Ерида (џуџеста планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерида
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот), снимена Хабл
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот).
Хабл.
Откривање
Откривач
Откриено 5 јануари 2005 година[2][а 1]
Ознаки
MPC ознака 136199 Ерида
Изговор [а 2]
Именувана по
Ерида
2003 UB313[3]
Орбитални особености[3]
Епоха 9 декември 2014
(ЈД 2457000.5)
Апхел
  • 97.651 АЕ
  • 14.602×109 km
Перихел
  • 37.911 AU
  • 5.723×109 km
  • 67.781 AU
  • 10.166×109 km
Занесување 0.44068
  • 203830 d
  • 558.04 а
3.4338 km/s
204.16 °
Наклон 44.0445 °
35.9531 °
150.977 °
Познати сателити Дисномија
Физички особености
Среден полупречник
1163±6 km[8][9]
1.70±0.02×107 km2[а 3]
Зафатнина 6.59±0.10×109 km3[а 3]
Маса
Средна густина
2.52±0.07 g/cm3[а 4]
0.82±0.02 m/s2
0.083±0.002 g[а 5]
4.364±0.01 km/s[а 5]
25.9±0.5 hr[11]
Албедо 0.96++0.09
0.04
[8]
Површинска темп. min mean max
(approx) 30 K 42.5 K 55 K
Спектрален тип
B−V=0,78, V−R=0,45[12]
18,7[13]
1.17+0.06
0.11
[а 6]
40 милиарксек[15]

Ерида (џуџеста планета 136199 Eris) — најмасивната и втора по големина џуџеста планета[а 7] во Сончевиот систем. Станува збор за деветото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.[а 7] Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км.[8] Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина.[16] Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.[10][17]

Ерида била откриена во 2005 година од страна на екипата во Паломарската опсерваторија, под водство на Мајк Браун, и нејзиното откривање било потврдено подоцна истата година. Станува збор за заднептунско тело со големо занесување познати како припадници на расеаниот диск. Има една позната месечина, Дисномија. Од 2014 година е на растојание од 96,4 АЕ од Сонцето,[13] приближно околу три пати подалеку од Плутон. Со исклучокот на некои комети, Ерида и Дисномија се моментално вторите најдалечно познати природни тела во Сончевиот систем (по откривањето на V774104 во ноември 2015 година, тело на растојание од 103 АЕ.[18]).[19][а 8]

Бидејќи Ерида одпрвин изгледала поголема од Плутон, НАСА првично ја опишала како десеттата планета во Сончевиот систем. Ова, како и шансите за откривање на други тела со слична големина, предизвикале Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) за првпат да го дефинира поимот планета. Па така според дефиницијата на МАС донесена на 24 август 2006 година, Ерида е „џуџеста планета“, заедно со телата како што се Плутон, Церера, Хаумеја и Макемаке,[22] со што се намалил бројот на 8 познати планети во Сонечвиот систем, истиот број пред откривањето на Плутон во 1930 година. Набљудувањата на ѕвездените окултации на Ерида во 2010 година дале резултат дека пречникот изнесува 2326±12 km, сличен на Плутон.[23][24] Откако вселенското летало Нови Хоризонти го измери пречникот на Плутон во јули 2015 година и истиот изнесувал 2372±4 km. па се утврдило дека Ерида има малку помал пречник од Плутон.[25]

Историја[уреди | уреди извор]

Откривање[уреди | уреди извор]

Анимација на која е прикажано движењето на Ерида на снимките кои се употребени за нејзиното откривање. Местоположбата на Ерида е прикажана со стрелка. Трите слики се снимени во период од три часа.

Ерида е откриена од странна на екипата на Мајкл Браун, Чед Трухилјо и Дејвид Рабиновиц[2] на 5 јануари 2005 година, од сликите снимени на 21 октомври 2003 година. Откривањето било потврдено на 29 јули 2005 година, во истиот ден кога е потврдено откривањето наМакемаке и два дена подоцна од откривањето на Хаумеја,[26] делумно поради случувањата кои подоцна прераснале во скандал поврзан со Хаумеја. Потрагата од страна на екипата систематски се одвивала неколку години како потрага по големи заднептунски тела во Сончевиот систем и биле вклучени во откривањето и на други поголеми заднептунци, како што се 50000 Квавар, 90482 Орк и 90377 Седна.

Постојаните набљудувања на екипата биле собрани на 21 октомври 2003 година, користејќи го Шмидовиот телескоп „Семјуел Ошин“ во Паломарската опсерваторија во Калифорнија, но снимката на Ерида не била откриена во тој момент поради нејзиното бавно движење преку небесниот свод: автоматскиот пребарувач на слики на екипата ги отфрлал сите тела кои се движеле со брзина помала од 1,5 арксекунди на час за да го намалат бројот на лажни резултати . Кога била откриена Седна, таа се движела со брзина од 1,75 арксекунди на час, и поради тоа екипата ги препроверила нивните стари податоци со помала граница на аголното движење, пребарувајќи низ претходно отфрлените слики. Во јануари 2005 година, тие го забележале спорото движење на Ерида меѓу позадинските ѕвезди.

