Тајгета (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тајгета
Откривање
Откривач Скот Шепард 2000

Тајгета (старогрчки: Ταϋγέτη) или Јупитер XX — ретрограден неправилен сателит на Јупитер. Тој бил откриен од страна на тим од астрономи од Универзитетот на Хаваи предводени од Скот Шепард, во 2000 година и првично бил означен под името S/2000 J9[1][2][3].

Тајгета има околу 5 километри дијаметар и орбитира околу Јупитер на просечно растојание од 22,439 Gm во 686,675 дена, со наклон од 165° до еклиптиката (163° до Јупитеровиот екватор), во ретроградна насока и со ексцентричност од 0,3678.

Сателитот бил именуван во октомври 2002 година [4]по Тајгета, ќерка на титанот Атлас.

Тој припаѓа во т.н. Кармина група, составен од неправилни ретроградни месечини кои орбитираат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 гигаметри и наклон од околу 165 °.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IAUC 7555: Satellites of Jupiter 2001 January 5 (discovery)
  2. MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11 2001 January 15 (discovery and ephemeris)
  3. MPEC 2001-T59: S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10 2001 October 15 (revised ephemeris)
  4. IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon)