Прејди на содржината

Астероид од типот S

Од Википедија — слободната енциклопедија
433 Ерос — пример за астероид од типот S.

Астероиди од типот Sастероид од спектрален тип кој се одликува со силициум-диоксиден (каменест) минералошки состав. Околу 17 % од астероидите се од овој тип, што ги прави втори по застапеност по јаглеродните (тип C).

Особености

[уреди | уреди извор]

Ваквите астероиди обично имаат албедо од 0,20[1] и се умерено сјајни, сочинети претежно од железни и магнезиумски силикати. Преовладуваат во внатрешниот дел на астероидниот појас во рамките на 2,2 ае, а чести во средиштето на појасот до 3 ае, но понатаму стануваат поретки. Најголем е 15 Евномија (широк 330 км), по што следат 3 Јунона, 29 Амфитрита, 532 Херкулина и 7 Ирида. Најголемите од нив се видливи со двоглед 10×50; насјајниот (7 Ирида) понекогаш надминува +7,0 во сјајност, што му дава најголема величина од сите астероиди освен необично отсјајната 4 Веста.

Нивниот спекатар има умерено стрмна косина на бранови должини помали од 0,7 микрометри (μм), со умерени до слаби впивни особини околу 1 и 2 μм. Впивноста од 1 μм го означува присуството на силикати (каменест минерали). Наретко има широка, но плитка впивна особина сосредоточена околу 0,63 μм. Составот на овие астероиди е сличен на низа каменести метеорити кои делат слични спектрални особености.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Класифијација по SMASS

[уреди | уреди извор]

Во класификацијата по SMASS, неколку начелно „каменести“ типови на астероиди се ставаат заедно во поширока група S, опфаќајќи ги следниве типови:

  • Тип A
  • Тип K
  • Тип L
  • Тип Q
  • Тип R
  • „јадрен“ тип S за астероиди со спектри најтипични за групата S
  • Типови Sa, Sk, Sl, Sq и S кои опфаќаат преодни тела меѓу јадрениот тип S и типовите A, K, L, Q и R. Целиот склоп на S-астероиди е спектарски посебен од јаглеродната група C и често металната група X.

Толенова класификација

[уреди | уреди извор]

Во Толеновата класификација, типот S е мошне широка група која ги содржи сите типови од групата по SMASS освен A, Q и R, кои имаат особено изразени „каменести“ впивни особини околу 1 μм.

Каменести астероидни семејства

[уреди | уреди извор]

Поважни каменести астероидни семејства со нивните типични албеда се:[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Asteroid Lightcurve Database (README) – 2. Taxonomic Class, orbital class, and albedo“. LCDB. Архивирано од изворникот на 2021-03-10. Посетено на 16 февруари 2018.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)