Последователни набљудувања биле извршени за да се направи првична проценка на орбитата на Ерида, што овозможило да се процени растојанието до телото. Екипата планирала да го одложи потврдувањето на своите откритија на Ерида и Макемаке се додека додека не биле извршени понатамошни набљудувања и пресметки, но го потврдиле постоењето на двете тела на 29 јули, кога било објавено откритието на уште едон големо заднептунско тело следено од нивна страна, односно Хаумеја, тело за кое бил поврзан скандал поради откривањето од друга екипа на 27 јули во Шпанија.[2]

Повеќето набљудувања објавени во октомври 2005 година покажале дека Ерида има месечина подоцна наречена Дисномија. Набљудувањата на орбитата на Дисномија им овозможила на научниците да ја определат масата на Ерида, чија вредност во 2007 изнесувала 1.66±0.02×1022 kg,[10] 27±2 % поголема од таа на Плутон.

Име[уреди | уреди извор]

Атинска слика од Ерида, ц. 550 пне

Ерида е именувана според Ерида старогрчката божица на раздорот и кавгите.[27] Името било доделено на 13 септември 2006 година по невообичаено долгиот период во кој телото било познато под привремената ознака 2003 UB313, која била доделена веднаш од страна на МАС според нивните протоколи за именување на мали планети. Придавката од Ерида е Еридски.

Зина[уреди | уреди извор]

Поради несигурнста дали новооткриеното тело ќе биде класифицирано како планета или мала планета, поради различните процедури за именување на овие различни видови на тела,[28] одлуката за именување на телото морала да почека одлуката на МАС на 24 август 2006 година.[29] Како резултат, во еден период телото било понато меѓу пошироката јавност како Зина.

„Зина“ било неформално име користено само меѓу екипата која го открила телото. Инспирација за името бил главниот карактер од телевизиската серија Зина: Принцезата воин. Екипата која го открила телото според изјавата на Браун го чувала надимакот „Зина“ за првото тело кое ќе биде откриено од нивна страна и ќе биде поголемо од Плутон. Според Браун,

Го избравме името бидејќи започнуваше на буквата X (планета „X“), звучи митолошки (да, станува збор за ТВ митологија, но Плутон е именуван според лик од цртан филм, така?),[а 9] и (овој дел е всушност вистина) работевме да има повеќе женски божества (пример Седна). Исто така, во тој период, ТВ серијата сеуште одела на телевизија, што покажува колку долго ние сме биле во потрага![31]

„Ние претпоставивме [дека] вистинско име ќе дојде набрзо, [но] но процесот подзапре“, Мајк Браун во едно интервју изјавил,

Ми се јави еден новинар од New York Times кој излезе дека е пријател на еден мој колега од колеџот, [и] јас бев послободен со него отколку кога станува збор за редовниот печат. Тој ме праша, „Кое е името кое го предложивте Вие момци?“ и јас му одговорив, „Па, јас нема да ви одговорам.“ Па тој рече, „Добро, како Вие момци ја нарекувате кога ја спомнувате разговарајќи меѓусебно?“... Колку што јас се сеќавам ова беше единствениот пат кога на некој од печатот и тогаш се рашири насекаде, што на некаков начин предизвика да се чуствувам лошо—како јас да го сакам името.[32]

Избирањето на официјалното име[уреди | уреди извор]

Артистички приказ на џуџестата планета Ерида. Овој уметнички приказ е заснован на набљудувањата направени од ЕВА опсерваторија Ла Сила.[33]

Според авторот на научни книги Говерт Шилинг, Браун првично сакал да го именува телото „Лила“, според индиската митологија која го опишувал космосот како исход од играта играна Брама. Името било многу слично со „Лиал“, името на новородената ќерка на Браун. Браун имал на ум да не го изнесува името во јавност се додека не било официјално прифатено. Тој истото го стори и со Седна една година подоцна, и поради тоа беше под остра критика. Сепак, немаше противење на името Седна, постоело само нарушување на протоколот, и немало други конкурентски имиња предложени за Седна.[34]

Тој ја навел адресата на неговата сопствена мрежна страница објавувајќи го откритето како /~mbrown/planetlila и по хаосот кој следел околу спорот околу откривањето на Хаумеја, заборавил да го смени. Наместо да разлути поголем број на колеги астрономи, тој едноставно изјавил дека мрежната страница била именувана според неговата ќерка и го отфрлил името „Лила“.[35]

Браун исто така шпекулирал дека Персефона, сопругата на богот Плутон, ќе биде добро име за ланетата.[2] Името било употребено неколкупати употребено во научната фантастика,[36] и било добро прифатено од јавноста, победувајќи на анкета спроведена од списанието New Scientist („Зина“, и покрај тоа што било само надимак, било на четврто место).[37] Ова не било можно откако телото било класифицирано како џуџеста планета, бидејќи веќе постои астероид со тоа име, 399 Персефона.[2]

Со разрешувањето на спорот, екипата која го спровела откритието го избрала името Ерида на 6 септември 2006 година. На 13 септември 2006 година ова име било официјално прифатено од страна на МАС.[38][39] Браун одлучил бидејќи телото за подолг период се сметало за планета, заслушувало име од старогрчката или римската митологија, како и останатите планети. Астероидите веќе во поголем дел ги имале завземено старогрчко-римските имиња. Ерида, која Браун ја опишал како негова омилена божица, за среќа не била употребена.[32] Името на еден начин го опишува раздорот во астрономската заедница предизвикан од дебатата околу природата на телото и Плутон.

