Јупитеров полупречник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јупитеров полупречник
Jupiter, Earth size comparison.jpg
Големинска споредба на Јупитер и Земјата
Симболи
RJ, RJup, R
SI-единицаметар
Други единици
километар, милја
Во основни единици7,1492×107 м[1]
Димензија (должина)

Јупитеров полупречник (RJ или RJup) — единица за должина во астрономијата со вредност еднаква на полупречникот на планетата Јупитер. Изнесува 71.492 км или 11,2 Земјини полупречници (R)[2] (еден Земјин полупречник е еднаков на &100000000000089210000000,08921 RJ). Се користи за изразување на полупречниците на гасовитите џинови, кафеавите џуџиња и некои егзопланети.

Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз определил дека номиналниот екваторски Јупитеров полупречник треба да остане ист без оглед на подоцнежните усовршувања во мерењето на RJ. Оваа константа точно се изразува како:

= 7,1492×107 м

Така, номиналниот поларен Јупитеров полупречник точно се дефинира како:

= 6,6854×107 м[1]

Овие вредности одговараат на полупречникот Јупитер при притисок од 1 бар. При употребата на единицата се подразбира екваторскиот полупречник, освен ако не е укажано дека се работи за поларниот.

Споредба[уреди | уреди извор]

Јупитерови полупречници на некои значајни небесни тела
Тело RJ / Rтело
Месечев полупречник 41
Земјин полупречник 11,209[2]
Јупитер 1[3]
Сончев полупречник 0,10045

За споредба, еден Сончев полупречник е еднаков на:

  • 400 Месечеви полупречници (RL)
  • 109 Земјини полупречници (R)
  • 9,735 Јупитерови полупречници (RJ)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Mamajek, E. E; Prsa, A; Torres, G; Harmanec, P; Asplund, M; Bennett, P. D; Capitaine, N; Christensen-Dalsgaard, J; и др. (2015). IAU 2015 Resolution B3 on Recommended Nominal Conversion Constants for Selected Solar and Planetary Properties. „arXiv:1510.07674 [astro-ph.SR]“. 
  2. 2,0 2,1 Вилијамс, Дејвид Р. (2 November 2007). „Фактографски преглед на Јупитер“. НАСА. конс. 2009-07-16.  (англиски)
  3. по дефиниција