Дамоклоид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кометовидната орбита на дамоклоидот 1999 XS35.

Дамоклоиди — класа мали планети кои имаат орбити со големо занесување типични за комети како Халеевата, но без кома или опашка. Класата е наречена по првото откриено тело од овој вид, астероидот 5335 Дамокле. Според англискиот астроном Дејвид Џуит, дамоклоидот е тело со Тисеранов параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку (TJ ≤ 2),[1] додека пак според јапонскиот астроном Акимаса Накамура, групата треба да го задоволи орбиталниот критериум:[2]

  • q < 5,2 ае, a > 8,0 ае, and e > 0,75,
  • или пак i > 90°

Меѓутоа, втората дефиниција која не се осврнува на Јупитер ги изоставува објектите како (127546) 2002 XU93, 2003 WG166 и 2004 DA62.[3]

Користејќи го Тисерановиот параметар во однос на Јупитер од 2 или помалку, денес се познати 155 потенцијални дамоклоиди.[4] Од нив, 122 имаат орбитални лаци поголеми од 30 дена под услов на умерена орбита.[5][1] Имаат просечен полупречник од 8 км претполагајќи албедо од 0,04. Измерени се албедата на четири дамоклоиди, и утврдено е дека тие се меѓу најтемните објекти во Сончевиот систем. Дамоклоидите имаат црвеникава боја, но не толку црвена како многу објекти од Кајперовиот појас или кентаурите. Други членови на дамоклоидната класа се 2013 BL76, 2012 DR30, 2008 KV42, (65407) 2002 RP120 и 20461 Диореца.

Повратните објекти како Халеевата комета и дамоклоидот (343158) 2009 HC82 достигнуваат брзини (релативни на Земјата) од 81 км/с (290.000 км/ч).[6]

Потекло[уреди | уреди извор]

Се семта дека дамоклоидите се всушност јадра на комети од халеевски вид кои го потрошиле сиот испарлив материјал испуштајќи гасови и со тоа станале „заспани“. Ваквите комети веројатно настануваат во Ортовиот Облак. Постојат низа објекти сметани за дамоклоиди (добиле привремени ознаки), кои потоа покажале кома и така биле препознаени како комети. Такви се C/2001 OG108 (LONEOS), C/2002 CE10 (LINEAR), C/2002 VQ94 (LINEAR), C/2004 HV60 (Спејсвоч) и др. Друг показател за нивното кометно потекло е фактот што некои дамоклоиди имаат повратни орбити, за разлика од останатите мали планети (астероиди).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 David Jewitt (август 2013). „The DAMOCLOIDS“. UCLA, Department of Earth and Space Sciences. http://www2.ess.ucla.edu/~jewitt/damocloid.html. посет. 14 февруари 2014 г.  (список од 2013, 2011 и 2010 г.)
  2. Akimasa Nakamura and bas (2 мај 2009). „List of Damocloids (Oort cloud asteroids)“. Lowell Observatory. ftp://ftp.lowell.edu/pub/bas/damocloid. посет. 15 февруари 2017 г. 
  3. Jewitt, David. A first look at the Damocloids. „The Astronomical Journal“ том  129 (1): 530–538. doi:10.1086/426328. Bibcode2005AJ....129..530J. http://www2.ess.ucla.edu/~jewitt/papers/DAMO/Jewitt.damo.pdf. посет. 13 февруари 2011 г. 
  4. „JPL Small-Body Database Search Engine: asteroids and T-Jupiter <= 2“. JPL Solar System Dynamics. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb_query.cgi?obj_group=all;obj_kind=ast;obj_numbered=all;OBJ_field=0;ORB_field=0;c1_group=ORB;c1_item=Bw;c1_op=%3C%3D;c1_value=2;table_format=HTML;max_rows=100;format_option=comp;c_fields=AcBhBgBjBiBnBsCkCqAiBw;.cgifields=format_option;.cgifields=obj_kind;.cgifields=obj_group;.cgifields=obj_numbered;.cgifields=ast_orbit_class;.cgifields=table_format;.cgifields=com_orbit_class&query=1&c_sort=BwA. посет. 20 февруари 2017 г.  Search parameters used: Limited by object type/group: Asteroids and T-Jupiter <= 2
  5. „JPL Small-Body Database Search Engine: asteroids and T-Jupiter <= 2 and data-arc span > 30 (d)“. JPL Solar System Dynamics. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb_query.cgi?obj_group=all;obj_kind=ast;obj_numbered=all;OBJ_field=0;ORB_field=0;combine_mode=AND;c1_group=ORB;c1_item=Bw;c1_op=%3C%3D;c1_value=2;c2_group=ORB;c2_item=Ck;c2_op=%3E;c2_value=30;table_format=HTML;max_rows=100;format_option=comp;c_fields=AcBhBgBjBiBnBsCkCqAiBw;.cgifields=format_option;.cgifields=obj_kind;.cgifields=obj_group;.cgifields=obj_numbered;.cgifields=combine_mode;.cgifields=ast_orbit_class;.cgifields=table_format;.cgifields=com_orbit_class&query=1&c_sort=BwA. посет. 7 ноември 2017 г. 
  6. „NEO Close-Approaches (Between 1900 and 2200)“. NASA/JPL Near-Earth Object Program. http://neo.jpl.nasa.gov/cgi-bin/neo_ca?type=NEO&hmax=all&sort=v_rel&sdir=DESC&tlim=all&dmax=0.5AU&max_rows=50&action=Display+Table&show=1. посет. 22 јуни 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]