Тиона (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тиона (старогрчки: Θυώνη) или Јупитер XXIXнеправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 г. од група астрономи при Универзитетот на Хаваи под водство на Скот Шепард и дадена ѝ е привремената ознака S/2001 J 2.[1][2]

Месечината има пречник од 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 21,406 милиони километри, правејќи круг за 639,803 дена, со наклон од 147° кон еклиптиката (147° кон Јупитеровиот екватор) со занесување од 0,2526. Просечната орбитална брзина изнесува 2,43 км/с.

Името го добила во август 2003 г. по Тиона, попозната како Семела, мајка на Дионис во старогрчката митологија.[3]

Тиона ѝ припаѓа на Ананкината групана повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на оддалеченост од 19,3 до 22,7 милиони километри при наклон од околу 150°.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IAUC 7900: Satellites of Jupiter 2002 May 16 (discovery)
  2. MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter 2002 May (discovery and ephemeris)
  3. IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus 2003 August (naming the moon)