Кеплер-186f

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кеплер-186f[1][2]
Егзопланета Список на егзопланети
Exoplanet Comparison Kepler-186 f.png
Зпоредба на големината на Кеплер-186 f со Земјата
Матична ѕвезда
Ѕвезда Кеплер-186
Соѕвездие Лебед
Рекстацензија (α) 19ч 54м &1000000000003665100000036,651с
Деклинација (δ) +43° 57′ &1000000000000180600000018,06″
Привидна величина (mV) 14.625
Оддалеченост 492±59 сг
(151±18[lower-alpha 1] пс)
Физички особености
Полупречник (r) 1.11±0.14,[lower-alpha 2] 1.13–1.17[lower-alpha 3] R
Орбитални елементи
Голема полуоска (a) 0.356±0.048,[lower-alpha 2] 0.393–0.408[lower-alpha 3] ае
Орбитален период (P) 129.9459±0.0012[lower-alpha 2] д
Наклон (i) 89.9°
Информации за откривањето
Време на откривање 17 април 2014
Откривач(и)
Метод на откривање Премин
Место на октривање Вселенска опсерваторија „Кеплер“
Статус на откривање рецензирана научна статија
Други ознаки
KOI-571.05

Кеплер-186fегзопланета која орбитира околу црвеното џуџе Кеплер-186,[4][5][6] на околу 500 светлосни години од Земјата.[1] Ова е првата планета со полупречник сличен на Земјиниот, и воедно да се наоѓа во зоната погодна за живот на друга ѕвезда. Откриена од вселенскиот телескоп „Кеплер“ на НАСА со помош на методот на премин, покрај останатите четири планети кои орбитираат поблизу до ѕвездата (сите малку поголеми од Земјата).[5] Потребни беа три години анализирање на податоците за да се открие нејзиниот сигнал.[7] Резултатите првично беа објавени на конференција на 19 март 2014 г.[8] и некои од поединечните детали беа објавени од медиумите во исто време.[9][10] Првото целосно јавно соопштение беше на 17 април 2014 г., [2] по што следеше објава во списанието Наука.[1]

Орбитални параметри во однос на зоната погодна за живот[уреди | уреди извор]

Споредба на Кеплеровиот-186 систем и Сончевиот систем од (17 април 2014 г.)[5]

Кеплер-186f орбитира ѕвезда со околу 4% од Сончевата сјајност со орбитален период од 129,9 дена и орбитален полупречник од околу 0,36[1] или 0,40[3] пати од оној на Земјата (споредено со 0,39 ае за Меркур). Зоната погодна за живот за овој систем е проценета дека се протега на растојанија кој добиваат 88% до 25% од Земјиното осветлување (од 0,22 до 0,40 ае).[1] Кеплер-186f добива околу 32%, што го става во зоната но во близина на надворешниот раб, слично како и со местоположбата на Марс во нашиот Сончев систем.[1] Ѕвездениот тек кој го прима Кеплер-186f е сличен со оној на Глизе 581d.[1]

Маса, густина и состав[уреди | уреди извор]

Единственото физичко својство кое може да се добие директно од набљудувањата (покрај орбиталниот период) е односот на полупрачникот на планетата со тој на матичната ѕвезда, кој се добива како количество на окултација на ѕвездена светлина за време на преминот. При мерењето овој однос изнесувал 0,021.[1] Ова дава вредност за планетарниот полупречник од 1,11±0,14 пати од оној на Земјата,[2][5] земајќи ја во предвид и несигурноста на ѕвездениот дијаметар и степенот на окултација. Оттука, се добива дека планетата има полупречник кој е поголем од полупречникот на Земјата за околу 11% (меѓу 4,5%помал и 26,5% поголем), со што се добива зафатнина која е поголема од Земјината за 1,37 пати (меѓу 0.87 и 2.03 пати).

Имаме можности за најразлични маси кои можат да се пресметаат со земање во предвид на полупречникот со густините добиени од можните видови на материја од која можат да бидат изградени планетите, може да биде каменеста земјовидна планета или со мала густина океанска планета со густа атмосфера. Но не и, масивна атмосфера од водород/хелиум (H/He), бидејќи е неверојатно планета со полупречник помал од 1,5 R. Планетите со полупречник поголем од 1,5 пати од оној на Земјата имаат способност да насоберат густи атмосфери кои би ги направиле непогодни за живот.[11] Црвените џуџиња одаваат многу посилно екстремно ултравиолетово зрачење (XUV) кога се млади а помалку во подоцнежниот развој, планетарната првична атмосфера би била изложена на повишено светлинско испарување (фотоевапорација) за време на тој период, кое пак во голема мера ќе ја отстрани секоја H/He-богата обвивка низ хидродинамичкото напуштање на атмосферата.[1]

