Гигаметар
Изглед
Гигаметар (симбол Гм или Gm) е единица мерка за должина еднаква на милијарда метри[1] или 1.000.000 км.
Оваа единица не наоѓа примена во практичниот живот бидејќи е преголема за да може да изрази било која величина на Земјата. Најзастапена е во астрономијата, кајшто се користи за изразување на растојанието на придружни небесни тела како планетите од нивните матични ѕвезди.
- Примери
- Една астрономска единица (ае или ае) или просечното растојание од Земјата од сонцето 149,6 Гм.
- Просечната оддалеченост на Јупитер од Сонцето изнесува 778,5 Гм.
- Просечната оддалеченост на GJ 1214 b од ѕвездата GJ 1214 изнесува 2,14 Гм, што е најмалата позната орбита на една вонсончева планета.
- Средниот пречник на Сонцето изнесува 1,391 Гм.
- Средниот пречник на црвената суперџиновска ѕвезда Бетелгез изнесува 1302 Гм.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „гигаметар“. Лексикон на македонскиот јазик. он.нет. 2010. Посетено на 2 април 2011.[мртва врска]
|