Класификација[уреди | уреди извор]

Распределба на заднептунски тела

Ерида е заднептунска џуџеста планета (плутоид).[40] Нејзините орбитални карактеристики специфично ја категоризираат како објект од расеаниот диск или пак заднептунски објект кој бил „исфрлен“ од Кајперовиот појас во подалечни и необични орбити следејќи ги гравитациони заемнодејства на Нептун додека се создавал Сончевиот систем. Иако орбиталната накосеност на Ерида е невообичаена за објектите од расеаниот диск, теоретските модели укажуваат на тоа дека телата кои првично биле до внатрешниот раб на Кајперовиот појас биле расеани во орбити со големи накосувања отколку телата во надворешниот појас.[41] Телата од внатрешниот појас се очекува да бидат помасивни од телата во надворешниот појас, па така астрономите очекуваат да пронајдат повеќе тела со големина како онаа на Ерида во орбити со голема закосеност.

Бидејќи Ерида првично била сметана за поголема планета од Плутон, беше опишана како „десетата планета“ од страна на НАСА и медиумите.[42] Како резултат на несигурноста на нејзиниот статус, и поради долгата дебата за тоа дали Плутон треба да се смета за планета, МАС определи група на астрономи да осмисли прецизна дефиниција на поимот планета за да се разреши ова прашање. Оваа одлука беше објавена од страна од МАС како дефиниција за планета во Сончевиот систем која била усвоена на 24 август 2006 година. Во овој период и Ерида и Плутон биле класифицирани како џуџести планети, поим кој е поразличен од дефиницијата на планета.[43] Браун одтогаш изјавил дека ја одобрува оваа класификација.[44] МАС последователно ја додала Ерида на својот каталог на мали планети, означувајќи ја како (136199) Ерида.[29]

Орбита[уреди | уреди извор]

Орбитата на Ерида (сино) споредено со орбитата на Сатурн, Уран, Нептун, и Плутон (бело/сино). Лаковите под рамнината се нацртани со потемни бои, а црвената точка е Сонцето. Дијаграмот на лево е поглед одозгора, додека пак дијаграммите на десно се различни погледи од рамнината.
Растојанието на Ерида и Плутон од Сонцето во следните 1.000 години.

Ерида има орбитален период од 558 години.[13] Нејзината максимална можна далечина од Сонцето (апхелион) е 97.65 АЕ (астрономски единици), додека пак нејзината најблиска далечина од сонцето (перихелион) е 37.91 АЕ.[13] Ерида го достигнала перихелионот помеѓу 1698[5] и 1699[45] година, апхелионот во 1977[45] година и ќе се врати во перихелион во 2256[45] до 2258 година.[11] Во моментот, Ерида и нејзината месечина претставуваат најдалечни објекти во Соларниот систем, по V774104[18] и со исклучок на кометите со долги периоди и вселенски сонди.[2][46] Приближно 40 познати заднептунски објекти имаат поголема просечна орбитална далечина од оската од 67,7 АЕ на Ерида, од кои најзначајни се 2006 SQ372, 2000 OO67 и Седна.[4]

Орбитата на Ерида е високо занесена и ја приближува планетата до 37,9 АЕ од Сонцето, што претставува типичен перихел на расеани објекти. Орбитата навлегува во онаа на Плутон, но не доаѓа до директен судир со Нептун (29,8-30,4 АЕ). Плутон пак, како и другите плутини, следи помалку накосена и занесена орбита, заштитена од орбиталната резонанса, може да премине преку орбитата на Нептун. Можно е Ерида е во резонантен однос со Нептун, кој изнесува 17:5, но за да се потврди ова потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди оваа хипотеза.[47] За разлика од осумте планети чии орбити се главно на истата рамнина со рамнината на Земјата, орбитата на Ерида е многу закосена: навалена е на агол од 44 степени на еклиптиката. За околу 800 години, Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон (погледајте го графикот надесно).

Ерида моментално има привидна светлинска величина од 18,7, што ја прави доволно светла за да биде забележана со некои аматерски телескопи. Користејќи телескоп со отвор 200 mm на кој е монтирана CCD-камера може да се забележи Ерида, доколку условите се поволни.[а 10] Причината поради која не била забележана порано е големата накосеност на нејзината орбита, повеќето потраги за поголеми тела надвор од Сончевиот систем се претежно сконцентрирани на еклиптичката рамнина, каде што се наоѓаат и повеќето тела.

Поради големата закосеност на својата орбита, Ерида минува низ неколку соѕвездија од традиционалниот зодијак, моментално е во соѕвездието Кит. Во периодот од 1876 до 1929 била во соѕвездието Вајар, а во периодот од 1840 до 1875 била во соѕвездието Феникс. Во 2036 во соѕвездието Риби и ќе остане во ова соѕвездие сè до 2065 кога ќе биде во соѕвездието Овен.[45] Ќе навлезе во северното небо минувајќи преку соѕвездието Персеј во 2128 година и во соѕвездието Жирафа (каде што ќе ја достигне својата најсеверна деклинација) во 2173 година.

