139 (3): 825. doi:10.1088/0004-6256/139/3/825. Bibcode2010AJ....139..825S. 
  11. Gervais, Simon; St-Louis, Nicole. A Large H I Shell surrounding the Wolf-Rayet Star HD 191765. „The Astronomical Journal“ том  118 (5): 2394. doi:10.1086/301065. Bibcode1999AJ....118.2394G. 
  12. Sitnik, T. G.; Lozinskaya, T. A.. Structure and kinematics of the interstellar medium around WR 134 and WR 135. „Astronomy Letters“ том  35 (2): 121. doi:10.1134/S1063773709020066. Bibcode2009AstL...35..121S. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]