Прејди на содржината

Теба (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теба
Слика од Теба направена од вселенското летало Галилео на 4 јануари 2000
Откривање
ОткривачСтивен Синот / Војаџер 1
Откриено5 март 1979
Ознаки
Орбитални особености
Периапсида218.000 км[б 1]
Апоапсида226.000 км[б 2]
Главна орбита полупречник
221.889,0 ± 0,6 км (Предлошка:Jupiter radius)[1]
Занесеност0,0175 ± 0,0004[1]
0,674536 ± 0,000001 д (16 h 11.3 min)[1]
23.92 km/s (calculated)
Наклон1,076 ± 0,003 ° (to Jupiter's equator)[1]
Месечина наЈупитер
Физички особености
Димензии116 × 98 × 84 km[2]
Среден полупречник
49,3 ± 2,0 км[2]
Зафатнина500.000 км3
0,013 м/с2 (0.004 g)[2][б 3]
20–30m/s[3][б 4]
synchronous
zero
Албедо0,047 ± 0,003[4]
Температура≈ 124 K

Теба (/ˈθiːбiː/ грчки: Θήβη), позната и како Јупитер XIV, е четвртата месечина на Јупитер според растојание од планетата. Била откриена од Стивен Синот од фотографиите кои вселенската сонда Војаџер 1 ги направила на 5 март 1979, додека го прелетувала Јупитер.[5] Во 1983 година, месечината била официјално именувана по митолошката нимфа Теба.[6]

Втора по големина од внатрешните месечини на Јупитер, Теба орбитира по надворешниот раб на прстенот кој се формира од прашината исфрлена од нејзината површина.[3] Месечината е со неправилен облик и со црвеникава боја, и се смета дека како Амалтеја се состои од мраз заедно со непознати количества на други материи. На површината има големи кратери и високи планини, некои од нив можат по големина да се споредат со самата месечината.[2]

Теба била фотографирана во 1979 година со Војаџер 1 и 2, и подоцна, во 1990-тите, уште подетално со вселенското летало Галилео .[2]

Откривањето и согледувања

[уреди | уреди извор]

Теба била откриена од страна на Стивен Синот од сликите на Војаџер 1 направени на 5 март 1979 година и првично ѝ била дадена привремената ознака S/1979 J 2.[5][7] Во 1983 година, била официјално именувана по митолошката нимфа Теба која му била љубовница на Зевс—грчкиот еквивалент на Јупитер.[6]

Откако била откриена со Војаџер 1, Теба била фотографирана и од Војаџер 2 во 1979 година.[3] Меѓутоа, пред да стигне леталото Галилео на Јупитер, сознанијата биле доста ограничени. Галилео ја исликал речиси цела површина на Теба и помогнал да се разјасни нејзиниот состав.[2]

Теба е најоддалечената од внатрешните месечини на Јупитер, и орбитира на растојание од околу 222,000 км (3.11 Јупитерови полупречници). Нејзината орбита има орбитално занесување од 0.018 и наклон од 1.08° во однос на екваторот на Јупитер.[1] Овие вредности се невообичаено високи за внатрешна месечина и можат да се објаснат со минато влијание на најблиската Галилеева месечина, Ија.[3] Во минатото, неколку орбитални резонанции со Ија веројатно поминале низ орбитата на Теба додека Ија постепено исчезнувала од Јупитер и истите ја возбудиле орбитата на Теба.[3]

Орбитата на Теба се наоѓа во близина на надворешниот раб на прстенот, кој е составен од прашината исфрлена од месечината. По исфрлањето на прашината наноси се упатиле накај планетата под дејство на Појтинг–Робертсон ефектот формирајќи прстен.[8]

Физички одлики

[уреди | уреди извор]

Теба има неправилен облик, со најблиска елипсовидна апроксимација од 116×98×84 км. Нејзината површина е веројатно помеѓу 31,000 и 59,000 (~45,000) км2. Нејзините зафатнинска густина и маса не се познати, но под претпоставка дека нејзината густина е како онаа на Амалтеја (околу 0.86 g/cm3),[2] масата може да се процени на околу 4.3 × 1017 кг.

Слично на сите внатрешни месечини на Јупитер, Теба ротира синхронично со своето орбитално движење, така што едното лице секогаш ѝ е свртено накај планетата. Нејзината ориентација е таква што долгата оска секогаш покажува на Јупитер.[3][3]

Кратерот Зетус е најголемиот кратер (со пречник од околу 40 км) кратер и единствената именувана површина на месечината Теба. Има неколку светли точки на работ на овој кратер.[2] Се наоѓа на далечната страна на Теба, која не е свртена кон Јупитер. Бил откриен со вселенското летало Галилео. Името го добил по Зетус, сопругот на нимфата Теба во старогрчката митологија.[9]

Површината на Теба е темна и се појавува во црвеникава боја.[4] Има значителна асиметрија помеѓу почетните и крајните полутопки: водечката полутопка е 1.3 пати посветла од крајната. Асиметричноста најверојатно е предизвикана од повисоката брзина и честота на влијанијата на водечката полутопка, која ископува светла материја (веројатно мраз) од внатрешноста на месечината.[4] Површината на Теба е со многу кратери и се чини дека постојат барем три или четири ударни кратери кои се многу големи, секој приближно со големина колку самата Теба.[3]

Објаснувачки белешки

  1. ↑ Calculated as a×(1 − e), where a is semimajor axis and e is eccentricity.
  2. ↑ Calculated as a×(1 + e), where a is semimajor axis and e is eccentricity.
  3. ↑ The estimate from Thomas, 1998 was divided by 1.5 to account for the difference in assumed densities.
  4. ↑ The estimate from Burns, 2004 was divided by 1.5 to account for the difference in assumed densities.

Цитати

  1. 1 2 3 4 5 Cooper Murray et al. 2006.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 Thomas Burns et al. 1998.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 Burns Simonelli et al. 2004.
  4. 1 2 3 Simonelli Rossier et al. 2000.
  5. 1 2 Synnott 1980.
  6. 1 2 IAUC 3872.
  7. ↑ IAUC 3470.
  8. ↑ Burns Showalter et al. 1999.
  9. ↑ „Planetary Names: Crater, craters: Zethus on Thebe“. United States Geological Survey. October 3, 2006. Посетено на August 7, 2015.

Цитирани извори

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]