Најпознати заднептунци во Сончевиот систем денес
Тела од Сончевиот систем V774104 Ерида 2007 OR10 Седна 2014 FC69 2006 QH181 2012 VP113 2013 FY27 2010 GB174 2000 CR105
Растојание
од Сонцето
(АЕ)
Моментално ~103 96,3 87,4 85,8 84,1 83,3 83,3 80,2 70,6 60,4
Перхелиј  ? 37,9 33,0 76,1 40,2 38,3 80,5 35,5 48,5 44,2
Апхелиј  ? 97,7 100,7 ~936 106,9 96,7 ~446 83,7 ~673 ~416
Величина (vmag) 24? 18,7 21,4 21,0 23,8 23,5 23,4 22,2 25,2 24,1
Моменталните растојанија од Сонцето е скоро двапати поголемо од Нептуновата полуголема оска[48]


Големина, маса и густина[уреди | уреди извор]

Проценки за големината
Година Полупречник Извор
2005 1.199 (2.397) km[49] Хабл
2007 1.300 (2.600) km[50] Спицер
2011 1.163 (2.326) km[8] Окултација

Во 2005, пречникот на Ерида преку мерење изнесувал 2397±100 km, употребуавјќи слики од телескопот Хабл.[49][51] Големината на едно тело е определена од неговата апсолутна величина (Н) и албедото (количеството на светлина кое се одбива од телото). На растојание од 97 АЕ, тело со пречник од 3000 км би имал аголна големина од 40 милиарксекунди[15], кое може да се измери со Хабл. Иако определувањето на големината на толку мали тела е на самата граница на способностите[а 11] на телескопот, сложените техники за обработка на слики како деконвулација, може да се употребат за мерење на аголни големини со доста голема прецизност. [а 12]

Ова значи дека Ерида би требало да има приближно иста големина со Плутон кој има пречник од околу 2372 км. Ова посочува дека албедото од 0,96, е повисоко од било кое големо тело во Сончевиот Систем со исклучок на Енцелад.[8] Се шпекулира дека високото албедо е поради возобновувањето на површинските мразови, процес кој зависи од температурните разлики, кои настануваат заради екцентричната орбита на Ерида кога е поблиску или подалеку од Сонцето.[53]

Во 2007, извршена е низа на набљудувања на најголемите заднептунски објекти со вселенскиот телескоп Спицер, дале проценка за пречникот на Ерида, чија вредност била проценета на 2600 +400/-200 км[50], проценките на Спицер и Хабл се преклопуваат во опсегот од 2400 до 2500 км, односно 4-8% поголем пречник од оној на Плутон. Астрономите се сомневаат дека оската на ротација на Ерида е насочена кон Сонцето, при што нејзината полусфера би била потопла од просечната вредност и би им дала повисоки вредности на инфрацрвените мерења.[9] Па така исходот од окултацијата во 2010 во Чиле е во согласност со резултатот добиен од набљудувањата на Хабл во 2005 година.[9]

Во ноември 2010 год, Ерида била предмет на една од најдалечните ѕвездени окултации набљудувана од Земјата.[9] Првичните податоци добиени од овој настан предизвикале сомнеж во веродостојноста на претходните проценки за нејзината големина.[9] Екипите кои работеле ги објавиле конечните резултати добиени од набљудувањето од окултацијата во октомври 2011, со проценет пречник од 2326±6 км.[8] Масата на Ерида може да се пресмета со многу поголема прецизност. Според моментално прифатениот период на Дисномија од 15,774 дена[10][54] Ерида е 27% помасивна од Плутон. Ако се користат резултатите од окултацијата во 2011, тогаш Ерида има густина од 2,52±0,07 g/cm3,[а 4] значително погуста од Плутон, што мора да значи дека е составена од карпести материјали.[8]

Моделите на внатрешно загревање преку радиоактивен распад наведуваат дека е можно Ерида да има внатрешен океан со течна вода на границата помеѓу јадрото и обвивката. [55]

Во јули 2015, по изминати десет години, период во кој Ерида се сметала за деветото најголемо тело во орбита околу Сонцето, при премин со сликите од близина снимени од мисијата „Нови Хоризонти“ беа обезбедени попрецизни информации за определување на зафатнината на Плутон, при што се проценило дека неговата зафатнина е всушност поголема од зафатнината на Ерида.[56]

Површина и атмосфера[уреди | уреди извор]

Инфрацрвениот спектар на Ерида спореден со тој на Плутон ги покажува означените сличности помеѓу двете тела. Стрелките ги прикажуваат абсорпционите линии на метанот.

Екипата за откривање со својата работа се надоврзала на првичното препознавање на Ерида преку спектроскопски набљудувања направени со 8 метарскиот телескоп Џемини Норт на Хаваи на 25 јануари 2005. Преку инфрацрвените зраци оддадени од телото кое се набљудувало, било откриено присуството на метански мраз, укажувајќи на сличности со површината на Плутон и месечината на Нептун, Тритон.[57]. Поради недостиг на инструмент со кој би можело да се добијат детални снимки од површината на Ерида, таа сеуште е мистерија.

