Кубен сантиметар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кубен сантиметар (симб. см3, cm3, cc) е мошне застапена единица за волумен (зафатнина), сразмерна на изведената SI-единица кубен метар. Соодветствува на волуменот на коцка со димензии 1 см × 1 см × 1 см. Еден кубен сантиметар е 11000000 од волуменот на еден кубен метар, или 11000 литар (еден милилитар). Затоа 1 cm3 ≡ 1 mL. Еден кубен сантиметар вода на температура од 3,98 °C (кога водата е најгуста) има приближна маса од еден грам.

Во многу научни области, кубниот сантиметар е заменет со милилитри, но истиот е сеприсутен во автоиндустријата, каде ја изразува работната зафатнина или „кубикажа“[1] на автомобилските мотори и се среќава означен како cc. На пример, мотор од 2300 „кубици“ има истоветна работна зафатнина од 2,3 Л (бидејќи см3 = 1 Л)

Наводи[уреди]

  1. „кубикажа“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет