BD+43° 3654

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
BD+43 3654
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 33м &1000000000003607900000036,079с[1]
Деклинација +43° 59′ &1000000000000073800000007,38″[1]
Привидна величина (V)10.06[2]
Особености
Спектрален типO4If[3]
Привидна величина (B)11,245[1]
Привидна величина (J)6,636[1]
Привидна величина (H)6,198[1]
Привидна величина (K)5,973[1]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: 0.5 ± 1.3[2] mas/yr
Dec.: 2,0 ± 1,3[2] mas/yr
Паралакса (π)0.6057 ± 0.0304[4] mas
Растојание5400 ± 300 ly
(1650 ± 80 pc)
Апсолутна величина (MV)−6,27[1]
Податоци
Маса64,6[1] M
Полупречник18,8 R
Сјајност (болометричка)850.000[5] L
Температура40.422[1] K
Други ознаки
BD+43 3654, GSC 03165-00228, TYC 3165-228-1, 2MASS J20333607+4359075
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

BD+43 3654 — масивен сјаен син суперџин, ѕвезда „бегалка“ во соѕвездието Лебед.

Белези[уреди | уреди извор]

BD+43 3654 е од спектрален тип O4If со маса околу 65 пати поголема од сончевата, и најверојатно 850.000 пати посјајна, и многу млада, возраст која се проценува на 2 милиони години. Нејзиното растојание до Сончевиот Систем се проценува на околу 1,45 килопарсеци (4.700 светлосни години) и се движи со голема брзина низ меѓуѕвездената средина, создавајќи лачен ударен бран.[3]

Потекло[уреди | уреди извор]

Изучувањата на движењето и брзината на BD+43 3654 релативно во однос на другите ѕвезди во блискот, масивно ѕвездено здружение Лебед OB2 наведува н апомислата дека станува збор за ѕвезда „бегалка“, што ја прави да биде најмасивната „бегалка“ во Млечниот Пат (заедно со суперџиновите од спектрален тип O Ламбда Кефеј и Зета Крма).[3] Првично се тврдело дека експлозија на супернова во поранешниот двоен систем предизвикала BD+43 3654 да има голема брзина.[3]

Подоцнежните истражувања покажуваат дека експлозијата на супернова не би создала услови за постоење на толку голема брзина. Земајќи во предвид дека BD+43 3654 е помлада од останатите ѕвезди во Лебед OB2, понудено е друго сценарио во кое BD+43 3654 е масивен син скитник создаден меѓу средбата на два поранешни системи од двојни ѕвезди во јадрото на Лебед OB2. Во ова сценарио, по една од ѕвездите од секој од ситемите ќе експлодира како супернова што пак како остатоци по експлозиите ќе имаме пулсари. B2020+28 и B2021+51 се препознаени како овие пулсари, бидејќи нивната динамика укажува дека тие се исфрлени од Лебед OB2.[6] Последица на подоцнежното сценарио е тоа што најсјајните и најмасивните ѕвезди во Лебед OB2 ќе бидат ѕвезди скитиници.

Друга теорија е дека ѕвездите со големи брзини можно е да ја добиле таа брзина при средба на масивна единечна ѕвезда со близок двоен систем. Ваквата средба се очекува да го насочи цвижењето на системот во спротивна насока од ѕвездата, но досега не е забележана толку масивна двојна ѕвезда која ќе соодвествува на сценариото за BD+43 3654.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Comerón, F.; Pasquali, A.. New members of the massive stellar population in Cygnus. „Astronomy & Astrophysics“ том  543: A101. doi:10.1051/0004-6361/201219022. ISSN 0004-6361. Bibcode2012A&A...543A.101C. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Høg, E.; Fabricius, C.; Makarov, V. V.; Urban, S.; Corbin, T.; Wycoff, G.; Bastian, U.; Schwekendiek, P.; и др.. The Tycho-2 catalogue of the 2.5 million brightest stars. „Astronomy and Astrophysics“ том  355: L27. doi:10.1888/0333750888/2862. Bibcode2000A&A...355L..27H. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Comerón, F.; Pasquali, A.. A very massive runaway star from Cygnus OB2. „Astronomy & Astrophysics“ том  467: L23–L27. doi:10.1051/0004-6361:20077304. Bibcode2007A&A...467L..23C. 
  4. Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  5. Hillier, D. J.; Schaerer, D.; Martins, F.. A new calibration of stellar parameters of Galactic O stars. „Astronomy & Astrophysics“ том  436 (3): 1049–1065. doi:10.1051/0004-6361:20042386. Bibcode2005A&A...436.1049M. 
  6. Gvaramadze, V. V.; Bomans, D. J.. BD+43 3654 - a blue straggler?. „Astronomy & Astrophysics“ том  485 (3): L29–L32. doi:10.1051/0004-6361:200809860. Bibcode2008A&A...485L..29G. 
  7. Gvaramadze, Vasilii V.; Gualandris, Alessia. Very massive runaway stars from three-body encounters. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  410: 304–312. doi:10.1111/j.1365-2966.2010.17446.x. Bibcode2011MNRAS.410..304G.