BC Лебед
BC Лебед се гледа како црвена ѕвезда (заокружена). Светлата ѕвезда во центарот е γ Лебед и север е на десно. Автор: Ерик Ларсен | |
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 21м | 38,55с
Деклинација | 37° 31′ | 58,9″
Прив. величина (V) | 9,0 - 10,8[1] |
Особености | |
Спектрален тип | M3,5 Ia[2] (M2 - M5[3]) |
B−V Боен показател | +3,13 - +3,21[3] |
Променлив тип | SRc[2] |
Астрометрија | |
Оддалеченост | 1,230[3] пс |
Апсолутна величина (MV) | −7,71[4] |
Податоци [3] | |
Маса | 19 M☉ |
Податоци | |
Minimum (1900) | |
Полупречник | 1.553 R☉ |
Сјајност | 145.000 L☉ |
Температура | 2.858 K |
Податоци | |
Максимум (2000) | |
Полупречник | 856 R☉ |
Сјајност | 112.000 L☉ |
Температура | 3.614 K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
BC Cygni (BC Cyg, HIP 100404, BD + 37 3903) — црвен суперџин и пулсирачка променлива ѕвезда од спектрален тип M3.5Ia во соѕвездието Лебед.
Се смета дека е шлен на здружението Лебед OB1, а со тоа во растуреното јато Беркли 87,2 што пак значи дека е на растојание од 1.500 парсеци (4.890 светлосни години) од Сончевиот Систем; сепак, според мерењата на паралаксата од страна на сателитот Хипаркос (1,20 милилачнисекунди). Таа е на помалку од степен северно од друг иот променлив црвен суперџин, BI Лебед.
За BC Лебед е пресметано дека има температура од 2.858 до 3.614 K и да се менува по сјаност од 112.000 до 145.000 L☉. Големината при неговота најсјајна и најладна состојба полупречникот е пресметан дека изнесува 1.553 R☉ споредено со 856 R☉ во најжешката и најтемната. Станува збор за една од најголемите познати ѕвезди. Доколку се постави на местото на Сонцето, нејзината фотосфера ќе ја надмине и орбитата на Јупитер доколку се земе предвид најголемиот полупречник 1,553 R☉. Со маса од околу 19 M☉, е пресметано дека загубата на ѕвездената маса, како прашина, и гас годишно изнесува 3,2⋅10-9 M☉. Ова маса укажува на фактот дека оваа ѕвезда најверојатно ќе го заврши својот живот како супернова.
Сјајноста на BC Лебед се менува според привидна светлосна величина +9,0 и +10,8 со период од 720 ± 40 дена.[1] Помеѓу 1900 и 2000 година забележано е зголемување просечената сјајност за 0,5 величини.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Kiss, L. L.; Szabó, Gy. M.; Bedding, T. R. (2006). „Variability in red supergiant stars: Pulsations, long secondary periods and convection noise“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 372 (4): 1721. arXiv:astro-ph/0608438. Bibcode:2006MNRAS.372.1721K. doi:10.1111/j.1365-2966.2006.10973.x.
- ↑ 2,0 2,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Turner, David G.; Rohanizadegan, Mina; Berdnikov, Leonid N.; Pastukhova, Elena N. (2006). „The Long-Term Behavior of the Semiregular M Supergiant Variable BC Cygni“. The Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 118 (849): 1533. Bibcode:2006PASP..118.1533T. doi:10.1086/508905.
- ↑ Levesque, Emily M.; Massey, Philip; Olsen, K. A. G.; Plez, Bertrand; Josselin, Eric; Maeder, Andre; Meynet, Georges (2005). „The Effective Temperature Scale of Galactic Red Supergiants: Cool, but Not As Cool As We Thought“. The Astrophysical Journal. 628 (2): 973. arXiv:astro-ph/0504337. Bibcode:2005ApJ...628..973L. doi:10.1086/430901.