Кеплер-186

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-186[1]
Kepler-186.svg
Кеплер-186 е во црвениот круг на сликата.
(2MASS)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 54м &1000000000036653600000036,6536с[2]
Деклинација +43° 57′ &1000000000018025900000018,0259″[2]
Привидна величина (V)15,29[3]
Особености
Спектрален типM1V[4]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: 2.099±0.041[2] mas/yr
Dec.: −4.361±0.042[2] mas/yr
Паралакса (π)5.6020 ± 0.0244[2] mas
Растојание582 ± 3 ly
(178.5 ± 0.8 pc)
Податоци
Маса0,544 ± 0,02[4] M
Полупречник0,523 ± 0,02[4] R
Сјајност (болометричка)0,055 +0.011
−0.006
[4] L
Температура3.755 ± 90[4] K
Вртење34.404±0.075 days[5]
Старост4,0 ± 0,6[4] Гг.
Други ознаки
KIC 8120608, KOI-571,
2MASS J19543665+4357180

Кеплер-186црвено џуџе од главната низа од спектрален тип M1, на растојание од 178,5 парсеци (582 светлосни години) во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е малу поладна од Сонцето, со половина од металичноста. Познати се пет планети во орбита околу ѕвездата, вклучувајќи ја и првата забележана планета со големина на Земјата во животопогодниот појас: Кеплер-186f.[6] Ѕвездата е домаќин и на други четири планети, но Кеплер-186 b, c, и d се премногу блиску до ѕвездата, но e во близина на внатрешниот раб на животопогодниот појас.

Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Направени се бројни мерења со кои се определени бројни параметри на ѕвездата.[7][8] Во инфрацрвениот/микробрановиот ЕМ-спектар[1] нејзиниот H-појас е со величина 11,605, J-појас со величина од 12,473 и K-појас со величина 11,605. Во видливиот фотометрички систем величината е 14,90(R)(кон црвено во видливиот дел на спектарот) и 16,40(B)(кон синиот дел на спектарот)[7] (Погледајте привидна величина.) Станува збор за BY Змеј променлива менувајќи ја својата сјајност минимално, најверојатно поради ѕвездени дамки, со период од 33,695 денови.[9]

Ѕвездата е црвено џуџе на граница да стане портокалово џуџе, со маса приближно половин од масата на Сонцето, со густина ~1.59 x 105 kg/m3.

Откривање на планетарниот систем[уреди | уреди извор]

По собирање на податоци во текот на две години, најдени се сигнали за постоење на внатрешни планетарни кандидати. разговори за планетите во системот се воделе во текот на август и ноември 2013 година.[10] Во февруари 2014 година, биле потврдени планетитепреку повеќе различни методи. Петиот најдалечен кандидат бил потврден на ист начин во април 2014 година.[11] Можноста сигналите да потекнуваат од други сигнали биле отфрлени преку истражувањата на Кековата и опсерваторијата Џемини, користејќи спекл интерферометрија и техники на адаптивна оптика, која, не била во можност да ги раздели планетите од ѕвездата, но биле доволни за да се отфрлат другите можности за сигналите.[12]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Планетарен систем Кеплер-186
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b 0,0378 3,8867907 <0,24 83,65° 1,08 R
c 0,0574 7,267302 <0,24 85,94° 1,25 R
d 0,0861 13,342996 <0,25 87,09° 1,39 R
e ~2,29 M 0,1216 22,407704 <0,24 88,24° 1,33 R
f ~1,4 M 0,356 129,9444 <0,04 89,9° 1,17 R

Петте планети забележани во орбита околу Кеплер-186 се очекува да имат цврста површина. Најмалата, Кеплер-186b, е за само 8% поголема од Земјата, додека пак најголемат, Кеплер-186d, е скоро 40% поголема.

Првите четири планети се најверојатно плимно сврзани, но Кеплер-186f е поделеку, каде плимните ефекти на ѕвездата се послаби, па не успеале доволно да ја успорат планетата. Поради спориот развој на црвените џуџиња, работ на системот Кеплер-186 е слабо дефиниран, но се верува дека ѕвездате веројано постара од неколку милијарди години.[13] Шансите планетата да е плимно сврзана се 50-50. Бидејќи е поблиску до ѕвездата отколку земјата до Сонцето, веројатно ќе се врти многу поспоро од Земјата, деноноќието можно е да трае недели или месеци (Погледајте плимни ефекти на брзина на вртење, наклон и орбита).[14]

Симулациите за создавање на планетите покажале дека можно е да постои уште една дополнителна планета со мала маса која не минува пред ѕвездата меѓу планетите Кеплер-186e и Кеплер-186f. Ако постои оваа планета, веројатно е дека е нешто помасивна од Земјата. ако е помасивна, нејзиното гравитационо влијание би спречило Кеплер-186f да мине пред ѕвездата.[13] Влијание кои го вклучуваат Тициус-Бодевиот закон, (и сличниот Дермотов закон) постои веројатност за уште неколку планети во системот две помали меѓу e и f и уште една поголема подалеку од f.[15]

Малата металичност на ѕвездата од-0.26, или кажано поинаку, половина од онаа на Сонцето,[6] се поврзува со помалата шанза за постоење на планети особено џинови но значителное поголема шансата за постоење на земјовидни планети.[16]

Именување[уреди | уреди извор]

Проект Кеплер[уреди | уреди извор]

Како што се одвивала мисијата Кеплер првичните ознаки за кандидатите биле внесувани во внесниот Кеплеров каталог (KIC), и подоцна преминува во кандидатите за планети односно занимливи Кеплерови тела (KOI). Па така Кеплер-186 имала прво ознака KIC 8120608 а подоцна KOI 571.[17]

