Перихел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето.

Перихел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најблиску до својот орбитален фокус.

Според Првиот Кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот систем имаат приближно[а] елиптични орбити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објектот околу кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплесканоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Поимот „перихел“ потекнува од старогрчките зборови περί (пери), со значење „блиску“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.

Основни формули[уреди | уреди извор]

Радиусот на перихелот се пресметува со помош на формулата:

,

каде:

a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Брзината во перихелот се пресметува со формулата:

,

каде:

G — гравитациска константа;
М — Сончева маса;
a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Сончев систем[уреди | уреди извор]

Земја[уреди | уреди извор]

Перихелот на Земјата се случува на растојание од 147.098.291 км од Сонцето, што е на околу 2,5 милиони км помалку од средното растојание до Сонцето. Земјата се наоѓа во перихел на 2-3 јануари, во просек 13 дена по краткоденицата.[2]

Други планети[уреди | уреди извор]

Перихелот и останатите планети во Сончевиот систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]

Прецесија на перихелот[уреди | уреди извор]

Поврзано: Прецесија
Шема на процесија на меркуровата орбита

Параметрите на орбитите на планетите во Сончевиот систем со тек на време претрпуваат бавни измени како последица на заемодејството на планетите. Впрочем, оската на орбитата постепено се ниша (во орбиталната рамнина) на страната на орбиталното движење и со тоа се поместува и перихелот. Ваквата појава се нарекува „прецесија на перихелот“ (видете на анимицијата десно). Перихелот на Меркур се враќа во почетната состојба на секои 260 илјади земјени години, додека истиот период за Јупитер изнесува околу 300 илјади години.[4]

Во средината на 19 век, астрономите откриле дека укажаното поместување на перихелот на Меркур се случува нешто побрзо отколку што е предвидено со Њутновиот закон за гравитацијата. Подоцна, слична аномалија била откриена и во движењето на други небесни тела. Причината за оваа аномалија се објаснува со општата теорија за релативноста, при што од равенството за релативноста произлегува поместувањето коешто фактички се набљудува. Дополнително поместување, т.е. „релативна поправка“, била пресметана и утврдена и за други планети и астероиди.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Астрономија

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Introductory Astronomy: Ellipses“. Washington State University. http://astro.wsu.edu/worthey/astro/html/lec-ellipse.html. 
  2. Датуми на рамноденица, сонцестој, перихел и афел на Земјата во периодот 2000—2020
  3. Solar System Exploration: Planets: Comparison Chart
  4. Субботин М. Ф. Введение в теоретическую астрономию. — М.: Наука, 1968. — С. 65.
  5. Kevin Brown (2012). „Anomalous Precessions“. Reflections on Relativity. http://www.mathpages.com/rr/s6-02/6-02.htm. посет. 14 април 2014 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Богородский А. Ф. Всемирное тяготения. — Киев: Наукова думка, 1971. — 351 с.
  • Роузвер Н. Т. Перигелий Меркурия. От Леверье до Эйнштейна = Mercury's perihelion. From Le Verrier to Einstein. — М.: Мир, 1985. — 244 с.
  • Субботин М. Ф. Введение в теоретическую астрономию. — М.: Наука, 1968. — С. 58—67.