Хималија (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хималија
Himalia.png
Himalia as seen by spacecraft „Касини
Откривање
ОткривачЧарлс Дилон Перин
Откриено3 декември 1904[1]
Орбитални особености
Периапсида9.782.900 км
Апоапсида13.082.000 км
Главна орбита полупречник
11.460.000 км[2]
Занесување0,16[2]
250,56 д (0,704 г)[2]
3,312 км/с
Наклон
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
75±10 × 60±10 км (проц. на „Касини“)[3]
85 ± ?? км[4] (проц. од тлото)[3]
~90.800 км2
Зафатнина~2.570.000 км3
Маса6,7×1018 кг[4]
4,19×1018 кг[5]
Средна густина
2,6 г/см3 (претп.)[4]
1,63 г/см3 (претп. полупречник од 85 км)[5][6]
~0,062 м/с2 (0,006 г)
~0,100 км/с
7,782 ч[7]
Албедо0,04[3][4]
Температура~124 K
14,6[4]

Хималија (старогрчки: Ἱμαλία) или Јупитер VI — најголема неправилна месечина на Јупитер и шеста негова месечина по големина, а по маса помала само од четирите Галилееви месечини. Откриена е од американскиот астроном Чарлс Дилон Перин во Ликовата опсерваторија на 3 декември 1904 г. и наречан по нимфата Хималија, која му родила три сина на Зевс (Јупитер). Ова е меѓу најголемите планетарни месечини во Сончевиот Систем чиј изглед не е познат во подробност.[1]

Од 1955 до 1975 г. месечината го носела името Хестија, наречена по старогрчката божица.[8]

Орбита[уреди | уреди извор]

На растојание од 11,5 милиони километри од Јупитер, Хималија прави круг околу планетата за 251 (Земјин) ден.[9] Претставува најголема во групата месечини наречена по неа кои кружат околу Јупитер на растојание од 11,4 до 13 милиони километри при наклон од 27,5°.[10] Орбиталните елементи постојано се менуваат поради превирањата на Сонцето и планетите; тука наведените податоци важат за јануари 2000 г.[2]

Физички особености[уреди | уреди извор]

Вртежниот период на Хималија изнесува 7 ч 46 м 55±2 с.[7] Како и другите месечини од групата, има неутрален (сив) изглед, со бојни показатели B−V=0,62, V−R=0,4, слично на астероид од типот C.[11] Испитувањата на „Касини“ потврдуваат дека има безличен спектар, со мало впивање при 3 μм, што може да се должи на присуството на вода.[12]

Маса[уреди | уреди извор]

Во 2005 г. рускиот астрофизичар Николај Емелјанов ја проценил масата на Хималија на 4,19×1018 кг (GM=0,28), водејќи се по превирањето на Елара од 15 јули 1949 г.[5] Порталот „Динамика на Сончевиот Систем“ на Лабораторијата за реактивен погон од САД наведува маса од 6,7×1018 кг (GM=0,45) и пречник од 85 км.[4]

Густината на месечината би зависела од тоа дали истата има просечен пречник од 67 км (геометриска средина од „Касини“)[5] или 85 км.[4]

Истражување[уреди | уреди извор]

Во ноември 2000 г. на пат кон Сатурн леталото „Касини“ направило низа слики од Хималија на оддалеченост од 4,4 милиони километри. Иако зафаќа само неколку пиксели од снимката, јасно е дека се работи за издолжено тело со оски во должина од 150±20 и 120±20 км, приближно на проценките направени од Земјата.[3]

Во февруари и март 2007 г. на пат кон Плитон леталото „Нови хоризонти“ исто така направило слики, но на растојание од 8 милиони километри.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Porter, J. G. (1905). „Discovery of a Sixth Satellite of Jupiter“. Astronomical Journal. 24 (18): 154B. Bibcode:1905AJ.....24..154P. doi:10.1086/103612.;
    Perrine, C. D. (1905-01-25). „Sixth Satellite of Jupiter Confirmed“. Harvard College Observatory Bulletin. 175: 1. Bibcode:1905BHarO.175....1P.;
    Perrine, C.D. (1905). „Discovery of a Sixth Satellite to Jupiter“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 17: 22–23. Bibcode:1905PASP...17...22.. doi:10.1086/121619.;
    Perrine, C.D. (1905). „Orbits of the sixth and seventh satellites of Jupiter“. Astronomische Nachrichten. 169 (3): 43–44. Bibcode:1905AN....169...43P. doi:10.1002/asna.19051690304.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Jacobson, R. A. (2000). „The orbits of outer Jovian satellites“. Astronomical Journal. 120 (5): 2679–2686. Bibcode:2000AJ....120.2679J. doi:10.1086/316817.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Porco, Carolyn C.; и др. (March 2003). „Cassini Imaging of Jupiter's Atmosphere, Satellites, and Rings“ (PDF). Science. 299 (5612): 1541–1547. Bibcode:2003Sci...299.1541P. doi:10.1126/science.1079462. PMID 12624258.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 2008-10-24. Посетено на 2008-12-11.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Emelyanov, N.V.; Archinal, B. A.; a'Hearn, M. F. (2005). „The mass of Himalia from the perturbations on other satellites“. Astronomy and Astrophysics. 438 (3): L33–L36. Bibcode:2005A&A...438L..33E. doi:10.1051/0004-6361:200500143.CS1-одржување: display-автори (link)
  6. Density = GM / G / (Зафатнина на сферата од 85 км) = 1,63 г/см3
  7. 7,0 7,1 Pilcher, Frederick; Mottola, Stefano; Denk, Tilmann (2012). „Photometric lightcurve and rotation period of Himalia (Jupiter VI)“. Icarus. 219 (2): 741–742. Bibcode:2012Icar..219..741P. doi:10.1016/j.icarus.2012.03.021.
  8. Payne-Gaposchkin, Cecilia; Katherine Haramundanis (1970). Introduction to Astronomy. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall. ISBN 0-13-478107-4.
  9. „Himalia: Overview“. NASA. Посетено на 25 May 2011.
  10. Jewitt, David C.; Sheppard, Scott & Porco, Carolyn (2004). „Jupiter's Outer Satellites and Trojans“. Во Bagenal, F.; Dowling, T. E. & McKinnon, W. B. (уред.). Jupiter: The planet, Satellites and Magnetosphere (PDF). Cambridge University Press.
  11. Rettig, T. W.; Walsh, K.; Consolmagno, G. (December 2001). „Implied Evolutionary Differences of the Jovian Irregular Satellites from a BVR Color Survey“. Icarus. 154 (2): 313–320. Bibcode:2001Icar..154..313R. doi:10.1006/icar.2001.6715.
  12. Chamberlain, Matthew A.; Brown, Robert H. (2004). „Near-infrared spectroscopy of Himalia“. Icarus. 172 (1): 163–169. Bibcode:2004Icar..172..163C. doi:10.1016/j.icarus.2003.12.016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]