33 Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
33 Лебед
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 13м &1000000000238666100000023,86661с[1]
Деклинација +56° 34′ &1000000000003799900000003,7999″[1]
Прив. величина (V) 4,28[2]
Особености
Развојна фаза главна низа[3]
Спектрален тип A3 IV–Vn[4]
B−V Боен показател 0.114±0.001[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−16.13±2.53[5] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +61,82[1] млс/г
Дек.: +82,18[1] млс/г
Паралакса (π)20.48 ± 0.12[1] млс
Оддалеченост159,3 ± 0,9 сг
(48,8 ± 0,3 пс)
Апсолутна величина (MV)0,84[2]
Податоци [3]
Маса2.33±0.01 M
Полупречник2,76[6] R
Сјајност44.3±1.0 L
Температура8,395+97
−96
K
Вртежна брзина (v sin i)243 км/с
Други ознаки
33 Cyg, BD+56°2376, FK5 758, HD 192696, HIP 99655, HR 7740, SAO 32378, WDS J20145+3648A[7]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

33 Лебед — единечна[8] ѕвезда на растојание од 159 светлосни година во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со голо око како бела ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,28.[2] Ѕвездата се приближува кон Земјата со хелиоцентрична радијална брзина од −16 км/s.[5] Еген (1995) ја наведува како ѕвезда со сопствено движење, можен кандидат за член на суперјатото IC 2391.[9]

Оваа ѕвезда е со ѕвездена класификација, A3 IV–Vn,[4] имајќи спектар со особесости кои ја сместуваат да биде или бела ѕвезда на главната низа или пак е развиена подџиновска ѕвезда. Додавката 'n' означува „маглинести“ впивни линии поради големата вртежна брзина. Се претпоставува дека е со старост од 400[8] милиони години со предвидена вртежна брзина од 243 км/s.[3] Поради оваа голема брзина ѕвездата има сплескан облик со изразена екваторска испапченост што е дава полупречник за 28% поголем од пречникот на половите.[10]

33 Лебед има за 2,33[3] пати поголема маса од Сонцето и полупречник за 2,76[6] пати поголем од Сончевиот полупречник. Ѕвездата зрачи со сјајност 44 пати поголема од Сончевата сјајност од сопствента фотосфера при ефективна температура од 8.395 K.[3] Од својата површина зрачи вишок на инфрацрвена светлина што пак наведува на постоење на остаточен диск со температура од 500 K на средно растојание од 1.80 ае од матичната ѕвезда.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

{{|refs=

[1]

[2]

[3]

[4]

[5]

[6]

[8]

[7]

[9]

[10]

}}

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Zorec, J.; и др. (2012), „Rotational velocities of A-type stars. IV. Evolution of rotational velocities“, Astronomy and Astrophysics, 537: A120, arXiv:1201.2052, Bibcode:2012A&A...537A.120Z, doi:10.1051/0004-6361/201117691.
  4. 4,0 4,1 4,2 Cowley, A.; и др. (April 1969), „A study of the bright A stars. I. A catalogue of spectral classifications“, Astronomical Journal, 74: 375–406, Bibcode:1969AJ.....74..375C, doi:10.1086/110819.
  5. 5,0 5,1 5,2 Becker, Juliette C.; и др. (April 2015), „Extracting Radial Velocities of A- and B-type Stars from Echelle Spectrograph Calibration Spectra“, The Astrophysical Journal Supplement Series, 217 (2): 13, arXiv:1503.03874, Bibcode:2015ApJS..217...29B, doi:10.1088/0067-0049/217/2/29, 29.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Cotten, Tara H.; Song, Inseok (July 2016), „A Comprehensive Census of Nearby Infrared Excess Stars“, The Astrophysical Journal Supplement Series, 225 (1): 24, arXiv:1606.01134, Bibcode:2016ApJS..225...15C, doi:10.3847/0067-0049/225/1/15, 15.
  7. 7,0 7,1 „33 Cyg“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  8. 8,0 8,1 8,2 De Rosa, R. J.; и др. (2014), „The VAST Survey - III. The multiplicity of A-type stars within 75 pc“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 437 (2): 1216, arXiv:1311.7141, Bibcode:2014MNRAS.437.1216D, doi:10.1093/mnras/stt1932.
  9. 9,0 9,1 Eggen, Olin J. (December 1995), „Reality Tests of Superclusters in the Young Disk Population“, Astronomical Journal, 110: 2862, Bibcode:1995AJ....110.2862E, doi:10.1086/117734.
  10. 10,0 10,1 van Belle, Gerard T. (March 2012), „Interferometric observations of rapidly rotating stars“, The Astronomy and Astrophysics Review, 20 (1): 51, arXiv:1204.2572, Bibcode:2012A&ARv..20...51V, doi:10.1007/s00159-012-0051-2.