Пеликан (маглина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеликан (маглина)
маглина
Маглината Пеликан (IC5070 и IC5067)
Податоци од набљудување: епоха J2000,0
Ректасцензија20h 50m 48.0s
Деклинација+44° 20′ 60.0"
Оддалеченост1.800 сг
Привидна величина (V)8.0
Привидни димензии (V)60' x 50'
СоѕвездиеЛебед
ОзнакиIC 5070 и IC 5067
Поврзано: Списоци на маглини

Пеликан (маглина) (позната и како IC 5070 и IC 5067[1]) — H II-област поврзана со маглината Северна Америка во соѕвездието Лебед. Контурите на гасовите на оваа оддавна маглина наликуваат на пеликан, по што и го добила името.[1] Маглината Пеликан е со местоположба близу светлата ѕвезда Денеб, и е раздвоена од својот поизразен сосед, маглината Северна Америка, од молекуларен облак исполнет со темна прашина.

Маглината е многу изучувана поради тоа што е особена активна мешавина од ѕвездородна област и развојни гасни облаци. Светлината од енергетските млади ѕвезди полека го трансформира ладниот гас во топол и се предизвикува јонизационен фронт полека да напредува нанапред. Особено густите делови ладен гас сè уште опстојуваат, и меѓу нив има два млаза оддадени од Хербогова-Ароовото тело 555.[1] По милиони години од сега оваа маглина повеќе нема повеќе да се нарекува Пеликан, како што рамнотежата и местоположбата на ѕвездите и гасот ќе создадат нешто сосема поинакво.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Pelican Nebula Close-up
  2. North America and the Pelican
  3. Nebulae in the Northern Cross
  4. IC 5067 in the Pelican Nebula
  5. Northern Cygnus

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000002000000020ч &1000000000000005100000051м &1000000000000000000000000с, +&1000000000000004400000044° &1000000000000002400000024′ &1000000000000000600000006″

  1. 1,0 1,1 1,2 Nemiroff, Robert; Jerry Bonnell (2011-11-26). „Astronomy Picture of the Day - Pelican Nebula Close-up“. Посетено на 26 November 2011. designated IC 5067