Наклон (орбита)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орбитален наклон)
Поглед на наклонот i (зелено) и други орбитални параметри

Наклон (или инклинација)[1]аголот помеѓу појдовната рамнина и друга рамнина или оска на насока.

Орбити[уреди | уреди извор]

Наклонот е еден од шесте орбитални параметри што го определуваат обликот и насоченоста на една ѕвездена орбита. Ова е аголното растојание од орбиталната рамнина до појдовната рамнина (екватор или еклиптиката на примарната), обично изразено во степени.[2]

Во Сончевиот Систем, наклонот на орбитата на една планета е аголот помеѓу рамнината на орбитата на планетата и еклиптиката — која е рамнината што ја содржи Земјината орбитална патека.[3] Таа може да се мери во однос на друга рамнина, како екваторот на Сонцето, па дури и Јупитеровата орбитална рамнина, но еклиптиката е попрактична кога се набљудува од Земјата. Највеќето планетарни орбити во Сончевиот Систем имаат релативно мали наклони, како во однос на другите, така и во однос на Сончевиот екватор. Значаен исклучок се џуџестите планети Плутон и Ерида, кои имаат наклон во однос на еклиптиката од 17° односно 44°, а големиот астероид Палада има наклон од 34°.

Наклон
Име Наклон
кон еклиптиката
Наклон
кон Сончевиот екватор
Наклон
кон неменливата рамнина[4]
Земјовидни Меркур 7,01° 3,38° 6,34°
Венера 3,39° 3,86° 2,19°
Земја 7,155° 1,57°
Марс 1,85° 5,65° 1,67°
Гасовити
џинови
Јупитер 1,31° 6,09° 0,32°
Сатурн 2,49° 5,51° 0,93°
Уран 0,77° 6,48° 1,02°
Нептун 1,77° 6,43° 0,72°

Природни и вештачки сателити[уреди | уреди извор]

Наклонот на орбитити на природните или вештачките сателити се мери во однос на рамнината на телото околу кое кружат (ако се доволно блиску). Екваторската рамнина е рамнината нормална на оската на вртење на средишното тело.

  • наклонот од 0° значи дека телото врти околу планетата во својата екваторска рамнина, во истата насока во која се врти планетата;
  • наклонот поголем од -90° или помал од 90° подразбира напредна орбита (проградна).
  • наклонот поголем од 90° или помал од 270° подразбира повратна орбита (ретроградна).
  • наклонот од точно 90° подразбира поларна орбита, во која леталото минува над северниот и Јужниот Пол на планетата; и
  • наклонот од точно 180° подразбира обратна екваторска орбита.

Наклонот на Месечината не се мери во однос на Земјината екваторска рамнина, бидејќи води до брзо променливи вредности, па затоа истата се изразува во однос на еклиптиката (т.е. рамнината на орбитата што Земјата и Месечината заеднички ја опишуваат околу сонцето), која има достатно постојана вредност.

Вонсончеви и повеќеѕвездени системи[уреди | уреди извор]

Наклонот на вонсончевите планети или членовите на повеќеѕвездените системи е аголот на рамнината на орбитата во однос на рамнината нормална навидното поле кон објектот.

  • наклонот од 0° подразбира права орбита со работ кон набљудувачот, што значи дека рамнината на нејзината орбита е напоредна со небото;
  • наклонот поголем од 0°, а помал од 90° подразбира орбити во иста насока како вртењето на ѕвездата;
  • наклонот од точно 90° подразбира орбита со работ кон набљудувачот без оглед дали е права или обратна, што значи дека рамнината на нејзината орбита е нормална на небото;
  • наклонот поголем од 90°, а помал од 180° подразбира орбити со спротивна насока од онаа на ѕвездата; и
  • наклонот од 180° подразбира обратна орбита со лицето кон набљудувачот, што значи дека рамнината на нејзината орбита е напоредна со небото.

Бидејќи Доплеровиот метод (на радијална брзина) е полесен за пронаоѓање на планети со рабно свртени орбити, највеќето вонсончеви планети имаат наклон помеѓу 45° и 135°, иако нивните наклони се претежно непознати. Така, највеќето вонсончеви планети имаат вистински маси не поголеми од 70% од нивните минимални маси. Доколку орбитата е свртена речиси со работ кон набљудувачот, тогаш планетата може да се види како минува пред ѕвездата. Доколку орбитата е свртена речиси со лицето кон набљудувачот, особено кај големите гасовити џинови пронајдени со Доплеровиот метод, тогаш тие тела може всушност да бидат кафеави, па дури и црвени џуџиња. Еден особен пример за ова е ѕвездата HD 33636 B, која има вистинска маса од 142 MJ, соодветна на ѕвездената класа M6V, но чија минимална маса изнесувала 9,28 MJ. Наклоните (а така и вистинските маси) на речиси сите вонсончеви планети во иднина ќе бидат утврдени од вселенските опсерватории како што се онаа на мисијата „Гаја“, Мисијата за вселенска интерферометрија (SIM) и вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.

Пресметување[уреди | уреди извор]

Во астродинамиката, наклонот се пресметува од векторот на орбиталниот момент (или било кој вектор нормален на орбиталната рамнина) како , додека е z-елемент на .

Заемниот наклон на две орбити може да се пресмета од нивните наклони во однос на друга рамнина, користејќи го правилото за косинуси на аглите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „инклинација“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Chobotov, Vladimir A. (2002). Orbital Mechanics (III. изд.). AIAA. стр. 28–30. ISBN 1-56347-537-5.
  3. McBride, Neil; Bland, Philip A.; Gilmour, Iain (2004). An Introduction to the Solar System. Cambridge University Press. стр. 248. ISBN 0-521-54620-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. „MeanPlane (неменлива рамнина) на Сочевиот Систем што минува низ тежиштето“. 3 април 2009. Посетено на 10 април 2009. (изработено со Solex 10 на Алдо Виталјано) (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]