Микрометар
Изглед
За мерниот инструмент, видете Микрометар (инструмент).
„Микрон“ води овде. За други истоимени поими, видете Микрон (појаснување).
Микрометар (симб.μм, μm, неофиц. микрон) — мерна единица за должина која изнесува милионити дел од метарот, илјадитина милиметар или илјада нанометри. Користејќи научна нотација микрометарот може да се претстави како 1×10−6 m, што значи 1⁄1000000 m.
Човечко влакно е дебело 100 μm.[1] Црвените крвни зрнца имаат пречник од околу 8 μm.[1]
Микрометарот се употребува за изразување на бранова должина на инфрацрвено зрачење. Називот „микрон“ со симболот μ се застарени (официјални од 1879 до 1967 г. [2]) сè уште се употребува во астрономијата и изработката на полупроводници.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 ДНК од почетокот, Заглавие 6: Гените се вистински нешта., дел „Анимација“, последна слика (англиски)
- ↑ МБМТ - Решение 7 од XIII Генерална конференција (1967/68), „Укинување на претходни одлуки (микрон, нова кандела)“ (англиски)