Кеплер-86

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-86 [1]
250px
Уметнички приказ на системот Кеплер-86 и неговата планета, Кеплер-86 b, гледани од претпоставената месечина на планетата.
Податоци од набљудување
Епоха J2000[2]      Рамноденица J2000[2]
Соѕвездие Лебед[3]
Ректасцензија 19ч 19м &1000000000003263400000003,2634с[4]
Деклинација 51° 57′ &1000000000045410500000045,4105″[4]
Особености
Спектрален типG[5][note 1]
Привидна величина (J)11.501±0.023[2]
Привидна величина (H)11.182±0.03[2]
Привидна величина (K)11.116±0.022[2]
Привидна величина (B1)12.34[2]
Привидна величина (R1)12.62[2]
B−V боен показател0.072[5]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: 3.366±0.053[4] mas/yr
Dec.: 16.026±0.061[4] mas/yr
Паралакса (π)2.8796 ± 0.0302[4] mas
Растојание1130 ± 10 ly
(347 ± 4 pc)
Апсолутна болометриска величина (Mbol)5.01+0.12
−0.12
[6][note 2]
Податоци
Маса0.94±0.02[7] M
Полупречник1.00±0.05[7] R
Површ. грав. (log g)4.408±0.044[7]
Сјајност (болометричка)0.79+0.09
−0.08
[7] L
Температура5629+42
−45
[7] K
Вртежна брзина (v sin i)1.43±0.08 км/с
Други ознаки
2MASS 19190326+5157453 , KIC 12734750 , PH2
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци


Kepler-86 или PH2[1] или KIC 12735740 (2MASS 19190326+5157453) — жолто џуџе[7][note 1] на растојание од 1,130 сг (350 пс)[4] во соѕвездието Лебед.[3] Со тмпература и големина[5] слична на Сонцето,[8] Кеплер-86 стана позната кога се обзнани дека е матична ѕвезда на една од 42 кандидати планети забележани од Ловците на планети граѓанско-научен проект од втората низа податоци.[9] Кандидатот планета во орбита околу Кеплер-86, е позната како Кеплер-86b, за која е определено дека има можност за забележување од само 0,08%, со што е потврдено постоењето на планетата.[7]

Планетата е со орбита во животопогодниот појас, па така Kepler-86b[1]) е гасовит џин со големина на Јупитер и може да поседува природен сателит погоден да поддржува живот.[9] Извештајот кој го потврди постоењето на планетата бил поднесен на 3 јануари 2013 година.[7] Била забележана од полскиот астроном аматер Рафал Хершковиц кој со својот лаптоп ги обработувал податоците добиени од вселенкото летало Кеплер.[10]

Историја и откритија[уреди | уреди извор]

Вселенското летало Кеплер и неговата мета за потрага во Млечниот Пат.

Кеплер-86b била забележана, заедно со другите 42 планетарни кандидати, од архивските податоци добиени од вселенското летало Кеплер разгледувани од страна на проектот Планетарни ловци, iпри кој доброволци ги разгледуваат светлосните криви од ѕведите мети на Кеплер, кој користејќи метод на планетарен премин можно е да има пропусти од страна на компјутерските програми.[7] Претходно Планетарните ловци помогнале да се потврди постоењето на Кеплер-64b, планета со маса слична на Нептун во четирипланетарен систем.

Сите кандидати од втората низа, вклучувајќи го тука и Кеплер-86b, биле препознаени од научници како Абе Хоекстра, Томас Ли Џејкобс, Дерил Лакруз, Ханс Мартин Швенглер, Рафал Хершковиц и Мајк Шопен меѓу другите, со помо на астрономите од Јејл.[7] Дополнително забележани се и 20 други планетарни кандидати кои се во орбита на животопогодниот појас, но сепак, овие имаат релативно голема веројатност да се сигнали од непланетарни извори.[7]

Иако планетата првично била забележан од страна на Кеплер, имало потреба да се отстранат позадински ѕвезди како извори на планети, сите податоци биле собрани со употреба на инструментот HIRES при Кековата опсерваторија.[7] Резултатите од набљудувањата го потврдиле постоењето на Кеплер-86b со сигурност од „99,9%".[7][9]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Кеплер-86 е матична ѕвезда на една планета, Кеплер-86b, со орбитален период од 282 денови, со што планетата и нејзините постоечки месечини би биле во животопогодниот појас.[9] Температурата во горните слоеви на планетата би била од 185 K (−88 °C; −127 °F) до 303 K (30 °C; 86 °F).[7] Месечина околу Кеплер-86b најверојатно ќе има цврста површина и дополнително стакленички гасови со што би имал течна вода на површината и би била животопогодна.[9]

Планетарен систем Кеплер-86[7]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b 0.828±0.009 282.5255±0.0010 0.41+0.08
−0.29
89.83+0.03
−0.02
°
10.12±0.56 R

Поврзано[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Staff (September 25, 2013). „Congratulations! MT @planethunters: Our 2nd confirmed planet PH2 b has received the alternate Kepler designation of Kepler-86b.“. inagist/@NASAKepler. Архивирано од изворникот на September 27, 2013. конс. September 25, 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Gator Cone Search Result“. The Two Micron All Sky Survey at IPAC. NASA/IPAC. конс. January 12, 2013. 
  3. 3,0 3,1 „VizieR Detailed Page“. VizieR. Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics. конс. January 12, 2013. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Kepler Data Search Results“. MAST. Space Telescope Science Institute. конс. January 12, 2013. 
  6. Mamajek, Eric (December 30, 2012). „Basic Astronomical Data for the Sun (BADS)“. University of Rochester. конс. January 12, 2013. 
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 Wang, Ji (January 3, 2013). Planet Hunters. V. A Confirmed Jupiter-Size Planet in the Habitable Zone and 42 Planet Candidates from the Kepler Archive Data. „arXiv:1301.0644v1 [astro-ph]“. 
  8. Williams, David R. (March 2, 2012). „Sun Fact Sheet“. National Aeronautics and Space Administration. конс. January 12, 2013. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Howell, Elizabeth. „Amateur Astronomers Discover 42 Alien Planets“, „Space.com“, 11 јануари 2013 (посет. 12 јануари 2013 г).
  10. „Polski informatyk Rafał Herszkowicz odkrył nową planete PH2b | Forsal.pl - Giełda, Waluty, Finanse“ (Polish). Forsal. 2013-03-27. конс. 2013-07-12. 

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 The stellar temperature is 5629 K, roughly the same as the G2V Sun's 5778 K.
  2. Calculated based on -2.5 log10 of luminosity differences.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]