Јупитеров тројанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Астероидите меѓу внатрешниот Внатрешен систем и Јупитер
      Јупитерови тројанци
      Хилдини астероиди
      Главен астероиден појас
      Планетарни, орбити
ЈУпитеровите тројанци се поделени во две групи: однапред е старогрчкиот логор, а тројанскиот логор е зад Јупитeр следејќи ги во орбитата.

Јупитеров тројанец, вообичаено Тројански астероиди или само Тројанциастероиди кои ја споделуваат орбитата на Јупитер околу Сонцето. Релативно на Јупитер, секој од Тројанците либрира околу еднастабилните Јупитерови лагранжови точки: L4, кои се наоѓаат на 60° пред планетата во нивната орбита, и L5, 60° зад орбитата. Јупитеровите тројанци се распределени во две издолжени, закривени области околу Лагранжовите точки со просечна големата полуоска од околу 5,2 AU.[1]

Првиот Јупитеров тројанец кој е забележан е 588 Ахил, од страна на германскиот астроном Макс Волф во 1906 година.[2] Вкупно забележани се 7.040 Јупитерови тројанци од октомври 2018 .[3] По договор, тие се именувани според старогрчката митологија според учесниците во Тројанската војна, оттука името „Тројанец“. Вкупниот број на Јупитерови тројанци со пречник поголем од 1 km се верува дека изнесува повеќе од 1 милион, прилично подеднакво на бројот на астероиди поголеми од 1 km во Главниот астероиден појас.[1] Како и астероидите во Главниот астероиден појас, Јупитеровите тројанци создаваат семејства.[4]

Јупитеровите тројанци се темни тела со црвеникав, без особености спектар. Не постои цврст доказ за присуство на вода, или пак било какво соединение на нивната површина, но се верува дека тие се обвиени со толини, органски полимери создадени од Сончевото зрачење.[5] Густините на Јупитеровите тројанци (мерени според истражувањето на двојните ѕвезди или вртежните светлински криви) се движат од 0,8 до 2,5 g·cm−3.[4] Јупитеровите тројанци се верува дека се зафатени во орбитите во почетните фази на создавање на Сончевиот систем или малку подоцна, за време на планетарната миграција на џиновските планети.[4]

Поимот „Тројански астероид“, точно се однесувана астероидите во соорбита со Јупитер, но општиот поим „тројанец“ честопати се однесува на малите тела во Сончевиот систем кои се во ист однос со поголемите тела: на пример, постојат и Марсови тројанци и Нептунови тројанци,[6] како и неодамна откриените Земјини тројанци.[7][8] Поимот „Тројански астероид“ вообичаено се однесува на Јупитеровите тројанци бидејќи Тројанците биле првично откриени во Јупитеровата орбита која и ги има најголемиот број на познати Тројанци.[3]

Историја на набљудување[уреди | уреди извор]

Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (1890)—откривачот на првиот тројанец

Во 1772 година, италијанскиот математичар Жозеф-Луј Лагранж, при изучувањето на ограничувачкиот проблем на три тела, предвидел дека мало тело кое споделува орбита со планета и се наоѓа на 60° пред или зад планетата ќе биде заробено бо близина на овие точки.[2] Заробеното тело ќе либрира полека околу точката на рамнотежа во во орбита со облик на полноглавец или потковица.[9] ове водечки и следбенички точки се наречени L4 и L5 Лагранжови точки.[10][Note 1] Првите астероиди заробени во Лагранжовите точки биле набљудувани век подоцна по Лагранжовата хипотеза. Најпрво биле откриени Јупитеровите.[2]

Барнард го извршил првото набљудување на тројанец, (12126) 1999 RM11 (означен како A904 RD во тој период), во 1904 година, но ниту тој и останатите не ја заемале во предвид неговата важност во тој период.[11] Барнард верувал дека го забележал неодамна откриената месечина на Сатурн Феба, која во тој период била само на растојание од две лачни минути, или пак астероид. идентитетот на телото останал непознат се додека не се пресметала неговата орбита 1999 година.[11]

Првото признато откритие на тројанец се случило во февруари 1906 година, кога астрономот Макс Волф при Хајделберг-Конигштулската државна опсерваторија забележал астероид во Лагранжовата точка L4 на системот СонцеЈупитер, кој подоцна е именуван 588 Ахил.[2] Во 1906–1907 биле забележани уште два Јупитерови тројанци од страна на сонародникот Август Копф (624 Хектор и 617 Патроколо).[2] Hektor, like Achilles, belonged to the L4 swarm ("ahead" of the planet in its orbit), whereas Patroclus was the first asteroid known to reside at the L5 Lagrangian point ("behind" the planet).[12] До 1938 година, се забележани 11 Јупитерови тројанци.[13]Овој број се зголемил на 14 до 1961 година.[2] Како што се подобрувале инстѕрументите, бројот на откритија забрзано се зголемувал: со јануари 2000 година, забеклежани се 257 тројанци;[10] во мај 2003 година, бројот се зголемува на 1.600 јупитеорви тројанци.[14] Од октомври 2018 година познати се 4.601 Јупитеров тројанец во L4 и 2.439 во L5.[15]

