Албедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Албедо на еден објект претставува мерка колку истото рефлектира дифузна светлина од Сонцето. Според тоа, претставува посебна форма на рефлективност. Албедо е дефинирано како однос помеѓу дифузно рефлектирана и инцидентна електромагнетна радијација. Мерката е бездимензионална, и покажува дифузна рефлективност на површина или тело. Зборот е изведен од латинскиот "аlbedo" што во превод значи "белина", и прв пат во оптиката бил искористен од Јохан Хаијнрих Ламберт во неговот дело од 1760. Фотометрија. Интервалот на можни вредности е од 0(темно) до 1(светло).