Поради нејзината екцентрична орбта, нејзината површинска температура се проценува дека варира помеѓу 30 и 56 К (-243,2 и -217,2 степени целзиусови).[2]

За разлика од црвеникавата боја на Плутон и Тритон, Ерида е скоро целосно бела.[2] Црвеникавата боја на Плутон се должи на присуството на толини на нејзината површина, каде што е затемнета површината па пониското албедо предизвикува појава на повисоки температури и испарување на наслагите на метан. За разлика, Ерида е доволно далку од Сонцето така што метанот може да кондензира на нејзината површина дури и на места каде што албедото е ниско. Рамномерната кондензација на метанот на површината ги намалува разликите на албедото и би ги покрила наслагите на црвени толини.[58]

Иако Ерида може да биде и три пати подалеку од Сонцето од Плутон, таа се приближува доволно блиску за мразот на површината да започне да сублимира. Бидејќи метанот е високо реактивен, неговото присуство ни покажува дека Ерида отсекогаш била во далечните краишта на Сончевиот систем каде што е доволно ладно за метанскиот мраз да може да опстои, или пак дека има внатрешен извор на метан за да го замени гасот кој излегува од атмосферата. За разлика од заднептунското тело, Хаумеја, каде што има пристуство на воден мраз но не и на метан.[59]

Месечина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дисномија (месечина).

Во 2005, со помош на прилагодливата оптика на Кековиот телескоп екипа на астрономи извршила набљудувања на четирите најсветли заднептунски објекти (Плутон, Макемаке, Хаумеја и Ерида), користејќи го новиот ѕвезден ласерски водич со систем на прилагодлива оптика.[60] Сликите снимени на 10 септември покажале дека во орбитата околу Ерида, постои месечина. Бидејќи веќе надимакот „Зина“ бил во употреба за Ерида, екипата на Браун и дала надимак „Габриела“, десната рака на Зина, принцезата воин0 телевизиката серија. Кога Ерида го добила своето официјално име од МАС,Дисномија, по старогрчка божица на конфликтот која била ќерка на Ерида. Браун вели дека го одбрал името поради сличноста со името на неговата сопруга Дијана. Името го задржало првичното бледо сеќавање за старото име на Ерида, Зина.[61]

Истражување[уреди | уреди извор]

Пресметано е дека прелетувачката мисија до Ерида би траела 24,66 користејќи ја гравитација на Јупитер, при што поволни датуми на лансирање би биле на 3 април 2032 и 7 април 2044.[62]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Сончев систем

