Згасната комета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кометното јадро на Темпел 1 сликана од вселенското летало на НАСА Дип Импакт, не е уште изгасена комета но ни дава претстава за јадрото на кометата.

Згасната кометакомета која го исфрлила поголемиот дел од својот испарлив мраз и има останато многу мал дел за да создаде опашка и кома. Заспана комета е комета на која волатилите и се запечатени под неактивниот површински слој, и не можат да бидат исфрлени.

Поради недостатокот на опашка и кома, згаснатата или заспаната комета може да наликува на астероиди со тоа да се создаде забуна за разликата помеѓу овие две класи на мали тела во Сончевиот систем. Кога волатилите како што се азотот, водата, јаглеродниот диоксид, амонијакот, водородот и метанот во кометното јадро испариле, се што останува е неактивна карпа или пак карпест збир. Кометата може да мине низ премин кога ќе биде блиску до своето згаснување.

Природата на згаснатите комети[уреди | уреди извор]

Згаснатите комети се комети кои го исфрлилр во целост поголемиот дел од нестабилниот мраз и имаат мали количини кои создаваат мала опашка или кома. Со текот на времето, поголемиот дел од испарливиот материјал кој се наоѓа во кометното јадро испарува, и кометата постанува мала, темна, неактивна грутка камен или збир од камења[1] и ќе наликува на астероид.[2]

Распаѓањето на астероидот P/2013 R3 набљудуван од страна на вселенскиот телескоп вселенскиот телескоп Хабл меѓу крајот на октомври 2013 и почетокот на јануари 2014 година.[3]

Другите слични видови на комети се преминливите комети, комети кои се близу да постанат згаснати, како што се оние од Хабловата потрага за преминливи комети.[4] Кометите како што е C/2001 OG108 можно е да е претставникј за комета која преминува од комета од типот на Халеевите во згасната комета (период 20–200години) или доилгопериодични комети (периоди подолги од 200 години).[5] Астероидите од групата на дамоклоиди се изучувани како можни кандидати за згаснати комети поради сличноостите на нивните орбити со орбитите на кометите од семејството на Халеевите комети.[5]

Заспани комети[уреди | уреди извор]

Заспани комети се оние комети кај кпи испарливите материјали можно е да се под неиспарлив слој, однопсно имаат неактивна површина. На пример, 14827 Хипнос можно е да е јадрото на згасната комета која има неактивењн слој од неколку сантиметри и гом оневозможува понатамошното испарување во облик на гасови.[6]

Поимот заспана комета се користи исто така за да се опишат комети кои може да станат активни но немаат активно испарување на гасовите. На пример, 60558 Ехеклеј има кома и сега ја има добиено кометарната ознака 174P/Ехеклеј. По минувањето низ перихелот на почетокот на 2008 година, кентаурот 52872 Окироја значително засјаел.[7]

Разлики меѓу кометите и астероидите[уреди | уреди извор]

Кога биле откриени астероидите тие се сметале за тела различни од кометите се додека, МАС во 2006 година не создаде обединувачки израз за двете тела „мало тело во Сончевиот систем“. Главната разлика меѓу астероидот и кометата е поседувањето на кома поради сублимацијата на мразот од површината поради сончевото зрачење. Неколку тела имаат двоен статус бидејќи првично биле класифицирани како астероиди, за подоцна да покажат и кометарна активност. Обратно, некои (најверојатно сите) комети кога ќе ги исцрпат од својата површина испарливите гасови и ќе наликуваат на астероиди. Дополнителна разлика е то што кометите имаат позанесена орбита од астероидите, повеќето „астероиди“ со значително занесени орбити се најверојатно заспани или згаснати комети. Исто така, се теоретизира дека се чести тела меѓу телата кои орбитираат блиску до Сонцето.[8]

Околу 6% од близуземните астероиди се смета дека се згаснатите јадра на комети кои повеќе немаат испарливи гасови.[6][9][10]

Згаснати комети[уреди | уреди извор]

Дон Кихот (привидна величина 15) близу својот перихел во 2009 година.
Занесувањето (e=0,66) на астероидот налик на комета Хипнос.

Тела за кои се мисли или се смета дека се згаснати комети:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "If comets melt, why do they seem to last for long periods of time?", Scientific American, November 16, 1998
  2. "What is the difference between asteroids and comets?", Rosetta FAQ, ESA
  3. Harrington, James D.; Villard, Ray (6 March 2014). „RELEASE 14-060 NASA's Hubble Telescope Witnesses Asteroid's Mysterious Disintegration“. NASA. конс. 6 March 2014. 
  4. Space Telescope Science Institute, 'Amateur Astronomers Will Use NASA's Hubble Space Telescope', Media Release STScI-1992-23, 10 September 1992, retrieved 18 March 2009.
  5. 5,0 5,1 Abell, Paul A.; Fernández, Yanga R.; Pravec, Petr; French, Linda M.; Farnham, Tony L.; Gaffey, Michael J.; Hardersen, Paul S.; Kušnirák, Peter; и др. (2003 г). Physical Characteristics of Asteroid-like Comet Nucleus C/2001 OG108 (LONEOS). „34th Annual Lunar and Planetary Science Conference“ том  34: 1253. Bibcode2003LPI....34.1253A. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Whitman, Kathryn; Morbidelli, Alessandro; Jedicke, Robert (2006 г). The Size-Frequency Distribution of Dormant Jupiter Family Comets. „Icarus“ том  183: 101. doi:10.1016/j.icarus.2006.02.016. Bibcode2006Icar..183..101W. 
  7. Trigo-Rodríguez, Josep M.; García Melendo, Enrique; García-Hernández, D. Aníbal; Davidsson, Björn J. R.; Sánchez, Albert; Rodríguez, Diego (2008). „A continuous follow-up of Centaurs, and dormant comets: looking for cometary activity“ (PDF). European Planetary Science Congress. конс. 2008-10-12. 
  8. 8,0 8,1 „SOHO's new catch: its first officially periodic comet“. European Space Agency. 25 September 2007. конс. 2007-11-19. 
  9. Morbidelli, Alessandro; Bottke Jr., William F.; Froeschlé, Christiane; Michel, Patrick (јануари 2002 г). W. F. Bottke Jr.. уред. Origin and Evolution of Near-Earth Objects (PDF). „Asteroids III“ (University of Arizona Press): 409–422. http://www.boulder.swri.edu/~bottke/Reprints/Morbidelli-etal_2002_AstIII_NEOs.pdf. 
  10. 10,0 10,1 10,2 Lupishko, Dmitrij F.; di Martino, Mario; Lupishko, T. A. (септември 2000 г). What the physical properties of near-Earth asteroids tell us about sources of their origin?. „Kinematika i Fizika Nebesnykh Tel Supplimen“ том  3 (3): 213–216. Bibcode2000KFNTS...3..213L. 
  11. Jewitt, David; Li, Jing (2010). Activity in Geminid Parent (3200) Phaethon. „arXiv:1009.2710 [astro-ph.EP]“. 
  12. NEW OBJECT MOVES LIKE A COMET BUT LOOKS LIKE AN ASTEROID

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Comets