Кармина група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кармина група група повратни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Карма и се смета дека имаат заедничко потекло.

Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 22,9 and 24,1 Гм, орбиталните наклони им изнесуваат од 164,9° до 165,5°, а орбиталната занесеност им е од 0,23 до 0,27 (со еден исклучок).

Најголемите неправилни месечини на Јупитер. Местоположбата на Кармината група е означена со присуството на Карма во долниот среден дел. Хоризонталната оска означува оддалеченост од Јупитер. Вертикалната го претставува наклонот. Занесеноста е означена со жолти црти, што го претставува најголемото и најмалото растојание од Јупитер. Крукчињата ја претставуваат големината на телата.

Основни членови на групата се следниве (негативниот период означува повратна орбита):[1][2]

Орбиталните елементи и релативните големини на основните членови на Кармината група. Хоризонталната оска е нивната просечна оддалеченост од Јупитер, вертикалната го означува орбиталниот наклон, а крукчињата се за големините.
Име Пречник
(км)
Период
(денови)
Белешки
Карма 46.7 −693.17[3] најголем член и прототип
Тајгета 5 −691.62[4]
Евкелада[5] 4 −693.02[3]
Ирена[5] 3 −743.88[6]
Халдена 4 −759.88[7]
Изоноја 4 −688.61[7]
Калика 6.9 −766.61[7] значително поцрвена од другите
Еринома 3 −682.80[3]
Етна 3 −712.04[7]
Кала 2 −736.55[3]
Паситеја 2 −711.12[3]
S/2003 J 9 (веројатно)[5] 1 −767.60[8]

Меѓународниот астрономски сојуз ги задржува имињата кои завршуваат на -e (во меѓународен облик) за сите повратни месечини.

Потекло[уреди | уреди извор]

Многу малата расеаност на средните орбитални елементи меѓу основните членови (групата е одделена за помалку од 700.000 км во големата полуоска и под 0,7° во наклон) упатува на тоа дека Кармината група веројатно некогаш била едно тело кое се разбило во судар. Ова се должи на многу малиот брзински импулс (5 < δV < 50 м/с).[9] Првобитното тело веројатно било големо колку Карма, со пречник од 46 км; 99 % од масата на групата сè уште е во месечината Карма.[10]

Во прилог на таа теза одат и боите: сите[11] овие месечини се светлоцрвени на изглед, со бојни показатели B-V= 0,76 и V-R= 0,47[12] и инфрацрвени спектри, слични на астероидите од типот D.[13] Овие податоци одговараат на изворно тело од хилдското семејство или Јупитеров тројанец.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scott S. Sheppard, David C. Jewitt, Carolyn Porco Jupiter's outer satellites and Trojans, In: Jupiter. The planet, satellites and magnetosphere. Edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon. Cambridge planetary science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, p. 263 - 280 Full text(pdf). Archived 2007-06-14 на Wayback Machine
  2. David Nesvorný, Cristian Beaugé, and Luke Dones Collisional Origin of Families of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, 127 (2004), pp. 1768–1783 Full text.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „M.P.C. 127087-127088“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 17 ноември 2020.
  4. „M.P.C. 110499“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 29 мај 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 Listed by Nesvorný 2004 as a possible member, not listed by Sheppard 2004; the orbital elements confirmed by Jacobson 2004
  6. „M.P.C. 115250“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 9 јуни 2017.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „M.P.C. 115890-115891“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
  8. „MPEC 2020-V19 : S/2003 J 9“. Minor Planet Electronic Circular. Minor Planet Center. 5 ноември 2020. Посетено на 5 ноември 2020.
  9. David Nesvorný, Jose L. A. Alvarellos, Luke Dones, and Harold F. Levison Orbital and Collisional Evolution of the Irregular Satellites, The Astronomical Journal,126 (2003), pages 398–429. (pdf)
  10. Sheppard, Scott S.; Jewitt, David C. (5 мај 2003). „An abundant population of small irregular satellites around Jupiter“. Nature. 423 (6937): 261–263. Bibcode:2003Natur.423..261S. doi:10.1038/nature01584. PMID 12748634. S2CID 4424447.
  11. Со исклучок на Калика, која е значително поцрвена.
  12. Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33-45. Preprint
  13. Tommy Grav and Matthew J. Holman Near-Infrared Photometry of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn, The Astrophysical Journal, 605, (2004), pp. L141–L144 Preprint