Јупитерова маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јупитерова маса е единица мерка за тежина еднаква на вкупната маса на планетата Јупитер. Оваа вредност може да се однесува само на масата на планетата, или пак на масата на целиот Јупитеров состав кој ги вклучува и месечините на Јупитер. Јупитер е убедливо најтешка планета во Сончевиот Систем. Тој е приближно за 2,5 пати потежок од збирот на тежината на останатите планети во Сончевиот Систем.[1]

Јупитеровата маса е вообичаена единица мерка за маса во астрономијата која се користи за изразување на масата на други објекти со слична големина, вклучувајќи ги и џиновските планети во Сончевиот Систем и вонсончевите планети. Може да се користи и при описот на масата на кафеавите џуџиња, затоа што оваа единица е погодна за споредување на размерот.

Проценки за масата[уреди | уреди извор]

Масата на Јупитер (според моментално најпознатата вредност) се изразува како 1.898.130 јотаграми:

што е приближно 11000 од масата на сонцето (0.1% M):

[2]

Јупитер е 318 пати потежок од Земјата:

Суштина и последици[уреди | уреди извор]

Јупитер е за 2,5 пати потежок од сите други планети во Сончевиот Систем заедно; - тој е толку тежок што неговиот барицентар со Сонцето се наоѓа надвор од површината на Сонцето, на 1,068 сончеви радиуси од центарот на Сонцето.[3]

Поради големината на масата на Јупитер, при пресметувањето на траекториите на сателитите и орбитите на другите тела во Сончевиот Систем (вклучувајќи го и природниот сателит на Земјата, па дури и Плутон) мора да се земат предвид ефектите од неговата гравитација.

Теоретските модели покажале дека ако Јупитер би имал многу поголема маса од сегашната, неговата атмосфера би се срушила и со тоа обемот на планетата би се намал.[4] Малите промени во масата на Јупитер не би го промениле значително неговиот радиусот; но ако масата се зголеми за околу 500 M🜨 (1,6 маси на Јупитер)[4] поради зголемениот притисок внатрешноста би станала позбиена при што волуменот на Јупитер би се намалил (и покрај поголемата количина на материја). Процесот на намалување на волуменот со истовремено зголемување на масата би продолжило сѐ до моментот на ѕвездено палење (настанок на ѕвезда), како кај кафеавите џуџиња кои имаат околу 50 Јупитерови маси.[5] На Јупитер би му требале околу 80 Јупитерови маси (да биде 80 пати потежок) за да го фузира водородот и да стане ѕвезда.[6]

Гравитациона константа[уреди | уреди извор]

Јупитеровата маса е изведена од измерената вредност наречена параметар на Јупитерова маса (GMJ). Јупитеровата маса се пресметува со делење на GMJ со константата G.

Во 2015 година, Меѓународната астрономски сојуз го дефинирала номиналниот параметар на Јупитеровата маса како константна вредност и покрај постојаните попрецизни мерења на MJ. Оваа константа е дефинирана како:

Ако експлицитната јупитеровата маса треба да се искаже во SI единици, таа се пресметува преку гравитациската константа (G) како однос меѓу GM и G.

Состав на масата[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од масата на Јупитер е водород и хелиум. Овие два елементи сочинуваат повеќе од 87% од вкупната маса на Јупитер.[7] Вкупната маса на другите елементи (исклучени се водородот и хелиумот) во планетата е помеѓу 11 и 45 M🜨.[8] Најголемиот дел од водородот на Јупитер е цврст водород.[9] Доказите наведуваат дека Јупитер има централно густо јадро. Ако е тоа така, се претпоставува дека масата на јадрото не е поголема од околу 12 M🜨. Масата на јадрото е тешко точно да се процени поради релативно слабото познавање за тоа како би се однесувал цврстиот водород при многу висок притисок.[7]

Релативна маса[уреди | уреди извор]

Масата на одредени астрономски тела во однос на масата на Јупитер
Тело MJ/M телото Мтелото/MJ Навод
Сонце (9,547919 ± (15))⋅10-4 1.047,348.644 ± (17) [2]
Земја 317,82838 0,0031463520 [10]
Јупитер 1 1 по дефиниција
Сатурн 3,3397683 0,29942197
Уран 21,867552 0,045729856
Нептун 18,53467 0,05395295

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Coffey, Jerry (18 June 2008). „Mass of Jupiter“. Universe Today. Посетено на 2017-10-31.
  2. 2,0 2,1 „Numerical Standards for Fundamental Astronomy“. maia.usno.navy.mil. IAU Working Group. Архивирано од изворникот на 26 August 2016. Посетено на 31 October 2017.
  3. MacDougal, Douglas W. (November 6, 2012). „A Binary System Close to Home: How the Moon and Earth Orbit Each Other“. Newton's Gravity. Undergraduate Lecture Notes in Physics (англиски). Springer New York. стр. 193–211. doi:10.1007/978-1-4614-5444-1_10. ISBN 9781461454434. the barycenter is 743,000 km from the center of the sun. The Sun's radius is 696,000 km, so it is 47,000 km above the surface.
  4. 4,0 4,1 Seager, S.; Kuchner, M.; Hier-Majumder, C. A.; Militzer, B. (2007). „Mass-Radius Relationships for Solid Exoplanets“. The Astrophysical Journal. 669 (2): 1279–1297. arXiv:0707.2895. Bibcode:2007ApJ...669.1279S. doi:10.1086/521346.
  5. Guillot, Tristan (1999). „Interiors of Giant Planets Inside and Outside the Solar System“. Science. 286 (5437): 72–77. Bibcode:1999Sci...286...72G. doi:10.1126/science.286.5437.72. PMID 10506563.
  6. Burrows, Adam; Hubbard, William B.; Saumon, D.; Lunine, Jonathan I. (1993). „An expanded set of brown dwarf and very low mass star models“. Astrophysical Journal. 406 (1): 158–71. Bibcode:1993ApJ...406..158B. doi:10.1086/172427.
  7. 7,0 7,1 Guillot, Tristan; Stevenson, David J.; Hubbard, William B.; Saumon, Didier. „The Interior of Jupiter“ (PDF). Посетено на 31 October 2017.
  8. Guillot, Tristan; Gautier, Daniel; Hubbard, William B. (December 1997). „New Constraints on the Composition of Jupiter from Galileo Measurements and Interior Models“. Icarus. 130 (2): 534–539. arXiv:astro-ph/9707210. Bibcode:1997Icar..130..534G. doi:10.1006/icar.1997.5812.
  9. Öpik, E.J. (January 1962). „Jupiter: Chemical composition, structure, and origin of a giant planet“. Icarus. 1 (1–6): 200–257. Bibcode:1962Icar....1..200O. doi:10.1016/0019-1035(62)90022-2.
  10. „Planetary Fact Sheet – Ratio to Earth“. nssdc.gsfc.nasa.gov. Посетено на 2016-02-12.