Проценките за масата се менуваат од 0,32 M за планета целата од вода/мраз до 3,77 M ако целата е од железо (и двете невозможни екстреми). За тело со полупречник од 1,11 R, и состав сличен на Земјиниот (1/3 железо, 2/3 силикатен камен) дава маса од околу 1,44 M,[1] земајќија во предвид поголемата густина поради поголемиот просечен притисок спореден со оној на Земјата. Кеплер-186f има показател за сличност со Земјата (ПСЗ) од 0,64.[12]

Белешки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 doi:10.1126/science.1249403
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
    „Free version“ (PDF). архивирано од оригиналот на 18 април 2014. https://web.archive.org/web/20140418183443/http://www.nasa.gov/sites/default/files/files/kepler186_main_final.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Johnson, Michele; Harrington, J.D. (17 април 2014). „NASA's Kepler Discovers First Earth-Size Planet In The 'Habitable Zone' of Another Star“. NASA. архивирано од оригиналот на 17 април 2014. http://web.archive.org/web/20140417193315/http://www.nasa.gov/ames/kepler/nasas-kepler-discovers-first-earth-size-planet-in-the-habitable-zone-of-another-star/. 
  3. 3,0 3,1 Bolmont, Emeline; Raymond, Sean N.; von Paris, Philip; Selsis, Franck; Hersant, Franck; Quintana, Elisa V.; Barclay, Thomas (Submitted 16 April 2014). Formation, tidal evolution and habitability of the Kepler-186 system. 1404. arXiv. стр. 4368. Bibcode2014arXiv1404.4368B. http://arxiv.org/abs/1404.4368. 
  4. Chang, Kenneth. „Scientists Find an 'Earth Twin', or Maybe a Cousin“, „New York Times“, 17 април 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Chang, Alicia. „Astronomers spot most Earth-like planet yet“, 17 април 2014.
  6. Morelle, Rebecca. „'Most Earth-like planet yet' spotted by Kepler“, „BBC News“, 17 април 2014.
  7. Quintana, Elisa (17 април 2014). „Kepler 186f – First Earth-sized Planet Orbiting in Habitable Zone of Another Star“. SETI Institute. SETI Institute. архивирано од оригиналот на 18 април 2014. http://web.archive.org/web/20140418172317/http://www.seti.org/seti-institute/kepler-186f-first-earth-sized-planet-orbiting-in-habitable-zone-of-another-star. 
  8. Staff (16 март 2014). „EBI – Search for Life Beyond the Solar System 2014 – Exoplanets, Biosignatures & Instruments“. EBI2014. архивирано од оригиналот на 18 април 2014. http://web.archive.org/web/20140418174129/https://www.regonline.com/builder/site/tab1.aspx?EventID=1261706.  See session 19 March 2014 – Wednesday 11:50–12:10 – Thomas Barclay: The first Earth-sized habitable zone exoplanets.
  9. Klotz, Irene (20 март 2014). „Scientists Home In On Earth-Sized Exoplanet“. Discovery Communications. архивирано од оригиналот на 18 април 2014. http://web.archive.org/web/20140418172250/http://news.discovery.com/space/alien-life-exoplanets/scientists-home-in-on-earth-sized-exoplanet-140320.htm. 
  10. Woollaston, Victoria (24 март 2014). „Has NASA found a new Earth? Astronomer discovers first same-sized planet in a 'Goldilocks zone' that could host alien life“. Daily Mail. архивирано од оригиналот на 25 март 2014. http://web.archive.org/web/20140325040106/http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2588005/Has-Nasa-new-Earth-Astronomer-discovers-sized-planet-Goldlocks-zone-host-alien-life.html. 
  11. NASA Kepler telescope discovers planet believed to be most Earth-like yet found“, „The Guardian“, 17 април 2014.
  12. Mendez Torres, Abel (17 април 2014). „First Potentially Habitable Terran World“. Press Releases. Planetary Habitability Laboratory. архивирано од оригиналот на 19 април 2014. http://web.archive.org/web/20140419145352/http://phl.upr.edu/press-releases/firstpotentiallyhabitableterranworld. 


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „lower-alpha“, но нема соодветна ознака <references group="lower-alpha"/>, или пак недостасува завршно </ref>.