Метеороид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Метеороид е честичка од меѓупланетарен материјал од времето на создавањето на Сончевиот систем, различнa по состав и потекло. Голем број од тие честици во Сончевиот систем се со пречник од десетина (па и стотина) километри до микрочестици (кои носат име микрометеориди).

Кога метеоридот ќе биде привлечен од гравитацијата на Земјата кога поминува низ атмосферата се загрева и во случај да нема доволно голема маса таа согорува оставајќи светол зрак. Таа појава ја нарекуваме метеор. Во случај метеороидот да го “преживее” патот низ атмосферата и падне на Земјата го нарекуваме метеорит. Микрометеоритите, благодарение на нивните ситни димензии, не согоруваат во атмосферата, туку полека паѓаат и се таложат на Земјата во вид на прашина. Зборот метеор потекнува од грчкиот збор “meteoros” (што значи појава во воздухот).

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]