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Images were taken on October 21, 2003; the object was not detected and identified until 2005.
  2. [6]Двата начини на изговор се користат, од кои првичниот е буквалниот изговор на името, но Браун и неговите студенти го користеле вториот изговор.[7]
  3. 3,0 3,1 Пресметана од средниот полупречник
  4. 4,0 4,1 Пресметана со делење на наведените маси со наведените зафатнини
  5. 5,0 5,1 Пресметана од познати параметри
  6. Пресметана од наведените пречници (D) и албедо (p) користејќи [14]
  7. 7,0 7,1 Ерида е помасивна од Плутон иако Плутон има поголем пречник. Таа е 16-ото најмасивно тело во Сончевиот систем, бидејќи седум месечини се помасивни од било која џуџеста планета.
  8. Од 2015 година, Седна е на растојание од Сонцето 85,9 АЕ,[20] додека пак Ерида е на растојание од Сонцето од 96,3 АЕ.[13] Eрида е сеуште блиску до својот афел од 1977 година (најдалечното растојание од Сонцето), додека пак Седна се приближува до својот перихел во 2076 година (најблиското растојание од Сонцето).[21] Седна ќе биде најодалечената моментално позната сферна мала планета во 2114 година.[21]
  9. Браун се шегува. Вистинината е дека Плутон ликот на студиото „Дизни“ кој бил именуван според новооткриената „планета“, но сепак Венеција Берни, која го дала името на Плутон, морала цел живот да се соочува со обвиненија дека планетата ја крстила според името на едно куче од цртан филм.[30]
  10. За пример можете да погледате аматерска снимка на Ерида тука Fred Bruenjes' Astronomy
  11. Разделната моќ на високоразделниот канал на напредната камера за набљудувања е 40 marcsec (милиарксекунди)и големината на еден пиксел е ~25 marcsec т.е. ~1875 km на растојанието на кое е Ерида.
  12. Наводот за директното мерење на HST не треба погрешно да наведува на размислување дека овој метод е 'директен' и моделски независен како да речеме на пример мерењето на големината на Нептун. Едноставно, методот се состои од одредување на статистички најдобриот фит за заматената слика со големина помала од два пиксели, споедувајќи ја со заматените слики на позадинските ѕвезди, користејќи даден сметачки модел за оптика (функција на ширење на точките). Нетехнички опис на методот е даден на страна, детален опис на овој пристап и неговите ограничувања е подетално дискутиран во трудот Квавар[52]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Staff (1 мај 2007). „Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets“. IAU: Minor Planet Center. http://www.minorplanetcenter.org/iau/lists/NumberedMPs.html. конс. 5 мај 2007 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Brown, Mike (2006). „The discovery of 2003 UB313 Eris, the largest known dwarf planet“. http://www.gps.caltech.edu/~mbrown/planetlila/. конс. 3 мај 2007 г. 
  3. 3,0 3,1 „JPL Small-Body Database Browser: 136199 Eris (2003 UB313)“. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=Eris. конс. 23 ноември 2014 г. 
  4. 4,0 4,1 „List Of Centaurs and Scattered-Disk Objects“. Minor Planet Center. http://www.minorplanetcenter.org/iau/lists/Centaurs.html. конс. 10 септември 2008 г. 
  5. 5,0 5,1 Buie, Marc (6 ноември 2007). „Orbit Fit and Astrometric record for 136199“. Deep Ecliptic Survey. http://www.boulder.swri.edu/~buie/kbo/astrom/136199.html. конс. 8 декември 2007 г. 
  6. „Define Eris“. Dictionary.com. Random House. http://dictionary.reference.com/browse/eris. конс. 4 октомври 2012 г. 
  7. „Julia Sweeney and Michael E. Brown“. Hammer Conversations: KCET podcast. 2007. архивирано од оригиналот на 6 октомври 2008. https://web.archive.org/web/20081006182705/http://www.pluggd.tv/audio/channels/kcet_podcast__hammer_conversations/episodes/2h10l. конс. 1 октомври 2008 г. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Sicardy, B.; Ortiz, J. L.; Assafin, M.; Jehin, E.; Maury, A.; Lellouch, E.; Gil-Hutton, R.; Braga-Ribas, F.; и др. (2011 г). Size, density, albedo and atmosphere limit of dwarf planet Eris from a stellar occultation. „European Planetary Science Congress Abstracts“ том  6: 137. Bibcode2011epsc.conf..137S. http://meetingorganizer.copernicus.org/EPSC-DPS2011/EPSC-DPS2011-137-8.pdf. конс. 14 септември 2011 г. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Beatty, Kelly (ноември 2010). „Former 'tenth planet' may be smaller than Pluto“. NewScientist.com. Sky and Telescope. http://www.newscientist.com/article/dn19697-former-tenth-planet-may-be-smaller-than-pluto.html. конс. 17 октомври 2011 г. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Brown, Michael E.; Schaller, Emily L. (15 јуни 2007 г). The Mass of Dwarf Planet Eris. „Science“ том  316 (5831): 1585. doi:10.1126/science.1139415. PMID 17569855. Bibcode2007Sci...316.1585B. http://hubblesite.org/pubinfo/pdf/2007/24/pdf.pdf. 
  11. 11,0 11,1 Johnston, Wm. Robert (20 септември 2014). „(136199) Eris and Dysnomia“. Johnston's Archive. http://www.johnstonsarchive.net/astro/astmoons/am-136199.html. конс. 27 септември 2015 г. 
