Прејди на содржината

Мегаклита (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мегаклита
Мегаклита во декември 2001 г.
Откривање [1]
Откритие наСкот Шепард
Дејвид Џуит
Јанга Фернандес
Ежен Мање
Откритие воОпсерваторија „Мауна Кеја“
Откриено25 ноември 2000
Ознаки
Наречена по
Мегаклита
S/2000 J 8
Орбитални особености [2]
Епоха 27 април 2019 (јд 2458600,5)
Лак на набљудување16,26 г (5.938 дена)
0,1586666 ае (23.736.190 км)
Занесување0,4102170
–747,09 д
269,64681°
0° 28м 54.732с дневно
Наклон143,20224° (кон еклиптика)та
356,52408°
8,71854°
Месечина наЈупитер
Физички особености[4]
Албедо0,04 (претпоставено)
21,7[3]
15,0[2]

Мегаклита (старогрчки: Μεγακλειτή) или Јупитер XIXмесечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард и ја добила првичната ознака S/2000 J 8.[5][1][6]

Месечината има пречник од 6 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24.687.000 км за 747,09 дена. Има наклон од 150° кон еклиптиката (148° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока и занос од 0,308.

Името го добила во октомври 2002 г. кога е наречена по Мегаклита, љубовница на Зевс (Јупитер) и мајка на Теба и Локро во старогрчката митологија.[7][8]

Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,7 Гм со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Мегаклита е светлоцрвена (B−V=0,94, V−R=0,41, V−I=1,05) слично на Калироја.[9]

  1. 1,0 1,1 MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11 15 јануари 2001 г. (откривање и ефемерида)
  2. 2,0 2,1 „M.P.C. 115890“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
  3. Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 26 ноември 2020.
  4. „Planetary Satellite Physical Parameters“. Jet Propulsion Laboratory. 19 февруари 2015. Посетено на 26 November 2020.
  5. IAUC 7555: Satellites of Jupiter Архивирано на 16 септември 2002. 5 јануари 2001 г. (откривање)
  6. MPEC 2001-T59: S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10 2001 октомври 15 г. (поправена ефемерида)
  7. IAUC 7998: Satellites of Jupiter 22 октомври 2002 г. (именување на месечината „Мегаклита“)
  8. IAUC 8023: Satellites of Jupiter 29 ноември 2002 г. (исправка на името)
  9. Grav, Tommy; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K. (2003). „Photometric survey of the irregular satellites“. Icarus. 166 (1): 33–45. arXiv:astro-ph/0301016. Bibcode:2003Icar..166...33G. doi:10.1016/j.icarus.2003.07.005. S2CID 7793999.