Халеева Комета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Халеевата Комета

Халеева Комета (службена ознака 1p/Halley) — најпознатата комета во историјата на човештвото. Наречена е така според својот откривач астрономот Едмунд Халеј. Кометата спаѓа во групата на сјајни комети на краток период. Оваа комета се гледа на секои 75-76 години кога последен пат беше видена во 1986 година, а следен пат ќе се види во 2061 година.

Градба[уреди | уреди извор]

Јадрото на Халеевата Комета е со големина 16х8х8 км. На површината на кометата можат да се препознаат возвишувања, долини и кратери. Голем број податоци за структурата на кометата во 1986 година дала сондата на Џото, која се приближила до кометата на растојание од 600 километри и го фотографирала нејзиното јадро. Јадрото на кометата е изградено од карпи, мраз и непознат материјал. На површината на кометата се наоѓа дебела, темна кора со непознат хемиски состав.

Халеевата Комета како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Халеевата Комета се јавува како вдахновение или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.