Надвор од мисијата Кеплер[уреди | уреди извор]

Надвор од мисијата Кеплер, каталогот на прегледот 2MASS ја каталогизирал оваа ѕвезда како 2MASS J19543665+4357180.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 SIMBAD, KIC8120608
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  3. Souto, Diogo; Cunha, Katia; Garcia-Hernandez, D. A.; Zamora, Olga; Allende Prieto, C.; Smith, Verne; Mahadevan, Suvrath; Blake, Cullen; и др.. Chemical Abundances of M-dwarfs from the APOGEE Survey. I. The Exoplanet Hosting Stars Kepler-138 and Kepler-186. „The Astrophysical Journal“ том  835 (2): 239. doi:10.3847/1538-4357/835/2/239. Bibcode2017ApJ...835..239S. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Kepler-186 f“. NASA Exoplanet Archive. конс. 19 July 2016. 
  5. McQuillan, A.; Mazeh, T.; Aigrain, S.. Stellar Rotation Periods of The Kepler objects of Interest: A Dearth of Close-In Planets Around Fast Rotators. „The Astrophysical Journal Letters“ том  775 (1): L11. doi:10.1088/2041-8205/775/1/L11. Bibcode2013ApJ...775L..11M. 
  6. 6,0 6,1 Quintana, E. V.; Barclay, T.; Raymond, S. N.; Rowe, J. F.; Bolmont, E.; Caldwell, D. A.; Howell, S. B.; Kane, S. R.; и др. (18 април 2014 г). An Earth-Sized Planet in the Habitable Zone of a Cool Star. „Science (journal)“ том  344 (6181): 277–280. doi:10.1126/science.1249403. PMID 24744370. Bibcode2014Sci...344..277Q.  free version = http://www.nasa.gov/sites/default/files/files/kepler186_main_final.pdf
  7. 7,0 7,1 VizieR Detailed Page for 2MASS 19543665+4357180, "This publication makes use of data products from the Two Micron All Sky Survey, which is a joint project of the University of Massachusetts and the Infrared Processing and Analysis Center/California Institute of Technology, funded by the National Aeronautics and Space Administration and the National Science Foundation."
  8. VizieR Detailed Page, KIC 8120608, Kepler Input Catalog (Kepler Mission Team, 2009)
  9. „KIC 8120608“. The International Variable Star Index, Version 1.1 [C]. American Association of Variable Star Observers (AAVSO). конс. April 19, 2014. 
  10. Glister, Paul (5 November 2013). „Earth-Sized Planets in Habitable Zone Common“. Centauri Dreams. Архивирано од изворникот на 19 April 2014.  See comment by "Holger 16 November 2013 at 14:21".
    ^ redakce ["editor"] (6 August 2013). „Kepler (asi) našel obyvatelnou planetu o velikosti Země“ [Kepler (probably) found a habitable planet the size of Earth] (Czech). exoplanety.cz. Архивирано од изворникот на 20 August 2013. 
    ^ „Kepler: Erster Kandidat einer habitablen Exoerde Veröffentlicht“ [Kepler: First candidate of a habitable Exoplanet Published]. Zauber der Sterne [Magic of the stars] (German). 19 August 2013. Архивирано од изворникот на 27 September 2013. 
    ^ Bovaird, Timothy; Lineweaver, Charles H.. Exoplanet Predictions Based on the Generalised Titius-Bode Relation. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  435 (2): 14–15. doi:10.1093/mnras/stt1357. Bibcode2013MNRAS.435.1126B. 
  11. Wall, Mike (26 February 2014). „Population of Known Alien Planets Nearly Doubles as NASA Discovers 715 New Worlds“. Space.com. конс. 26 February 2014. 
  12. Elisa Quintana; Steve Howell (Apr 17, 2014). „First potentially habitable Earth-sized planet confirmed by Gemini and Keck Observatories“. Press Release. Gemini Observatory. конс. April 23, 2014. 
  13. 13,0 13,1 Formation, tidal evolution and habitability of the Kepler-186 system, Emeline Bolmont, Sean N. Raymond, Philip von Paris, Franck Selsis, Franck Hersant, Elisa V. Quintana, Thomas Barclay, (Submitted on 16 Apr 2014)
  14. Staff. „Kepler 186f - A Planet in the Habitable Zone (video)“. Hangout On-Air. SETI Institute. Архивирано од изворникот на 2014-04-18. конс. 2014-04-18. 
  15. Bovaird, Timothy; Lineweaver, Charles H.. Exoplanet Predictions Based on the Generalised Titius-Bode Relation. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  435 (2): 14–15. doi:10.1093/mnras/stt1357. Bibcode2013MNRAS.435.1126B. 
  16. J. S. Greaves; D. A. Fischer; M. C. Wyatt (10 ноември 2005 г). Metallicity, debris discs and planets. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  366 (1): 283–286. doi:10.1111/j.1365-2966.2005.09848.x. ISSN 1365-2966. Bibcode2006MNRAS.366..283G. http://www.ast.cam.ac.uk/~wyatt/gfw05.pdf. посет. 20 април 2014 г. 
  17. Rowe, Jason F.. Validation of Kepler's Multiple Planet Candidates. III: Light Curve Analysis & Announcement of Hundreds of New Multi-planet Systems (Revision 8.0). „The Astrophysical Journal“ том  784 (1): 45. doi:10.1088/0004-637X/784/1/45. Bibcode2014ApJ...784...45R. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]