Именување[уреди | уреди извор]

Обичајот за именување на Јупитеровите астероиди во точките L4 и L5 по познатите херои-борци од Тројанската војна било предложено од Јохан Палиса од Виена, кој бил првиот кој прецизно ги пресметал нивните орбити.[2]

Астероидите во предводничката (L4) орбита се именувани според старогрчките херои („старогрчки логор“ или „Ахилова група“), а оние од следбеничката (L5) орбитасе именувани според Троја („тројански логор“).[2] Астероидите 617 Патроколо и 624 Хектор биле именувани пред да се воведе правилото, што довело до појава на старогрчки шпион во тројанскиот логор и тројански шпион во старогрчкиот логор.[13][16]

Бројност и маса[уреди | уреди извор]

Гравитационска потенцијална контурна шема на која се прикажани Земјините Лагранжови точки; L4 и L5 се над и под планетата, соодветно. Јупитеровите Лагранжови точки се со слични местоположби но во значително поголема орбита.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. The three other points—L1, L2 and L3—are unstable.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Yoshida, F.; Nakamura, T (2005 г). Size distribution of faint L4 Trojan asteroids. „The Astronomical Journal“ том  130 (6): 2900–11. doi:10.1086/497571. Bibcode2005AJ....130.2900Y. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Nicholson, Seth B. (1961 г). The Trojan asteroids. „Astronomical Society of the Pacific Leaflets“ том  8 (381): 239–46. Bibcode1961ASPL....8..239N. 
  3. 3,0 3,1 "Trojan Minor Planets". Minor Planet Center. конс. 14 October 2018. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Jewitt, David C.; Sheppard, Scott; Porco, Carolyn (2004). „Jupiter's Outer Satellites and Trojans“. Bagenal, F.. Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere. Cambridge University Press. 
  5. Dotto, E; Fornasier, S; Barucci, M.A; Licandr o, J; Boehnhardt, H; Hainaut, O; Marzari, F; De Bergh, C; и др.. The surface composition of Jupiter Trojans: Visible and near-infrared survey of dynamical families. „Icarus“ том  183 (2): 420–434. doi:10.1016/j.icarus.2006.02.012. Bibcode2006Icar..183..420D. 
  6. Sheppard, S. S.; C. A. Trujillo (28 јули 2006 г). A thick cloud of Neptune Trojans and their colors. „Science“ (New York) том  313 (5786): 511–514. doi:10.1126/science.1127173. OCLC 110021198. PMID 16778021. Bibcode2006Sci...313..511S. http://www.ciw.edu/users/sheppard/pub/Sheppard06NepTroj.pdf. 
  7. NASA's WISE Mission Finds First Trojan Asteroid Sharing Earth's Orbit 27 July 2011
  8. Connors, Martin; Wiegert, Paul; Veillet, Christian (28 јули 2011 г). Earth's Trojan asteroid. „Nature“ том  475 (7357): 481–483. doi:10.1038/nature10233. PMID 21796207. Bibcode2011Natur.475..481C. 
  9. 9,0 9,1 Marzari, F.; Scholl, H.; Murray C.; Lagerkvist C. (2002). „Origin and Evolution of Trojan Asteroids“. Asteroids III. Tucson, Arizona: University of Arizona Press. стр. 725–38. 
  10. 10,0 10,1 Jewitt, David C.; Trujillo, Chadwick A.; Luu, Jane X. (2000 г). Population and size distribution of small Jovian Trojan asteroids. „The Astronomical Journal“ том  120 (2): 1140–7. doi:10.1086/301453. Bibcode2000AJ....120.1140J. 
  11. 11,0 11,1 Brian G. Marsden (1 October 1999). "The Earliest Observation of a Trojan". Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics (CfA). конс. 20 January 2009. 
  12. Einarsson, Sturla (1913 г). The Minor Planets of the Trojan Group. „Publications of the Astronomical Society of the Pacific“ том  25 (148): 131–3. doi:10.1086/122216. Bibcode1913PASP...25..131E. 
  13. 13,0 13,1 Wyse, A.B. (1938 г). The Trojan group. „Astronomical Society of the Pacific Leaflets“ том  3 (114): 113–19. Bibcode1938ASPL....3..113W. 
  14. Fernandes, Yanga R.; Sheppard, Scott S.; Jewitt, David C. (2003 г). The albedo distribution of Jovian Trojan asteroids. „The Astronomical Journal“ том  126 (3): 1563–1574. doi:10.1086/377015. Bibcode2003AJ....126.1563F. 
  15. "List of Jupiter trojans". Minor Planet Center. конс. 14 October 2018. 
  16. "Trojan Asteroids". Cosmos. Swinburne University of Technology. конс. 13 June 2017. 

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Nakamura2008“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Barucci2002“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Levison2007“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Marchis2006“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Fernandes2009“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Lacerda2007“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Robutal2005“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Надворешни врски[уреди | уреди извор]