Кеплер-42

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-42
Artist's conception of Kepler-42.jpg
Уметнички приказ на системот Кеплер-42 (KOI-961)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 28м &1000000000052568800000052,5688с[1]
Деклинација 44° 37′ &1000000000000899000000008,990″[1]
Привидна величина (V)16,12[2]
Особености
Спектрален типM5V[3]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−84,48±0,2[3] km/s
Сопствено движење (μ) RA: 93.126±0.073[1] mas/yr
Dec.: −417.420±0.067[1] mas/yr
Паралакса (π)24.9340 ± 0.0401[1] mas
Растојание130.8 ± 0.2 ly
(40.11 ± 0.06 pc)
Податоци
Маса0.13±0.05[3] M
Полупречник0.17±0.04[3] R
Сјајност2,40x10−3,0±0.3 L
Температура3068±174[3] K
Вртежна брзина (v sin i)2,9±0,4[3] км/с
Други ознаки
2MASS J19285255+4437096, KIC 8561063, LSPM J1928+4437
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-42 или KOI-961црвено џуџе во соѕвездието Лебед и приближно на растојание од 131 светлосна година од Сонцето. Ѕвездата има три познати вонсончеви планети, и сите се со помал полупречник од оној на Земјата,[4] а веројатно истото важи и за нивната маса.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Масата на Кеплер-42 е проценета на 0,13 пати од масата на Сонцето, и има полупречник 0,17 пати од оној на Сонцето, односно, само 1,7 пати поголем од оној на гасовитиот џин Јупитер. Поради својот мал полупречник а со тоа и површина, [сјајност]]а на Кеплер-42 е само 0,24% од онаа на Сонцето. Нејзината металичност е една третина од онаа на Сонцето. Кеплер-42 има значително сопствено движење од 431±8 mas/yr.[3] Поради својата мала големина и ниска температура, животопогодниот појас на ѕвездата е многу поблиску до ѕвездата отколку како што е случајот со Земјата и Сонцето.

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Земјата, Марс и палнетите од овој систем се споредени со Кепелр-20e и Кеплер-20f, првите земјолики планети кои се забележани надвор од Сончевиот Систем
Системот Кеплер-42 спореден со Јупитеровиот систем[note 1]

На 10 јануари 2012 година, користејќи ги податоците добиени од вселенското летало Кеплер се забележани три планети во премин во орбита околу Кеплер-42. Полупречниците на овие планети се движат приближно од големини слични со Марс и Венера. Планетарниот систем Кеплер-42 е вториот познат систем кој содржи планети со полупречници слични или помали со оној на Земјата (првиот беше системот Кеплер-20 прикажан лево). Орбитите на планетите се исто така збиени, што прави системот (чија матична ѕвезда има полупречник споредлив со оној на некои од жешките Јупитери) да наликува на месечевиот систем на џиновските планети како што се Јупитер или Сатурн отколку што наликува на Сончевиот Систем. И покрај малата големина на планетите и фактот што ѕвездата е една од најтемните ѕвезди во полето на набљудување на Кеплер со потврдени планети, откривањето на овие планети било овозможено од малата големина на ѕвездата, што овозможило планетите да блокираат поголем дел од ѕвездената светлина за време на преминот.

Не се познати сите орбитални параметри за системот. На пример, како и што е случајот со сите планети во преми на кои не им се пресметани параметрите со употреба на други методи, како што е на пример методот на радијална брзина, останува непознато орбиталното занесување.

Засновано на орбитите на планетите, сјаноста и ефективната температура на матичмната ѕвезда, може да се пресметаат рамнотежните температури на планетите. Претпоставувајќи крајно високо албедо од 0.9 and и отсуство на Ефект на стаклена градина, надворешната планета Кеплер-42 d ќе има рамнотежна температура од околу 280 K (7 °C),[5] слична со онаа на Земјата од 255 K (−18 °C).[6] Проценките за познатите планети се претствени подолу во табелата:

Споредбена
температура
Кеплер-42c Кеплер-42b Кеплер-42d Земја
Планетарна
рамнотежна
температура
728 K
455 °C
851 °F
524 K
251 °C
483.8 °F
454 K
181 °C
357.8 °F
255 K
−18 °C
−0.4 °F
Наводи:[5][note 2]
Планетарен систем Кеплер-42[2][4][7]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
c <2,06 M 0,006 0,45328509 ± 9,7x10−7 0 0,73 ± 0,20 R
b <2,73 M 0,0116 1,2137672 ± 4.6x10−6 0 0,78 ± 0,22 R
d <0,9 M 0,0154 1,856169 ± 1,4x10−5 0 0,57 ± 0,18 R

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Орбитите се во споредбени големини, но тоа не е случај за матичните тела
  2. Температурни вредности за сите планети при претпоставка на албедо од 0,3, односно албедото на Земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
  2. 2,0 2,1 „Star: KOI-961 – 3 PLANETS“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2012-01-12. конс. 2012-01-12. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Philip S. Muirhead; John Asher Johnson; Kevin Apps; Joshua A. Carter; Timothy D. Morton; Daniel C. Fabrycky; J. Sebastian Pineda; Michael Bottom; и др.. Characterizing the Cool KOIs III. KOI-961: A Small Star with Large Proper Motion and Three Small Planets (на en). „The Astrophysical Journal“ том  747 (2): 144. doi:10.1088/0004-637X/747/2/144. Bibcode2012ApJ...747..144M. 
  4. 4,0 4,1 „KOI-961: A Mini-Planetary System“. NASA Ames Research Center Kepler, A Search for Habitable Planets. NASA Ames Research Center Kepler. 2012-01-11. конс. 2012-01-11. 
  5. 5,0 5,1 „Planet Equilibrium Temperature“. Habitable Exoplanets Catalog. Planetary Habitability Laboratory at the University of Puerto Rico. конс. 29 February 2012. 
  6. „Radiating Equilibrium Temperature“. University of Wisconsin Marathon County - Department of Geology/Geography. Архивирано од изворникот на 3 September 2006. конс. 29 February 2012. 
  7. „How many exoplanets has Kepler discovered?“. 2015-04-09.