  12. Snodgrass, C.; Carry, B.; Dumas, C.; Hainaut, O. (февруари 2010 г). Characterisation of candidate members of (136108) Haumea's family. „Astronomy and Astrophysics“ том  511: A72. doi:10.1051/0004-6361/200913031. Bibcode2010A&A...511A..72S. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 „AstDys (136199) Eris Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. http://hamilton.dm.unipi.it/astdys/index.php?pc=1.1.3.0&n=Eris. конс. 23 ноември 2014 г. 
  14. Conversion of absolute magnitude to diameter for minor planets
  15. 15,0 15,1 Bertoldi, F.; Altenhoff, W.; Weiss, A.; Menten, K. M.; Thum, C. (2 февруари 2006 г). The trans-Neptunian object UB313 is larger than Pluto. „Nature“ том  439 (7076): 563–564. doi:10.1038/nature04494. PMID 16452973. Bibcode2006Natur.439..563B. 
  16. „How Big Is Pluto? New Horizons Settles Decades-Long Debate“. www.nasa.gov. 2015. http://www.nasa.gov/feature/how-big-is-pluto-new-horizons-settles-decades-long-debate. конс. 14 јули 2015 г. 
  17. „Dwarf Planet Outweighs Pluto“. space.com. 2007. http://www.space.com/scienceastronomy/070614_eris_mass.html. конс. 14 јуни 2007 г. 
  18. 18,0 18,1 Hand, E. (10 ноември 2015). „Astronomers spot most distant object in the solar system, could point to other rogue planets“. American Association for the Advancement of Science. http://news.sciencemag.org/space/2015/11/astronomers-spot-most-distant-object-solar-system-could-point-other-rogue-planets. 
  19. „AstDyS“. http://hamilton.dm.unipi.it/astdys/index.php?pc=3.2.1&pc0=3.2&sb=8&ldfs=57.0. 
  20. „AstDys (90377) Sedna Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. http://hamilton.dm.unipi.it/astdys/index.php?pc=1.1.3.0&n=Sedna. конс. 23 ноември 2014 г. 
  21. 21,0 21,1 JPL Horizons On-Line Ephemeris System (18 јули 2010). „Horizons Output for Sedna 2076/2114“. http://home.surewest.net/kheider/astro/Sedna2076.txt. конс. 18 јули 2010 г.  Horizons
  22. IAU (16 август 2006). "The IAU draft definition of "planet" and "plutons"". Соопштение за печат.  конс. 16 август 2006 г
  23. Brown, Mike (2010). „The shadowy hand of Eris“. Mike Brown's Planets. http://www.mikebrownsplanets.com/2010/11/shadowy-hand-of-eris.html. конс. 7 ноември 2010 г. 
  24. Brown, Mike (22 ноември 2010). „How big is Pluto, anyway?“. Mike Brown's Planets. http://www.mikebrownsplanets.com/2010/11/how-big-is-pluto-anyway.html. конс. 23 ноември 2010 г.  (Franck Marchis on 2010-11-08)
  25. „How Big Is Pluto? New Horizons Settles Decades-Long Debate“. NASA. 2015. http://www.nasa.gov/feature/how-big-is-pluto-new-horizons-settles-decades-long-debate/. конс. 13 јули 2015 г. 
  26. Thomas H. Maugh II and John Johnson Jr.. „His Stellar Discovery Is Eclipsed“, „Los Angeles Times“, 16 октомври 2005 (конс. 14 јули 2008 г).
  27. Blue, Jennifer (14 септември 2006). „2003 UB 313 named Eris“. USGS Astrogeology Research Program. http://astrogeology.usgs.gov/HotTopics/index.php?/archives/211-2003-UB313-named-Eris.html. конс. 3 јануари 2007 г. 
  28. „International Astronomical Association homepage“. архивирано од оригиналот на 30 септември 2007. https://web.archive.org/web/20070930155414/http://www.iau.org/IAU/FAQ/2003_UB313.html/. конс. 5 јануари 2007 г. 
  29. 29,0 29,1 Green, Daniel W. E. (13 септември 2006 г). (134340) Pluto, (136199) Eris, and (136199) Eris I (Dysnomia). „IAU Circular“ том  8747. http://www.cbat.eps.harvard.edu/iauc/08700/08747.html. конс. 12 јануари 2012 г. 
  30. The girl who named a planet“, „BBC News“, 13 јануари 2006 (конс. 21 јуни 2007 г).
  31. „Xena and Gabrielle“ (PDF). Status. јануари 2006. http://www.aas.org/cswa/status/Status_Jan06.pdf. конс. 3 мај 2007 г. 
  32. 32,0 32,1 Brown, Mike (2007). „Lowell Lectures in Astronomy“. WGBH. http://forum.wgbh.org/content/forum/3710-2007_04_11.mp3. конс. 13 јули 2008 г. 
  33. Faraway Eris is Pluto's Twin“, 26 октомври 2011 (конс. 28 октомври 2011 г).
  34. „Mpc 52733“. Minor Planet Center. 2004. http://www.minorplanetcenter.org/iau/ECS/MPCArchive/2004/MPC_20040928.pdf. конс. 30 август 2010 г. 
  35. Schilling, Govert (2008). The Hunt For Planet X. Springer. стр. 214. ISBN 978-0-387-77804-4. 
  36. „Planet X Marks the Spot“ (PDF). TechRepublic. 2006. http://www.sunflower-astronomy.com/KCKCC_Docs/NewsArticles/Geek_Trivia_Planet_X_marks_the_spot.pdf. конс. 13 јули 2008 г. 
  37. O'Neill, Sean (2005). „Your top 10 names for the tenth planet“. NewScientist. http://www.newscientist.com/article.ns?id=dn7811. конс. 28 јуни 2008 г. 
  38. „The Discovery of Eris, the Largest Known Dwarf Planet“. California Institute of Technology, Department of Geological Sciences. http://www.gps.caltech.edu/~mbrown/planetlila/. конс. 5 јануари 2007 г. 
  39. „IAU0605: IAU Names Dwarf Planet Eris“. International Astronomical Union News. 14 септември 2006. http://www.iau.org/iau0605_Eris.409.0.html. конс. 5 јануари 2007 г. 
  40. „Pluto Now Called a Plutoid“. Space.com. 11 јуни 2008. http://www.space.com/scienceastronomy/080611-plutoid-planets.html. конс. 11 јуни 2008 г. 
