Хелика (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хелика (старогрчки: Ελίκη) или Јупитер XLVприроден сателит на Јупитер. Сателитот бил откриен од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2003 година и му била дадена привремената ознака S/2003 J 6.[1][2][3]

Хелика има пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20,54 милиони киолемтри, правејќи круг за 601,402 дена со наклон од 155° кон еклиптиката (155° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,1375. Просечната орбитална брзина на сателитот изнесува 2,48 км/сек.

Месечината своето име го добила во март 2005 година по Хелика, една од нимфите во старогрчката митологија кои го одгледувале Зевс во неговите рани години на островот Крит.[4]

Хелика припаѓа на широкораспространетата Пасифаина група.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daniel W. E. Green (March 4, 2003). „IAUC 8087: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union. 
  2. Brian G. Marsden (March 4, 2003). „MPEC 2003-E11 : S/2003 J 1, 2003 J 2, 2003 J 3, 2003 J 4, 2003 J 5, 2003 J 6, 2003 J 7“. International Astronomical Union Minor Planet Center. 
  3. Brian G. Marsden (March 7, 2003). „MPEC 2003-E29 : S/2003 J 9, 2003 J 10, 2003 J 11, 2003 J 12; S/2003 J 1, 2003 J 6“. International Astronomical Union Minor Planet Center. 
  4. Daniel W. E. Green (March 30, 2005). „IAUC 8502: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union.