Хималиина група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Најголемите неправилни месечини на Јупитер. Местоположбата на Хималиината група се гледа од присуството на Хималија близу врвот. Хоризонталната оска означува оддалеченост од Јупитер. Вертикалната го претставува наклонот. Занесеноста е означена со жолти црти, што го претставува најголемото и најмалото растојание од Јупитер. Крукчињата ја претставуваат големината на телата..

Хималиина група — група напредни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Хималија и се смета дека имаат заедничко потекло.[1]

Групата има неколку члена (подредени по близина до Јупитер):

Име Пречник
(км)
Период
(денови)
Леда 21,5 241,33
Хималија 139,6
(150 × 120)
248,47
Ерса 3 250,40
Пандија 3 251,77
Елара 79,9 258,48
Лизитеја 42,2 258,58
Дија 4 276,00

Американскиот астроном Скот Шепард во 2017 г. открил уште две можни месечини од групата, но тие биле пребледи (>24 св) за да се проследат и потврдат како такви.[2]

Меѓународниот астрономски сојуз ги задршува имињата кои завршуваат на (во меѓународен облик) за месечините од оваа група, што го означува напредното движење на тие тела во однос на Јупитер, кој е нивниот гравитациски стожер.[3]

Особености и потекло[уреди | уреди извор]

Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 11,15 и 11,75 Гм, орбиталните наклони им изнесуваат од 26,6° до 28,3°, а орбиталната занесеност им е од 0,11 до 0,25. Сите кружат напредно. Групата е мошне еднообразна по физички изглед и сите месечини имаат неутрални бои (бојни показатели B−V = 0,66 и V−R = 0,36), слични на астероидите од типот C. Имајќи ја предвид ограничената расеаност на орбиталните параметри и спектралната еднородност, предложено е дека групата може да биде остаток од распарчување на астероидод главниот астероиден појас.[4] Првобитниот астероид веројатно имал пречник од 89 км, само малку поголем од Хималија, коај задржува околу 87 % од неговата маса. Ова би значело дека астероидот не бил многу пореметен.[1]

Бројчените интеграции упатуваат на голема веројатност за суриди меѓу членовите на групата долж животниот век на Сончевиот Систем (просечно 1,5 судири меѓу Хималија и Елара). Покрај тоа, истите симулации покажуваат прилично голема веројатност за судири на напредните и повратните месечини (на пр. Пасифаја и Хималија имаат судирна веројатност од 27 % во рок од 4,5 милијарди години). Затоа, постои претпоставка дека денешната група може да е последица од понова и побогата историја на судири меѓу овие месечини наспроти едно распарчување како кај Кармината и Ананкината група.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Scott S. Sheppard, David C. Jewitt An abundant population of small irregular satellites around Jupiter, Nature, 423 (May 2003), pp.261-263 (pdf) Archived 2006-08-13 на Wayback Machine
  2. Sheppard, Scott; Williams, Gareth; Tholen, David; Trujillo, Chadwick; Brozovic, Marina; Thirouin, Audrey; и др. (август 2018). „New Jupiter Satellites and Moon-Moon Collisions“. Research Notes of the American Astronomical Society. 2 (3): 155. arXiv:1809.00700. Bibcode:2018RNAAS...2..155S. doi:10.3847/2515-5172/aadd15. S2CID 55052745. 155.
  3. Antonietta Barucci, M. (2008). „Irregular Satellites of the Giant Planets“ (PDF). Во M. Antonietta Barucci; Hermann Boehnhardt; Dale P. Cruikshank; Alessandro Morbidelli (уред.). The Solar System Beyond Neptune. стр. 414. ISBN 9780816527557. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 August 2017. Посетено на 22 July 2017.
  4. Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33-45. Preprint
  5. David Nesvorný, Cristian Beaugé, and Luke Dones Collisional Origin of Families of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, 127 (2004), pp. 1768–1783 (pdf).