  41. Gomes R. S., Gallardo T., Fernández J. A., Brunini A. (2005 г). On the origin of the High-Perihelion Scattered Disk: the role of the Kozai mechanism and mean motion resonances. „Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy“ том  91 (1–2): 109–129. doi:10.1007/s10569-004-4623-y. Bibcode2005CeMDA..91..109G. 
  42. „NASA-Funded Scientists Discover Tenth Planet“. Jet Propulsion Laboratory. 2005. http://www.jpl.nasa.gov/news/news.cfm?release=2005-126. конс. 3 мај 2007 г. 
  43. IAU 2006 General Assembly: Resolutions 5 and 6“, IAU, 24 август 2006.
  44. Robert Roy Britt (2006). „Pluto Demoted: No Longer a Planet in Highly Controversial Definition“. space.com. http://space.com/scienceastronomy/060824_planet_definition.html. конс. 3 мај 2007 г. 
  45. 45,0 45,1 45,2 45,3 Yeomans, Donald K.. „Horizons Online Ephemeris System“. California Institute of Technology, Jet Propulsion Laboratory. http://ssd.jpl.nasa.gov/horizons.cgi?find_body=1&body_group=sb&sstr=Eris. конс. 5 јануари 2007 г. 
  46. Peat, Chris. „Spacecraft escaping the Solar System“. Heavens-Above. http://www.heavens-above.com/SolarEscape.aspx. конс. 25 јануари 2008 г. 
  47. Simulation of Eris (2003 UB313)'s orbit predicting a 17:5 resonance
  48. AstDyS, Objects at least two Neptune distances from Sun
  49. 49,0 49,1 „Hubble Finds 'Tenth Planet' Slightly Larger Than Pluto“. NASA. 11 април 2006. http://www.nasa.gov/mission_pages/hubble/hst_xena_20060410.html. конс. 29 август 2008 г. 
  50. 50,0 50,1 John Stansberry, Will Grundy, Mike Brown, John Spencer, David Trilling, Dale Cruikshank, Jean-Luc Margot (2007). Physical Properties of Kuiper Belt and Centaur Objects: Constraints from Spitzer Space Telescope. „arXiv:astro-ph/0702538 [astro-ph]“. 
  51. „Comment on the recent Hubble Space Telescope size measurement of 2003 UB313 by Brown et al.“. Max Planck Institute. 2006. http://www.astro.uni-bonn.de/~bertoldi/ub313/. конс. 3 мај 2007 г. 
  52. Michael E. Brown and Chadwick A. Trujillo (2004 г). Direct Measurement of the Size of the Large Kuiper Belt Object (50000) Quaoar (PDF). „The Astronomical Journal“ том  127 (7076): 2413–2417. doi:10.1086/382513. Bibcode2004AJ....127.2413B. http://www.gps.caltech.edu/~mbrown/papers/ps/qu.pdf.  Describing in detail the method applied to the recent measure of 2003 UB313.
  53. Michael E. Brown, E.L. Schaller, H.G. Roe, David L. Rabinowitz, Chadwick A. Trujillo (2006 г). Direct measurement of the size of 2003 UB313 from the Hubble Space Telescope (PDF). „The Astronomical Journal“ том  643 (2): L61–L63. doi:10.1086/504843. Bibcode2006ApJ...643L..61B. http://www.gps.caltech.edu/~mbrown/papers/ps/xsize.pdf. 
  54. Brown, Mike (2007). „Dysnomia, the moon of Eris“. CalTech. http://www.gps.caltech.edu/~mbrown/planetlila/moon/index.html. конс. 14 јуни 2007 г. 
  55. Hussmann, Hauke; Sohl, Frank; Spohn, Tilman (ноември 2006 г). Subsurface oceans and deep interiors of medium-sized outer planet satellites and large trans-neptunian objects. „Icarus (journal)“ том  185 (1): 258–273. doi:10.1016/j.icarus.2006.06.005. Bibcode2006Icar..185..258H. http://www.researchgate.net/profile/Tilman_Spohn/publication/225019299_Subsurface_Oceans_and_Deep_Interiors_of_Medium-Sized_Outer_Planet_Satellites_and_Large_Trans-Neptunian_Objects/links/55018a3a0cf24cee39f7b952.pdf. 
  56. NBC News (13 јули 2015). „New Horizons Probe Finds Out Pluto's Bigger (and Icier) Than We Thought“. http://www.nbcnews.com/science/space/new-horizons-probe-finds-out-plutos-bigger-icier-we-thought-n391321. конс. 13 јули 2015 г. 
  57. „Gemini Observatory Shows That "10th Planet" Has a Pluto-Like Surface“. Gemini Observatory. 2005. http://www.gemini.edu/index.php?option=content&task=view&id=142. конс. 3 мај 2007 г. 
  58. Michael E. Brown, Chadwick A. Trujillo, David L. Rabinowitz (2005 г). Discovery of a Planetary-sized Object in the Scattered Kuiper Belt. „The Astrophysical Journal“ том  635 (1): L97–L100. doi:10.1086/499336. Bibcode2005ApJ...635L..97B. 
  59. J. Licandro, W. M. Grundy, N. Pinilla-Alonso, P. Leisy (2006 г). Visible spectroscopy of 2003 UB313: evidence for N2 ice on the surface of the largest TNO. „Astronomy and Astrophysics“ том  458 (1): L5–L8. doi:10.1051/0004-6361:20066028. Bibcode2006A&A...458L...5L. http://www.aanda.org/articles/aa/pdf/2006/40/aa6028-06.pdf. 
  60. Brown, M. E.; Van Dam, M. A.; Bouchez, A. H.; Le Mignant, D.; Campbell, R. D.; Chin, J. C. Y.; Conrad, A.; Hartman, S. K.; и др.. Satellites of the Largest Kuiper Belt Objects (PDF). „The Astrophysical Journal“ том  639 (1): L43–L46. doi:10.1086/501524. Bibcode2006ApJ...639L..43B. http://web.gps.caltech.edu/~mbrown/papers/ps/gab.pdf. конс. 19 октомври 2011 г. 
  61. Tytell, David (2006). „All Hail Eris and Dysnomia“. Sky and Telescope. 
  62. McGranaghan, R.; Sagan, B.; Dove, G.; Tullos, A.; Lyne, J. E.; Emery, J. P. (2011 г). A Survey of Mission Opportunities to Trans-Neptunian Objects. „Journal of the British Interplanetary Society“ том  64: 296–303. Bibcode2011JBIS...64..296M. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Џуџести планети